Забава
Се продаваат играчките на „Форбс“
Колекција на играчки во сопственост на познатиот магазин „Форбс“, од оловни војници, кралеви и кралици, до чамци, борбени и прекуокеански бродови, ќе се најдат на аукција во декември.
Колекција на играчки во сопственост на познатиот магазин „Форбс“, од оловни војници, кралеви и кралици, до чамци, борбени и прекуокеански бродови, ќе се најдат на аукција во декември.
Малком Форбс, син на основачот на магазинот, бил страствен колекционер, како и поголемиот број на мултимилиониери. Но, потполно различен од останатите, бидејќи не собирал антиквитети и импресионирачки платна, туку оловни војници, макети од бродови, викторијански артефакти и понекој мотоцикл. Љубовта кон играчките ја „преземал“ од својот татко кога бил во компанијата. Некој мора да го продолжи тоа што Би Си Форбс го започна кога неговите синови биле мали.
Малком се разликувал од другите богаташи по тоа што ви ниеден случај не бил „анонимен купувач“, а цената тајна. Секогаш привлекувам многу внимание кај медиумите и гордо објавувал со какво „добро“ се подновил.
Бидејќи и ова не му било доволно, тој својата збирка од играчки, пред 25 години ја поставил во холот на седиштето на „Форбс“ на њујоршката Петта авенија. Но,четири години по смртта на Малком, во 1990 година, неговото семејство одлучило да ја „прекине традицијата“, и да продаде мал дел од неговата колекција, што им донело близу 400 илјади долари.
Неодамна, Роберт Форбс, потпретседател на компанијата, изјави дека тој и неговите браќа, решиле да продадат се, поточно други да имаат шанса да ги поседуваат. Така собраните играчки кои датираат од период од 70-те години на 19 до 50-те години на 20 век, ќе бидат понудени на аукција на 17 декември во Њујорк. Аукциската куќа „Стоби“ ќе понуди вкупно 7.500 поединечни минијатури, групирани во 250 серии, за кои се очекува заработката да биде од три до пет милиони долари.
Еден од најинтересните предмети кој ќе се најде на оваа аукција е макетата од прекуокеанскиот брод „Лузитанија“, со целата своја посада и патници, долга 95 сантиметри. Покојниот издавач, оваа макета ја купил за 28.600 долари во 1983 година. Се очекува минијатурата за „Лузитанија“ да достигне цена од 10о до 200 илјади долари./крај/ртс/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.