Забава
Деветка за брачна среќа
Деветата секунда, минута, час, ден, како и 99 година е момент кој ќе го паметат 6.000 тајвански парови, бидејќи се венчале и бакнале токму тогаш, верувајќи дека брачната среќа може да им донесе посложена деветка во атомското мерење на времето.
Деветата секунда, минута, час, ден, како и 99 година е момент кој ќе го паметат 6.000 тајвански парови, бидејќи се венчале и бакнале токму тогаш, верувајќи дека брачната среќа може да им донесе посложена деветка во атомското мерење на времето.
Според тајванскиот календар, што започнува со основањето на Република Кина во 1911 година, сега е 99 година. Бројот девет на кинески значи „вечен“.
Ова е првпат градските власти на Тајпеј да организираат масовно венчавање во работен ден, а е трето такво венчавање оваа година. Властите со ваквите венчавки почнале да пред 36 години, со што граѓаните би ги намалиле своите трошоци околу свадбите./крај/ртрс/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата
Серијата „Симпсонови“, која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови, Лери – редовен гостин во Moe’s Tavern, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.
Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откога мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.
Потоа четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.
Иако беше тивок лик, кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во Moe’s Tavern уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.
Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.