Контакт

Забава

Највисокиот човек во светот

Објавено пред

Дваесет и седумгодишниот кинез,Жао Лијанг со висина од 2,46 метри е највисокиот човек на светот и за 10 сантиметри го надвиши досегашниот рекордер

Лијанг висината со која влезе во најновото издание на Гинисовата книга на рекорди ја измери во болницата во Тајланд, каде дошол на преглед за повредата која ја заработил пред 10 години. Младиот Лијанг бил дел од една кошаркарска екипа, но неговата кариера била прекината поради тешка повреда на стапалото. Родителите на највисокиот човек на планетата имаат нормална висина, па поради тоа научниците не ја знаат причината за големата висина на Жао. Досегашниот рекорд го држеше неговиот сограѓанин Бао Хишуан со 2,36 метри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Според најновата студија, жените спијат подобро покрај куче отколку покрај маж

Објавено пред

Според студијата на д-р Кристи Л. Хофман, професор на одделот за однесување на животните, екологија и конзервација на Канисиус колеџ во Бафало, и нејзиниот тим на научници, жените повеќе ќе се наспијат ако постелата ја делат со куче наместо со својот партнер.

Тие испитувале 962 возрасни жени во САД и откриле дека жените кои спиеле со куче (или кучиња) во просек спиеле подобро од жените кои спиеле со маж. Тие, исто така, открија дека жените кои го делат креветот и со куче и со маж, сметаат дека милениците помалку им го нарушуваат сон, а во исто време им обезбедуваат поголемо чувство на сигурност и удобност, според „Лад библ“.

За споредба, утврдено е дека мачките пречат исто како и луѓето, но не го обезбедуваат истото чувство на сигурност како кучето или човекот. Сепак, мачките можеби се посоодветни за луѓето што се ноќни птици, бидејќи е откриено дека сопствениците на кучиња одат во кревет и стануваат порано од сопствениците на мачки.

Д-р Хофман вели дека се надева дека во иднина ќе проучи каков е ефектот на спиење со куче врз мажите.

Прикажи повеќе...

Забава

Бебето на Меган Маркл доби прекар според местото каде што било зачнато

Објавено пред

Иако деталите за породувањето на Меган Маркл засега остануваат тајна, во Обединетото Кралство владее голема возбуда околу раѓањето на новото кралско бебе. Меган наскоро треба да се породи со своето прво дете, и таа и принцот Хари одлучија јавноста за раѓањето на бебето да биде информирана подоцна и  да не го покажат бебето веднаш по раѓањето, како што направија принцезите Дијана и Кејт Мидлтон.

Кралското бебе веќе доби прекар, и тоа според местото каде што било, наводно, зачнато. Британскиот весник „Дејли мирор” пишува дека персоналот на хотелот Кливенланд хаус, каде што Меган и Хари често престојувале, особено во текот на минатото лето и есен, се шегува дека бебето е зачнато во нивниот хотел и му дадоа прекар Клајв.

Кливенланд хаус е луксузен имот изграден од војводата од Бакингам во 17 век. Меган Маркл била таму ноќта пред свадбата со Хари.

Прикажи повеќе...

Забава

Фановите на Криси Тајген сметаат дека е дебела и треба да вежба

Објавено пред

Поранешниот модел Криси Тајген (33), сопруга на американскиот пејач Џон Леџенд (40), се пресмета со хејтерите на социјалните мрежи, кои ја нарекоа дебела.

„Тајген сака да ги напаѓа луѓето, па сакам да ѝ укажам на нејзините килограми. Мислам дека дебелата треба да оди во сала за вежбање“, пишува нејзиниот следбеник на социјалните мрежи.

Кога ѝ порачаа дека е време да се врати на вежбањето поради, како што рекоа, вишокот килограми по бременоста, таа им одговори на свој начин.

„Воопшто не се оптоварувам со своите килограми, па твојот коментар не ме боли. Најслаба бев кога ја родив Луна, но страдав од постпородилна депресија. Затоа, со задоволство ќе ги прифатам овие килограми и овие чувства“, рече таа. На крајот на март Криси јавно се извини за она што се случува со нејзините килограми.

„Десет килограми сум потешка отколку пред раѓањето на Мајлс. Тој има 11 месеци сега, а јас никогаш не ги изгубив насобраните килограми бидејќи премногу ја сакам храната. Затоа се навикнав дека ова е мојот нов изглед бидејќи имам толку многу килограми веќе долго време“, објасни таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет54 минути

Поглед во внатрешноста на аеродромот во Сингапур – домот на највисокиот водопад во светот

По четиригодишна изградба и огромен медиумски интерес, долгоочекуваниот аеродром ,,скапоцениот камен” Чанги во Сингапур е официјално отворен. Аеродромот се протега...

Избори 20191 час

ДИК: Гласањето помина без проблеми

Државната изборна комисија вечерва излезе со оценка дека денешното гласањето поминало тековно и без проблеми. Ден пред претседателските избори во...

Европа2 часа

Париз: Уапсени 126 лица на протестите на ,,Жолтите елеци”

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се...

Регион2 часа

САД ќе и испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” на Албанија

Соединетите Американски Држави (САД) ќе испорачаат три хеликоптери ,,Блек Хок” во Албанија, со цел да ги зајакнат нивните воени капацитети,...

Регион4 часа

Трговски центар во Сараево евакуиран поради дојава за бомба

Трговски центар во Сараево беше евакуиран попладнево откако во сараевската полиција пристигнала дојава за поставена бомба. Со брза реакција на...

Регион11 час

Во Косово вратени со авион десетици жени и деца на џихадисти од Сирија

Дестици жени и деца, членови на семејствата на косовски џихадисти кои војувале во Сирија, со авион биле вратени во Косово,...

Избори 201911 час

Поради изборите МВР ќе издава лични карти денеска и утре

Министерството за внатрешни работи соопшти дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска и утре. Сите барања за...

Топ11 час

Трактор и три возила се судрија кај Струмица

Сообраќајка помеѓу трактор и три возила се случила синоќа на магистралниот пат Струмица-Граничен премин „Ново Село“, на место викано „Леска“. МВР...

Топ12 часа

Сообраќајна несреќа на улица во Скопје, меѓу повредените и деца

Пет лица со повреди биле пренесени во болница по сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Кемал Сејфула“ во...

Свет12 часа

Брачен пар осуден на доживотен затвор, ги злоставувале нивните деца

Брачен пар од Калифорнија кој ја призна вината за повеќегодишното злоставување на нивните 12 деца, е осуден на доживотна казна...

Европа12 часа

Јункер: Постои страв дека ќе дојде до брегзит без договор

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, побара од Велика Британија да го искористи шестмесечното одложување на брегзит за разработка на...

Свет12 часа

Во Египет референдум за продолжување на мандатот на претседателот

Египѓаните на референдум ќе гласаат за амандманите за продолжување на мандатот на претседателот Абдел Фатах ал Сиси. Одлуката за распишување...

Избори 201913 часа

Денеска гласаат затворениците, раселените и немоќните лица

Денеска затворениците, раселените и немоќните лица гласаат на изборите за претседател и на предвремените локални избори што ќе се одржат...

Свет1 ден

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 20191 ден

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија1 ден

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија1 ден

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија1 ден

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток1 ден

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Досие