Забава
Најскапата книга на светот ќе се продава на аукција
Ретката книга на најпознатиот американски цртач на птици, Џон Џејмс Аудбон, која е прогласена за најскапа книга на светот, ќе биде понудена на аукција во декември годинава заедно со првите изданија на шекспировите драми.
Ретката книга на најпознатиот американски цртач на птици, Џон Џејмс Аудбон, која е прогласена за најскапа книга на светот, ќе биде понудена на аукција во декември годинава заедно со првите изданија на шекспировите драми.
Книгата „Птици Америка“ може да биде продадена за четири до шест милиони фунти, велат од аукциската куќа Sotheby’s.
Примерокот во кој птиците се во природна големина и се рачно обоени е продадена во 2000 година на компанијата Christie’s за 8.8 милиони долари, со што е поставен рекорд за продажба на печатена книга.
Книгата содржи 1.000 илустрации и приближно 500 видови на птици, а на авторот му биле потребни 12 години за да ја доврши. Аудбон умрел во 1851 година, а трипати е цитиран во Дарвиновите книги.
Аукциската куќа Sotheby’s објави дека наддавањето ќе биде на 7 декември во Лондон, а понудена ќе биде и книгата која се смета за најважна за англиската книжевност, првото издание на Шекспировата драма „First Folio“ од 1623 година. Се очекува оваа книга да се продаде за еден до еден и пол милиони фунти./крај/ртрс/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.