Контакт

Забава

Ниту минута молк за починатата девојка

Објавено пред

Започнувањето на втората полуфинална вечер на Евросонг се одвиваше нормално и не се оддаде никаква почит кон девојката која почина за време на првата полуфинална вечер

„Не се оддаде никаква почит, ниту едноминутно молчење…“ беа коментарите од луѓето од публиката. Започнувањето на втората полуфинална вечер за избор на финалисти за Евросонг се одвиваче нормално според планираната програма. Никој не оддаде почит кон девојката која завчера вечер почина во Универзалната сала за време на одржувањето на првата полуфинална вечер. Дваесет и четиригодишната скопјанка Ивана Митровска, на Евросонгот била со друштво за да ја бодрат нивната другарка, пејачката Емилија Гиевска. Но, за жал не го дочека нејзиниот настап. За време на настапот на охридската група Сленг, На Митревска и се слоши. Додека пристигна итната помош – Ивана Митревска почина! Како што дознавме од присутната медицинска екипа, најверојатно од срцев удар. До крајот на првата фестивалска вечер, телото на девојката беше во ходникот на Универзална! Полицијата обезбедуваше да нема пристап до тој дел на ходникот, а публиката и кога замина, полицијата се’ уште вршеше увид.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Венеција ќе им забрани на туристите да седат на земја

Објавено пред

Венеција, градот познат по своите канали, е туристичка Мека последниве години, а бројот на туристи далеку го надмина бројот на населението и предизвикува притисок врз ограничената инфраструктура во градот. Властите во Венеција сега размислуваат да им забраната на луѓето да седат и да лежат на земја како дел од острите мерки против невоспитаните туристи, пренесува „Гардијан“.

Предлогот е на градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, и ќе спроведе забрани со казни од 50 до 500 евра ако забраната се прекрши. Градскиот совет треба да гласа за предлогот во октомври. Властите, исто така, размислуваат да ја забранат музиката на чамци, кои се главно превозно средство за жителите бидејќи сообраќајот на моторни возила е забранет во Венеција.

Бруњаро го направи приоритет управувањето со туристичката индустрија уште од неговиот избор во 2015 година. Тој ги предводеше напорите со мерки кои се движат од парични казни за непослушните туристи до зголемено полициско присуство.

Фрлањето отпад, бесцелното талкање и оскудно облечените туристи веќе можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Во мај, официјални претставници на Венеција го забранија отворањето нови продавници за храна во следните три години во обид да го намалат бројот на туристи што јадат на скалите пред црквите и на историски мостови.

Минатата година градскиот совет на Венеција даде зелено светло за мерките предложени од Бруњаро, вклучувајќи го отворањето пунктови во прометните делови, зголемување на бројот на полицајци, нови мапи со алтернативни туристички рути и промовирање на помалку познатите знаменитости на Венеција.

Прикажи повеќе...

Забава

Во Кина живеат последните пештерски луѓе

Објавено пред

Од

Во тешко пристапниот дел на кинеската провинција Гуичжоу постои пештера во која живее една цела заедница.

На 1800 метри надморска височина се наоѓа селото Зонгдонг, за кое се верува дека е единствената населба (населена цела година) што се наоѓа во внатрешноста на природна пештера.

До неодамна, до селото се доаѓаше само со пешачење, што им отежнуваше на жителите да обезбедат основни прехранбени производи. Селото, исто така, имаше и училиште, кое го посетуваа 186 ученици, но властите го затворија со образложение дека „Кина не е општество на пештерски луѓе”. Од 2002 година, пештерата има електрична енергија, кошаркарски игралишта и се одгледуваат домашни животни, а има и домашни миленици.

Во меѓувреме, локалните жители кои ги нарекуваат последните кинески пештерски луѓе добија пат, а учениците се префрлени во интернат, за да не мора секојдневно да пешачат до најблиското училиште.

Некои луѓе со текот на времето се иселија од пештерата, но таа сè уште е дом на 18 семејства, или околу сто луѓе. Поради туристичкиот потенцијал, оваа година беше најавено дека ќе добијат жичница, која треба да биде бесплатна за локалното население.

Прикажи повеќе...

Hitech

Вештачката интелигенција ќе овозможи комуникација меѓу луѓето и животните

Објавено пред

Од

Фантазијата за комуникација со животни постои одамна, особено од пред 50 години, кога доктор Дулитл првпат се појави во Холивуд. Експертите сега веруваат дека тоа конечно може да стане реалност.

Ова би можело да се постигне со помош на вештачка интелигенција која ќе создаде системи за толкување и преведување. Овие системи ќе ни помогнат да разбереме што  мислат животните за нас.

Меѓу првите животни кои ќе бидат подложени на овој модел на тестирање се китовите, мајмуните и слоновите. Системот треба да собере повеќе од 50 000 часа на аудиоснимки на комуникација што се одвива меѓу китовите, како и звучни снимки од најпопуларните собиралишта на слонови во Конго.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија2 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија2 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија4 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија4 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија4 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија5 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија5 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет6 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија15 часа

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија18 часа

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија19 часа

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија22 часа

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија22 часа

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток1 ден

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ1 ден

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Димитар Апасиев, Тодор Петров Димитар Апасиев, Тодор Петров
Македонија1 ден

(Видео) Апасиев: Да се испита кој ги повикувал уставните судии на разговор и им влијаел на одлуката

Има сознанија дека уставните судии се повикувани на разговор пред денешната седница, вели Димитар Апасиев, еден од подносителите на инцијативата...

Kacarska Кацарска Kacarska Кацарска
Крвав четврток1 ден

Адвокатот на Тарчуловски не сака да суди Кацарска оти била роднина со оштетен

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за крвавиот четврток, даде еден час пауза за претседателот на судот, Иван Џолев,...

Македонија1 ден

Референдум ќе има, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд со 7 гласа „за“ и два „против“ ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на собраниската одлука...

Топ1 ден

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Досие