Забава
Мадона ги загрижи Русите

Од поп кралицата Мадона е побарано да не богохули на нејзиниот претстоен концерт кој треба да се одржи пред најстариот руски музеј. Во агвуст пејачката ќе настапи на плоштадот во Санкт Петерсбург, пред музејот Ермитаж, дом на некои од најубавите музејски експонати во светот
Локацијата ги загрижи главните луѓе на музејот кои стравуваат дека контроверзната ѕвезда ќе предизвика хаос со нејзиниот концерт. Директорот на музејот Михаил Пјотровски го нарече претстојниот настан “природна катастрофа”, инсистирајќи ѕвездата да се заложи да не предизвикува проблеми.“Бараме гаранции дека нема да има проблеми,” вели директорот на музејот кој, според американските таблоиди, лобира кај градските власти пејачката да потпише договор со кој ќе се осигура музиката да не биде прегласна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Јапонските власти трагаат по делфин кој гризнал луѓе

Јапонските власти се обидуваат да откријат делфин за кој се претпоставува дека извршил најмалку шест напади врз луѓе ова лето.
Пред два дена било објавено дека делфин каснал уште двајца капачи за раката, што се верува дека е последен во серијата напади на јапонска плажа.
Според локалните медиуми, еден маж бил пренесен во болница откако бил нападнат од морски цицач.
Јапонските власти веруваат дека станува збор за истиот делфин кој постојано напаѓал луѓе ова лето, јавува Би-Би-Си.
Забава
Угина најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург, ја нападнала лисица

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург угина откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.
„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.
We know so many of you loved Mrs Wolowitz, our oldest penguin ????
Sadly, we lost her last night after a fox broke into our penguin enclosure. Thankfully, the rest of our colony are unharmed and are doing well.
Her massive personality will be missed ???? pic.twitter.com/fGEu0QHzkE
— Edinburgh Zoo (@EdinburghZoo) August 11, 2022
„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа г-ѓа Воловиц, нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. Без сомнение ќе ни недостига харизмата на г-ѓа Воловиц“ – објавија од зоолошката градина во Единбург.
Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.
Забава
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.