Контакт

Забава

Розовиот фустан на Мерилин Монро продаден за 319 500 долари

Објавено пред

Розовиот фустан, кој Мерилин Монро го носи во филмот “Мажите сакаат блондинки”, беше продаден на аукција во Лондон за 319 500 долари.

dobivaj vesti na viber

Розовиот фустан, кој Мерилин Монро  го носи во филмот “Мажите сакаат блондинки”, беше продаден на аукција во Лондон за 319 500 долари. Фустанот  беше прогласен за “најважниот филмски фустан ставен на тендер”, и е продаден за многу повеќе од очекуваната цена од 250.000 долари. Волшебната торба на Џули Ендрус од “Мери Попинс” ја собра максималната понуда од 97 911 долари. Приложениот пар ракавици со сребрени острици што ги носи Џони Деп во филмот “Едвард раце-ножици”  и јакната на капетан Џек Спароу од „Пиратите од Карибите“ беа продадени за 46 878 долари, додека позлатената чаша од “Индијана Џонс и последниот крстоносен поход” беше продадена за 16 490 долари. Мерилин Монро (родена како Норма Џин Мортенсен на 1 јуни 1926 година) е позната  американска актерка добитничка на  Златен глобус, пејачка, модел и култна поп икона.   Останува позната по својата смисла за хумор и незаборавна филмска појава, нешта што ќе ја направат една од најпознатите актерки во текот на  50те и 60те.. Во подоцнежниот дел од својата кариера, Монро почнува да глуми во посериозни улоги, повторно со многу забележителен успех. Сепак, токму тоа е и периодот во кој доживува низа разочарувања во кариерата и својот приватен живот. Умира во 1962 година од предозирање со апчиња за спиење.     Нејзината смрт се уште не е сосема разјаснета и е причина за голем број на шпекулации и теории на заговор. Во 1999 година, Американскиот филмски институт  ја прогласи Мерилин Монро за шеста најголема филмска ѕвезда во историјата. /крај/бгн/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хороскопски знаци кои носат проблеми: ако им е досадно, подобро држете се настрана од нив

Објавено пред

Хороскопските знаци кои носат проблеми го прават тоа едноставно за забава. Иако понекогаш може да биде смешно, тие често знаат да ги комплицираат ситуациите, но секако, за другите.

dobivaj vesti na viber

Едноставно, постојат хороскопски знаци кои уживаат во правењето неред и хаос, или затоа што им е здодевно и сакаат да се забавуваат или затоа што не можат да се воздржат и кога ќе добијат шанса ќе направат се за да создадат хаос кој често (само) за нив е многу забавно.

Хороскопски знаци кои носат проблеми

Водолија
Ако на овој знак му е здодевно, сè ќе претвори во хаос само поради возбудата. Ова е личност која може да учествува во нешто или едноставно да ужива во моментот да гледа како сето тоа се распаѓа. Тие едноставно се возбудени од екстремно необични ситуации. Ќе викнат „оган“ во толпа само за да видат колку сите ќе бидат вознемирени. Тогаш ќе тврдат дека им е природно право да имаат слобода на говор.

Шкорпија
Претставниците на овој знак сакаат да предизвикуваат хаос и неволји. И не само што го сака хаосот, тој сака и вие да го знаете тоа. Тоа е нешто што треба да го очекувате од него. Тие се многу интелигентни и полни со љубов, но во исто време се и најголемите манипулатори на светот. А сето тоа можат да го постигнат со лаги, заведување, ветувања за богатство и многу повеќе. Ова е особено изразено кога се во прашање романтичните врски.

Лав
Лавовите се вжештени и прават што сакаат, кога сакаат, без разлика на последиците. Ова значи проблеми во пракса. Тие се главоглави и егоисти и само сакаат да ги прават работите на свој начин. Во светот на фантазијата ова би било добро, но во реалниот живот не секој може да го добие она што го сака. Сепак, хаосот што Лавовите го создаваат предизвикува конфузија, повредени чувства, несигурност и цел куп други работи. Тие ќе направат хаос кај сите за да предизвикаат силни емоции.

Близнаци
Близнаците сакаат да прават работи само за да видат што се случува. Не ги интересира како понатаму ќе се развива ситуацијата. Она што ги возбудува е колку во тој момент може да се предизвика метеж и лудило. Хаосот прави претставниците на овој знак да се чувствуваат живи. Близнаците не ги интересира што ќе ги стават своите односи на тест за неколку секунди и ќе предизвикаат хаос. Тие немаат поим што прават, но навистина не им е грижа и често го нарекуваат ова чувство живеење во моментот.

Прикажи повеќе...

Hitech

Во Кина побарувачката за мобилни телефони на „Епл“ значително се намали, продажбата на „Хуавеј“ скокна за 70 отсто

Објавено пред

Испораките на мобилни телефони на „Епл“ во Кина паднаа 19 отсто во првиот квартал, што ја одразува заканата за доминантната позиција на американскиот гигант во повисокиот сегмент по враќањето на „Хуавеј“ на пазарот, покажуваат податоците на пазарот. Уделот на „Епл“ на најголемиот пазар на паметни телефони во светот падна на 15,7 отсто во првиот квартал, од 19,7 отсто на почетокот на 2023 година. Ова го доведе американскиот гигант речиси на исто ниво со „Хуавеј“, чија продажба скокна 70 отсто, според истражувачката компанија Counterpoint.

dobivaj vesti na viber

„Виво“ ја презеде круната на „Епл“ како најголем продавач на паметни телефони во Кина. Американската компанија падна на третото место, зад „Хонор“, бренд на подостапни уреди. На четврто место е „Хуавеј“, чиј пазарен удел скокна од минатогодишните девет на 15,5 отсто.

„Враќањето на „Хуавеј“ на пазарот директно влијаеше на „Епл“ во премиум-сегментот. Треба да се додаде дека побарувачката за нови мобилни телефони на „Епл“ за замена на постарите модели беше малку придушена во споредба со претходните години“, рече аналитичарот на Counterpoint, Иван Лам, во соопштението за печатот.

Во меѓувреме, „Епл“ почна промотивни кампањи обидувајќи се да ги привлече потрошувачите со попусти, вклучувајќи субвенционирање одредени модели на „Ајфон“ до 1.300 јуани (168,29 евра).

Минатата недела „Хуавеј“ ѝ ја претстави на јавноста новата серија смартфони Pura 70. Во август минатата година, по долга пауза, ја лансираа серијата Mate 60, која некои аналитичари ја протолкуваа како триумф над американските санкции, врз основа на софистицирано домашно производство на чип.

Канадската истражувачка компанија TechInsights очекува Кинезите да купат повеќе од 50 милиони мобилни телефони оваа година, вклучително и 10 милиони од Huawei Pura 70. Тоа ќе го стави „Хуавеј“ на прво место, со пазарен удел од 19 отсто, што е повеќе од 12 отсто минатата година.

Во првиот квартал кинескиот пазар на паметни телефони порасна 1,5 отсто продолжувајќи го позитивниот тренд од крајот на 2023 година, според Counterpoint.

Прикажи повеќе...

Забава

Прво огласување по долга пауза: Кејт Мидлтон објави фотографија на посебен ден

Објавено пред

Кејт Мидлтон на „Инстаграм“ објави фотографија од својот најмал син, принцот Луис, по повод неговиот шести роденден.

dobivaj vesti na viber

„Среќен шести роденден, принцу Луис. Ви благодариме на сите за убавите желби“, пишува под фотографијата.

Ова е прво јавно огласување на војвотката од Велс по долго време. Фотографијата на младиот принц ја направила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според „Скај њуз“, фотографијата е направена во последните неколку дена во Виндзор и се верува дека не е монтирана.

Медиумите пишуваат дека Вилијам и Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време ја штитат нивната приватност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија3 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија4 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија5 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет6 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија6 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет6 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија6 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет7 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија20 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија21 час

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија22 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија23 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...