Забава
Фил Спектор ќе ја дочека смртта во затвор?
Покрај жените кои сведочеа против него, обвинителството во предвид го зеде и имиџот на Спектор кој го имаше. Сите оние кои соработуваа со него го опишуваат со зборовите, бизарен, кавгаџија и невозможна личност
Музичкиот продуцент Фил Спектор е прогласен за виновен за убиството на актерката Лана Кларксон што се случи во 2003г. Оваа пресуда е конечна, а долга битка се водеше меѓу поротата на првото судење во 2007г, но овојпат поратата беше едногласна и го прогласи за виновен во Врховниот суд во Лос Анџелес. Спектор кој го очекува минимална затворска казна од 15 години, а максимална доживотна прогласен е виновен за убиство од втор степен, што значи без умисла но со намера. Казна ќе му биде изречена на 29 мај, а до тогаш ќе биде во притвор. Неговото судење последниве две години беше топ тема во шоубизнисот во светот, а Спектор и на двете судења се однесувал чудно. Јавноста ја забавуваше појавувајќи се на суд со различни перики и тврдеше дека е невин и дека Кларксон несреќно се самоубила. Неговиот адвокат најавува жалба за пресудата. „Сметам дека денеска не беше задоволена правдата. Им честитам на членовите на поротата затоа што се трудеа да ја завршат својата работа што поискрено и чесно. Но, тие беа затрупани со лажни докази и невистинити искази, а тоа предизвика да неможат да донесат исправна одлука. Сигурен сум дека на мојот клиент не му е донесена пресудата под правни околности“, изјави Вејберг. Музичкиот продуцент соработуваше со многу познати музички ѕвезди како што се Тина Тарнер, Џон Ленон, Џорџ Харисон, Рамонси, а уапсен беше на 3 февруари 2003г., кога неговиот возач Адриано Де Соуза повикал полиција откако во раните утрински часови во фоајето на вилата на Спектор, Алхамбра во Калифорнија пронашол мртво тело. Потоа тврдеше дека Спектор со пиштол во рака му реков „Мислам дека некого убив“. Но одбраната на продуцентот подоцна проба тоа да го исфрли и агласиле дека Де Суоза е бразилски емигрант и дека не разбира добро англиски. Но, ќе се чека конечната пресуда која е закажана за 29 мај, тогаш ќе се одреди колкава ќе биде вредноста на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.