Контакт

Забава

Шон Пен конечно се разведува

Објавено пред

По неуспешниот обид за развод во 2007, по цели 13 години поминати во брак, актерот Шон Пен и неговата сопруга Робин решија да се разведат

Овогодишниот оскаровец поднесе барање за развод со кое бара и законско старателство над нивните две деца, 18-годишната ќерка Дилан и 15-годишниот син Хопер. Шон Пен првично покрена бракоразводна постапка уште во декември 2007 година, но неуспешно. По неколку месеци одвоен живот брачната двојка се смири во април минатата година. Во периодот додека не беа заедно, за Шон се говореше дека е во врска со поранешната девојка на Леонардо ди Каприо, Петра Немцова, а за Робин дека е со нејзиното некогашно момче Џејсон Патрик. Гласините за нов прекин се појавија во февруари кога Пен заборави да ја спомене својата сопруга во говорот при добивањето на „Оскарот“. Исто така, минатиот месец се говореше и дека Пен е во романса со актерката Натали Портман, иако негови блиски пријатели го негираа тоа. Пен пред бракот со Робин беше во оженет со поп-кралицата Мадона. Тој брак траеше четири години, а се распадна во 1989 година. На овогодишното доделување на „Оскарите“, Пен беше награден за најдобра машка улога во филмот „Милк“ на Гас Ван Сант, во кој го толкува ликот на борецот за права на хомосексуалците, Харви Милк.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит и Џенифер Анистон меѓу поканетите на роденденската забава кај Ди Каприо

Објавено пред

Гламурозната роденденска забава во елитниот дел од Лос Анџелес собра многу познати лица од светската културна сцена. Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо го прослави 44. роденден во свој стил. Тој приреди голема забава, на која меѓу другите ги покани и своите добри пријатели Бред Пит и Џенифер Анистон.

Странските медиуми го чекаа овој момент повеќе денови, со цел барем накратко да ги забележат реакциите на поранешните брачни другари кога ќе се затекнат на исто место.

Но, за нивна жалост, средбата беше избегната во последен момент. Пит го откажал своето доаѓање поради актерскиот ангажман на кој моментно работи, но Џенифер сепак се појави на забавата. Таа пристигна облечена во тесни фармерки, чизми со целосна петица и црна јакна, подготвена за луда забава долго во ноќта.

Со Ди Каприо, исто така, славеа Гвинет Палтроу, Рита Ора, Кејт Бекинсејл, Алекс Родригез, Џеј-Зи и Бијонсе, Енди Гарсија, Роберт де Ниро и многу други.

Прикажи повеќе...

Забава

Современите родители децата ги хранат со киноа, авокадо и сладок компир

Објавено пред

Децата јадат егзотични храна од рана возраст, се вели во анкетата спроведена меѓу 1.500 родители.

Едно од седум бебиња сака хумус и едно од дваесет – киноа. Другите бебиња уживаат во кускус, а некои дури и во лимон.

Анкетираните родители откриле дека на нивните бебиња им е најмалку омилен прокељот.

73 отсто од родителите признаа дека се збунети и не се сигурни кои продукти да им ги понудат на бебињата во првите месеци на дополнителна исхрана, а 67 отсто наидоа на сосема различни совети за тоа кога треба да започнат со воведување цврста храна.

„Бебињата на милениумците сакаат необични јадења и возбудливи вкусови. Денес, егзотичните производи се повеќе достапни и првата храна за бебињата полека се менува“, вели Дејвид Лаулор, кој го нарача истражувањето.

Просечната возраст на која испитаниците почнуваат да воведуваат цврста храна за бебињата е шест месеци. Додека 55 отсто од родителите им готват посебни оброци на своите бебиња, 30 отсто од нив им нудат сопствен оброк, а 15 отсто им нудат готови кашички.

Според студијата, децата сакаат јогурт, банани, тестенини, сладок компир, варен зеленчук, јаболка, меко сирење, манго, тиква, домати, путер од кикиритки, авокадо, лосос, хумус, кускус, супа од тиква и леќа.

А најмногу мразат прокељ, лимон, печурки, јајца, брокула, грејпфрут, месо и риба.

Прикажи повеќе...

Забава

Еве зошто принцот Чарлс мрази селфи

Објавено пред

Принцот Чарлс никако не сака да се фотографира со фановите со мобилен телефон. Неговите синови со задоволство позираат, но принцот Чарлс не ги обожава мобилните телефони што му се пикаат во лицето додека си ја врши својата службена должност, пренесуваат британските медиуми.

На принцот, кој неодамна наполни 70 години, не му се допаѓаат луѓето што му приоѓаат и му се нудат за фотографирање со него.

Режисерот Џон Бирдкут, кој со години го следи и снима принцот, за потребите на филмот „Чарлс на 70“ открил дека во неколку ситуации го слушнал како им зборува на обожавателите дека избегнува снимање селфи, со што ги одбива нивните молби.

„Го иритираат луѓето што го снимаат со телефон. Сака да се сретне со нив и да ги запознае, но му пречат телефони залепени до лицето“, објаснува Бирдкут.

Некои луѓе не можел да ги спречи и покрај негодувањата, па досега снимил неколку селфија со обожаватели, но и со членови од кралското семејство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија12 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија12 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија14 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија15 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања17 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија17 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток18 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија18 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија19 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток19 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија21 час

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет21 час

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија21 час

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа22 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет22 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија23 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија24 часа

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија24 часа

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија1 ден

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Досие