Забава
Италијански инвеститор падна од бина во Скопје
Првиот италијански инвеститор, кој се реши да гради фабрика во Македонија, вредна десет милиони евра, доживеа непријатност денеска во Скопје, откако падна од бината при потпишувањето на договорот.
Првиот италијански инвеститор, кој се реши да гради фабрика во Македонија, вредна десет милиони евра, доживеа непријатност денеска во Скопје, откако падна од бината при потпишувањето на договорот.
Незгодата се случи за време на Македонско-италијански бизнис форум во Скопје, на кој присуствуваа македонскиот министерот за економија Фатмир Бесими и италијанскиот заменик-министер за економија, Адолфо Урсо заедно претставници на триесетина италијански и над 90 македонски компании.
Претставникот на италијанската групација ВИТИЛО, Антонио Витило во еден миг го снема од бината, при потпишувањето на Декларација за зајакнување на регионалната соработка во значајни области.
Витило се повлече чекор наназад, најверојатно да направи повеќе простор, но незнаеше дека стои на крајот од бината, која беше висока околу еден метар.
За среќа, италијанскиот бизнисмен мина без повреди и во манир на вистински италијански шармер веднаш се крена на нозе и со насмевка на лицето се врати на бината, каде што потпиша договор за инвестирање во Македонија.
Компанијата, која што ја застапува господинот Витило, наскоро ќе отвори фабрика во Македонија, во која што е предвидено во првите пет години да инвестира најмалку десет милиони евра. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот за прв пат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните Суада, Каја, Подобро пијан отколку стар, Сава тихо тече, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега, во интервју за „Вог“, Дион меѓу другото проговори и за својата болест и рече дека живее „ден по ден“.
Како уметник кој настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека и било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично, или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Vogue“ признала и колку и било тешко откако ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ „Животот не ти дава одговори. Тоа е се што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.