Забава
Паника поради вирус кој би можел да уништи милиони компјутери
Последниве денови на интернет кружат информации дека на 10 октомври2010 година би можел да биде пуштен вирус кој ќе уништи милиони компјутери ширум светот.
Последниве денови на интернет кружат информации дека на 10 октомври2010 година би можел да биде пуштен вирус кој ќе уништи милиони компјутери ширум светот. Недела е ден на “три десетки“, датум кој го разбуди сомневањето кај многу празноверни луѓе дека нешто лошо ќе се случи, а бројни корисници на интернет убедени се дека на тој ден ќе биде пуштен вирус што ќе уништи милиони компјутери. Иако опасноста од компјутерски вируси е секојдневна, стручњаците ги предупредуваат корисниците наредниве денови да бидат попретпазливи од вообичаено. Информацијата за можниот вирус кружи и на популарната друштвена мрежа Фејсбук, каде дури е и направена и група под името “Дали мојот компјутер ќе работи на 10 октомври 2010 во 10.10 часот?“ И додека некои луѓе сметаат дека датумите со три, односно шест исти бројки се баксуз, многумина веруваат дека токму таквите датуми се совршени, пишува Телеграф. Така, во Кина на денот на “трите десетки“ неколку илјади двојки ќе го кажат судбоносното “ДА“, а во Дубаи е дадена дозвола во недела десет мајки да се породат со царски рез. /крај/бл/мв
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот за прв пат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните Суада, Каја, Подобро пијан отколку стар, Сава тихо тече, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега, во интервју за „Вог“, Дион меѓу другото проговори и за својата болест и рече дека живее „ден по ден“.
Како уметник кој настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека и било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично, или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Vogue“ признала и колку и било тешко откако ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ „Животот не ти дава одговори. Тоа е се што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.