Забава
На гробот на љубител на BMW ставен мермерен BMW кабриолет
На гробот на фанатикот за автомобили Стив Марш поставен е мермерен автомобил од марката BMW.
На гробот на фанатикот за автомобили Стив Марш поставен е мермерен автомобил од марката BMW.
Кога Марш починал во сон како последица од срцево заболување, неговото семејство одлучило да ја обележи неговата страст кон овој модел на автомобил, со необичен гест.
Огромниот BMW M3 – кабриолет е направен од камен увезен од Далечниот исток и чинел скоро 60.000 долари скоро колку вистинскиот автомобил.
Мермерниот автомобил тежи околу тон и на гробот е спуштен со помош на кран а во самата операција на спуштање, учествувале 20 луѓе.
Дизајнот на автомобилот го осмислиле неговата вдовица Џоан и неговите две деца, и на автомобилот му ставиле таблички со името на покојниот Стив кој бил познат и по прекарот „BMW Стив“.
Надгробниот споменик го одобриле на гробиштата и е откриен на годишнината од смртта на Марш.
Присутните на шега на ретровизорот му оставиле казна за паркирање./крај/дм/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бил Гејтс е загрижен дека ќе ја изгуби работата поради вештачката интелигенција
Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“, неодамна изрази загриженост дека вештачката интелигенција може да ja преземе неговата работа и покрај тоа што е еден од нејзините најголеми поборници.
Во една епизода од неговиот поткаст Unconfuse Me with Bill Gates тој разговараше со извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, каде што ги сподели своите ставови за брзината на напредокот на технологиите за вештачка интелигенција за кои вели дека го изненадиле со нивната ефикасност.
За време на разговорот тие допреа до теми, како што се GPT-5, суперинтелигенција и видеоспособности, кои доаѓаат на ChatGPT.
Гејтс призна дека е скептичен кон вештачката интелигенција и дека не очекува чет-ботови, како ChatGPT, да бидат толку способни да извршуваат сложени задачи.
Еден од најважните моменти на поткастот беше кога Гејтс го изрази својот страв дека вештачката интелигенција може да ги замени луѓето на многу работни места.
Забава
Сандра Булок се кае што глумеше во еден филм: И денес се срамам
Многу ѕвезди ќе издвојат барем една улога за која жалат, а тоа важи и во случајот со Сандра Булок. 59-годишната актерка се појави во многубројни хитови, но во нејзината кариера има еден филм за кој жали. Како што вели, до ден-денес се срами од улогата во филмот „Брзина 2“.
„Отсекогаш ми беше непријатно да се појавам во ‘Брзина 2’. Сè уште ми е непријатно денес. Бев јасна за тоа. Заплетот нема смисла. Бродот полека се движи кон островот“, рече таа.
„Брзина 2“ беше објавен во 1997 година како продолжение на хитот „Брзина“ од 1994 година, во кој таа глуми со Кијану Ривс. Булок се враќа како Ени, која се обидува да ја спаси ситуацијата со своето момче (Џејсон Патрик) откога нивниот брод за крстарење е киднапиран. Ривс не се појави во продолжението.
Забава
Африканка ги открива разликите меѓу Балканот и Америка: „Ова беше забрането во Бостон пред 20 години“
Ѓамила Станиќ (26) е родена во Република Зеленортски Острови во Африка. Со години живеела во Бостон, а потоа поради љубов се преселила во Бања Лука.
Таа е во брак со Србинот Марко и е многу активна на социјалните мрежи каде зборува за своите искуства на Балканот и ги споредува со Западот.
Така таа неодамна објави видео на TikTok и направи разлика помеѓу животот во САД и во нашиот регион.
Таа вели дека трошоците за живот на Балканот се поевтини, дури и со локални плати. Покрај тоа, здравственото осигурување е практично бесплатно, додека во Америка чини многу.
„Луѓето овде се пољубезни, поспонтани и секогаш расположени за кафе. Таму се планираш со месеци однапред“, рече Ѓамила.
Таа ја истакна и разликата во продавниците. Имено, на Балканот клиентите сами си мерат овошје и зеленчук, додека во САД тоа не е случај.
Освен тоа, на Балканот секаде полесно се движи пеш, додека во американските градови неопходен е автомобил.
Во едно од претходните видеа таа спомна дека Балканците почесто излегуваат на кафе, додека Американците повеќе сакаат вечера.
„Овде луѓето имаат подобар социјален живот, поминуваат време со пријателите и семејството, додека во Бостон не е лесно поради зафатениот начин на живот“, вели Ѓамила.
Таа додава дека во повеќето балкански земји може да се пуши во ресторани и кафулиња, додека во САД е дозволено само надвор.
„Во Бостон е забрането од 2004 година“, објасни таа.