Контакт

Забава

Ново тврдење:Титаник потона поради паника на кормиларот

Објавено пред

Потонувањето на бродот Титаник не го предизвикал ударот во ледениот брег, туку кормиларот, кого го фатила паника во моментот кога требало да остане најприбран.

dobivaj vesti na viber

Потонувањето на бродот Титаник не го предизвикал ударот во ледениот брег, туку кормиларот, кого го фатила паника во моментот кога требало да остане најприбран.

Ова се тврдења објавени во најновата книга за Титаник, во која се додава дека екипажот имал сосема доволно време да го избегне ледениот брег, но кормиларот го фатило паника и свртел во погрешна насока. Кога сфатиле дека погрешиле, веќе било доцна. Еден дел од бродот веќе удрил во ледениот брег.

Но дури и тогаш патниците можеле да бидат спасени доколку бродот запрел, но екипажот донел одлука бродот да продолжи со пловидба поради што водата почнала да навлегува низ трупот на бродот.

Новите сознанија за потонувањето на Титаник се објавени 100 години по катастрофата во која животот го загубија преку 1.500 патници. Како што пишува „Дејли Телеграф“, тоа било строго чувана тајна во семејството на вториот офицер на бродот Чарлс Лајтолер, бидејќи не сакале да ја загрозат неговата репутација.

Сепак, внуката Луис Лејди Патен, која инаку е писател, решила да напише книга и во неа да ги открие деталите за тоа што се случувало во моментите на катастрофата.

„Многу лесно можеше да се избегне ледениот брег, да не беше таа грешка“, рече Патен.

Во книгата се наведува дека на Титаник имало два система за управување со различни опции, односно еден систем служел за вртење на целосно десно, а другиот на лево. Кога првиот капетан на бродот Вилијам Мурдох го забележал ледениот брег, побарал да се скршне целосно десно, но интендантот Роберт Хитчинс погрешно разбрал и го свртел бродот во спротивна насока. Иако веднаш му било речено да го исправи бродот и да тргне на спротивна насока, веќе било предоцна. Бродот веќе удрил во ледениот брег.

„Кормиларот паничеше и тоа е вистинската причина зошто Титаник удри во мразот. Сврте во сосем погрешна насока“, рече Патен.

Таа во својата книга под наслов „ Good as Gold“, ја раскажува приказната за средбата на четворицата главни капетани на бродот, што се случила во времето по ударот на бродот.

Наводно, освен погрешното свртување била донесена уште една погрешна одлука, да се продолжи пловидбата, поради што водата побргу почнала да навлегува во внатрешноста на трупот.

„Најблискиот брод беше оддалечен четири часа. Да запреа, веројатно бродот ќе издржеше и луѓето ќе беа спасени“, смета Патен.

Оваа приказна и ја раскажал нејзиниот дедо, кој ја преживеал катастрофата, на својата сопруга. Подоцна, кога пораснала, Лејди таа приказна ја слушнала од својата баба и дури сега решила да ја подели со јавноста.

„Кога мајка ми и баба ми починаа решив да ја напишам оваа книга и да објавам што се случувало тогаш. Искуството на мојот дедо ми се чинеше како одличен материјал за книга“, рече Патен за „Дејли Телеграф“. /крај/дт/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Фотографија од Ристовски и 39 години помладата девојка само во костим за капење, актерот го споредуваат со Џејмс Бонд

Објавено пред

Актерот Лазар Ристовски отпатува на Малдивите со својата 39 години помлада девојка, Аница Лазиќ.

dobivaj vesti na viber

Таа на својот инстаграм-профил објави фотографии од споменатиот остров, но сега сподели и една со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anica Lazic (@anicalazicofficial)

На фотографијата тие двајца излегуваат од кристално чистата вода и се држат за раце уживајќи во љубовта заедно.

„Кога тој води, не прашувам каде“, напиша Аница во описот на објавата.

Под објавата се појавија коментари, а еден особено го привлече вниманието бидејќи актерот го споредуваат со Џејмс Бонд.

„Се викам Ристовски, Лазар Ристовски“, е само еден од коментарите.

Лазар Ристовски не сака многу да зборува во медиумите за врската со помладата девојка.

Прикажи повеќе...

Забава

Дали вашето раскинување е запишано во ѕвездите: хороскопски знаци кои најмногу се разведуваат

Објавено пред

Понекогаш, врската е едноставно осудена на пропаст затоа што не сте компатибилни. Некои други луѓе едноставно се разделени поради животните околности. Но, постои група на луѓе за кои одржувањето стабилна брачна врска е речиси невозможна мисија. Претставниците на овие знаци можат да ја уништат семејната идила, дури и ако партнерот е многу трпелив и многу ги сака. Зошто, открива хороскопот.

dobivaj vesti na viber

Чии брачни проблеми се запишани во ѕвездите?

Стрелец
Леснотијата и флексибилноста на Стрелецот го привлекува спротивниот пол на почетокот на врската, но со текот на времето овие квалитети исчезнуваат и се открива вистинската суштина на претставникот на знакот. Почнуваат да вршат притисок и да бараат премногу. Притоа, тие категорично не прифаќаат критики на нивна сметка. На луѓето од овој знак им е понижувачко да се справуваат со секојдневните моменти, па нема да стојат зад шпоретот или да перат нечии алишта. Стрелецот најпрво може да поднесе барање за развод, но по долго време страда поради оваа одлука. Особено во моментот кога сфаќаат дека никој друг, освен нивниот поранешен партнер, не се согласува да ги трпи.

Близнаци
Близнаците се стремат кон семејство, брак и деца, но не секогаш успеваат да одржат врска. Тоа е затоа што претставниците на знакот се активни луѓе кои постојано се во потрага по нови емоции. Ваквите ентузијастички природи понекогаш го заморуваат партнерот. Покрај тоа, претставниците на знакот секогаш брзаат, што може да биде многу заморно за другата страна. Затоа, ако партнерот Близнаци сака смиреност и рамнотежа, тогаш тешко дека ќе го издржи ритамот на својата друга половина. Ако на личноста од овој знак им се каже се во лице, сигурно ќе се навреди и разочара. Сепак, Близнаците не треба само да ги прекинуваат сите врски, бидејќи таквата приказна ќе се повторува одново и одново, бидејќи поентата не е во партнерите, туку во самите нив. Затоа, разводот нема да им помогне на таквите луѓе, туку работата на себе.

Девица
Девиците секогаш први поднесуваат барање за развод бидејќи им е тешко да се држат до семејните правила долго време. Почнува да им се чини дека се притиснати и лишени од слободата. Како резултат на тоа, врската почнува да им станува напорна и тешка. Ако партнерот се обиде да ја контролира Девицата, овој хороскопски знак ќе избега. Разводот тогаш е неизбежен.

Јарец
Разводите меѓу Јарците се случуваат поради претерана категоричност. Претставниците на овој знак се многу тврдоглави и веруваат дека се попаметни од сите. За нив е неверојатно тешко да прифатат туѓо мислење, дури и ако тоа е мислење на некој близок. Затоа, бракот со Јарците не е лесна задача. Мора или да ги задоволите сите нивни желби, или да бегате од таква врска. Честопати, партнерите Јарец не можат да го издржат емотивниот брзање и си заминуваат. Оставени сами на себе, претставниците на знакот можеби нема да го признаат поразот долго време.

Рак
Вжештените, самоуверени и тврдоглави Ракови ќе сакаат до последен здив, но доколку се навредат, ќе ја опсипат саканата личност со реципрочни тврдења и ќе ги извадат на виделина сите стари грешки. Во жарот на расправија, тие можат да кажат многу непотребни работи, за инает – а всушност, Раковите можеби не го мислат тоа. Во моментот на бес, нивната главна цел е што повеќе да го повредат партнерот. Во исто време, по конфликт, Раковите не се колебаат први да пристапат и да се помират. Припадниците на овој знак знаат да ги признаат своите грешки и да ги поправат. Затоа, патот од брак до развод во нивниот случај може да биде многу долг.

Сепак, таквиот моментум порано или подоцна доведува до разочарување на партнерот – никој не сака да живее на куп експлозиви. Ова го поништува дури и фактот дека во секојдневниот живот со Раковите е многу удобен. Сакаат комфор, готват вкусни вечери и внимаваат сите кошули во куќата да се испеглаат.

Прикажи повеќе...

Забава

„Сè уште ја сакам таа жена“: Бред Пит не може да заборави поранешна девојка, а таа не е ниту Анџелина Џоли ниту Џенифер Анистон

Објавено пред

Бред Пит отсекогаш важел за миленик на жените и за еден од најпосакуваните мажи во светот.

dobivaj vesti na viber

Покрај успешната кариера во Холивуд, Бред Пит можеше да се пофали и со титулата еден од најубавите мажи на светот, а на неговиот шарм не одолеаја многу светски убавици.

Популарниот актер уживаше во романсата со филмските ѕвезди Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, но кога е во прашање неговиот љубовен живот, познатиот актер ја издвојува врската со актерката Џулиет Луис.

Џулиет и Бред уживаа во романса пред повеќе од три децении. Двојката се запознала во 1990 година на снимањето на заедничкиот филм Too Young to Die, а актерката тогаш имала 17 години. Бред Пит е 10 години постар од Џулиет и во времето кога се запознале имал 27 години, а една деценија разлика не ги спречила на прв поглед да сфатат дека се еден за друг.

Актерската двојка се забавуваше три години, а врската ја прекинаа на почетокот на 1993 година. Години подоцна, кога се навраќаа на љубовната врска, атрактивната бринета изјави дека холивудскиот заводник воопшто „не е во нејзиниот универзум“, а Бред Пит во повеќе наврати зборуваше во медиумите за одличното време поминато заедно.

„Сè уште ја сакам таа жена. Таа е вистински гениј. Прекрасно си поминав со неа“, изјави Бред Пит во интервју за „Венити фер“ и додаде:

„Тоа беше една од најдобрите врски во кои некогаш сум бил. Проблемот е што растеме со визија дека љубовта победува сè, а тоа, едноставно, не е така, нели?’

Во 1993 година, кога се запознаа, Бред Пит и Џулиет Луис снимија уште еден заеднички филм – „Калифорнија“.

Во тоа време, додека зборуваше за својата романса со Бред, кој веќе уживаше огромна популарност во Холивуд, Џулиет призна дека Бред ѝ се допаѓал како актер уште пред почетокот на нивната љубовна приказна.

„Се запознавме на снимањето на филмот и почнавме да излегуваме кога заврши снимањето. „Веќе ми се допадна како актер и мора да почитуваш некој што е во истото поле како тебе“, изјави тогаш Луис.

„Ние сме во момент во љубов кога, едноставно, сакаме да се гледаме секој ден и не ни е досадно кога сме еден со друг, па затоа е навистина, навистина убаво. Исто така, можеме да бидеме заедно кога работиме и разговараме за тоа и соработуваме. Сакаме да работиме заедно повторно, и повторно, и повторно“, ја опиша Џулиет својата врска со популарниот актер за „Лос Анџелес тајмс“.

Години подоцна, актерката повторно се присети на врската со колегата и истакна дека се надева оти Бред Пит ќе ја најде среќата во љубовта бидејќи искрено го сака.

„Тој воопшто не е во мојот универзум сега. Ми се чини како да била средношколска врска за мене бидејќи тој сега е толку славна личност. Ја гледам оваа личност со која имам малку заедничка историја. Се надевам дека ќе најде среќа затоа што јас навистина го сакав. Тој е многу лојален, добро момче“, изјави Џулиет Луис за медиумите.

Години подоцна, во 2009 година, актерката истакна дека единствената причина зошто луѓето ја прашуваат нешто за Бред Пит е затоа што тој има култен статус во Холивуд.

„Луѓето ме прашуваат за него само затоа што е толку познат. Ништо не ме прашуваат за мојот поранешен сопруг, иако тоа секако е многу позначајна врска бидејќи сепак бевме во брак“, изјави актерката.

Џулиет Луис беше во брак од 1999 до 2003 година со професионалниот скејтбордер Стив Бур.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 час

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија2 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија4 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ5 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија5 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија5 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија8 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет8 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет8 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија8 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион9 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет9 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет9 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија24 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...