Контакт

Забава

Документарец за Тони Цетински

Објавено пред

„Благом оном тко те има“ е насловот на документарниот филм кој опишува дел од животот на хрватскиот пејач Тони Цетински, јавуваат хрватските медиуми

Документарниот филм ексклузивно ќе се промовира во недела на РТЛ телевизија. „Благом оном тко те има“ е насловот на филмот, а преземен е од најпопуларната песна која ја отпеа Тони Цетински а беше хит низ целиот Балкан. Неколкуминутниот филм ќе биде пресек на најинтересните и најважните моменти од дваесетгодишната музичка кариера на најпознатиот хрватски поп пејач Цетински,а за тоа зборуваат неговите колеги и блиски пријатели. Во 2008та Тони беше прогласен за пејач на годината во Хрватска во категоријата за поп-рок изведувач на националната хрватска телевизија. Цетински покрај својот најнов албум „Ако то се зове љубав“, моментално е актуелен и неговиот нов сингл со наслов „Од милијун жена“ за кој музиката ја создаде Миро Буљан исто така и аранжманот, а текстот Нено Нинчевич. Во продажба е и ДВД издание „Арена Live 2008“ од незаборавниот концерт кој се одржа на 23 август минатата година и со тој датум го означи почетокот на турнејата наречена „FURIA TOUR“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Виртуелната реалност им помага на постарите луѓе во Јапонија да патуваат низ светот

Објавено пред

Патувајќи од каналите на Венеција до мостот „Голден гејт“ во Сан Франциско, група постари луѓе во Јапонија го шетаат светот без да станат од своите фотелји.

Сето тоа е можно благодарение на виртуелната реалност и на тимот од Универзитетот во Токио предводен од Кента Тошима.

Како терапевт Тошима патувал низ целиот свет и снимал видеа од 360 степени за да им ги покаже на своите постари пациенти. Неговата цел е да им помогне да најдат радост и мотивација во животот користејќи технологија на виртуела реалност. Со помош на неа оние што не се во можност да патуваат, ќе може да ја задоволат својата потреба за патување и откривање нови дестинации.

Прикажи повеќе...

Забава

Делумно затемнување на Месечината

Објавено пред

Делумно затемнување на Месечината ќе може да се набљудува ноќеска во поголемиот дел од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

Доколку дозволат временските услови на љубителите на овој природен феномен им се препорачува да погледнат кон небото и да уживаат во несекојдневната глетка.

Затемнувањето настанува кога природниот сателит влегува во сенката на Земјата и кога Земјата се наоѓа токму помеѓу Месечината и Сонцето.

Месечевите затемнувања се поретки од сончевите, но поради големината на сенката на Земјата, тие секогаш може да се видат на речиси целата полутопка каде што е ноќ.

Затемнувањето на Месечината е безопасно и може да се гледа со голо око, двоглед или помал телескоп.За време на затемнувањето, околу 65 проценти од дискот на Месечината ќе биде затемнет.

Прикажи повеќе...

Екологија

Гигантска медуза забележана на брегот на Англија

Објавено пред

Гигантска медуза била забележана на југозападниот брег на Англија. Станува збор за медуза голема 1,5 метар која нуркачи ја забележале на брегот на Корнвол.

„Никогаш не сум видела толку големa медуза.Видовме неколку помали медузи на прекрасен гребен во близина, а потоа се појави оваа огромна, убава медуза”, вели Лизи Дели, биолог која ја видела медузата во близина на Фалмут.

Според неа, пливањето со медузата било незаборавно искуство. Илјадници од овие суштества, меѓу кои и најголемата медуза, доаѓаат преку Атлантскиот Океан до топлата крајбрежна вода во западниот дел на Велика Британија секоја година и често се појавуваат на плажите во текот на мај и јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Кривичниот суд му порача на Јовески место да ги критикува судиите да си погледне во ,,сопствениот двор”

Скопскиот кривичен суд во соопштение до јавноста, реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител. Љубомир Јовески, дека на судиите,...

Свет1 час

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион2 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет2 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија3 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа4 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија11 час

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија12 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија13 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија14 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион16 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија18 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија19 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија21 час

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија22 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија22 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија23 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија23 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија1 ден

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Досие