Забава
Грција и Србија меѓу најголемите „извозници“ на сида во Европа

Македонските северен и јужен сосед, заедно со Шпанија и Португалија се државите од кои најмногу се шири вирусот ХИВ, покажало испитувањето што го правело меѓународен научен тим, предводен од Димитриос Параскевис, професор на Атинскиот универзитет
Извештајот што го објави BBC, за белградски Блиц го коментирал самиот професор Димитриос Параскевис кој изјавил дека е свесен оти овие податоци создаваат грд имиџ за двете држави, но дека во испитувањето биле споредувани бројките на „извезени“ и „увезени“ случаи на инфицирања и дека тоа не значи дека која и да е држава е извор на заразата.„Медимуите непотребно дигаат узбуна. Рејтингот на државата како „извозник“ на вирусот не значи дека таа е опасна, ниту дека таа има голем број заразени, туку само ги изразува правците на пренесување на вирусот“, рекол Параскевис. Тој додал дека за разлика од Грција, Шпанија и Португалија, кои се познати како многу посетени туристички дестинации, и каде туристите се пренесители на вирусот, во Србија тоа се нејзините граѓани кои го „извезуваат“ патувајќи во други држави.Истражувачкиот тим работел на 1,347 случаи во 17 држави, каде се анлизирало одност на бројката држави во кои вирусот е пренесен и бројката од кои пристигнал. Во случајот на Србија, на пример, врз основа на 44 случаи, било заклучено дека вирусот бил „извезен“ во три држави, Шпанија, Швајцарија и Британија, а „увезен“ од една – Швајцарија.Ова истражување било објавено во научното списание „Ретровирологија“, а со него се следело движењето на вирусот на европскиот континент. Како извозници на ХИВ вирусот, покрај спомнатите четири држави, се забележани и Израел, Норвешка, Холандија, Шведска и Швајцарија, додека Австрија, Белгија, Данска, Германија и Луксебург повеќе се „увозници“.Во правењето на мапата истражувачите го следеле најчестиот тип на Вирусот ХИВ1с од потипот Б. Тие направиле гранка на вирусот, барајќи детални генетски карактеристики кои отркиваат како се развувал вирусот. Како и сега во случајот со вирусот на свинскиот грип од типот A(H1N1), очигледно е дека вирусите патуваат со луѓето. Оттаму, се наметнува потребата сите национални здравствени програми да се занимаваат со превенцијата на сосптвените граѓани но и на туристите и мигрантите, смета Параскевис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Угина најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург, ја нападнала лисица

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург угина откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.
„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.
We know so many of you loved Mrs Wolowitz, our oldest penguin ????
Sadly, we lost her last night after a fox broke into our penguin enclosure. Thankfully, the rest of our colony are unharmed and are doing well.
Her massive personality will be missed ???? pic.twitter.com/fGEu0QHzkE
— Edinburgh Zoo (@EdinburghZoo) August 11, 2022
„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа г-ѓа Воловиц, нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. Без сомнение ќе ни недостига харизмата на г-ѓа Воловиц“ – објавија од зоолошката градина во Единбург.
Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.
Забава
Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.
Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.
По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.
Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.
„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.
Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.
Забава
Почина холивудската актерка Ен Хеч

Ен Хеч (53), популарната актерка која минатиот петок се здоби со тешки изгореници во несреќа во Калифорнија, денеска била исклучена од апаратите, пишуваат светските медиуми.
Веста за смртта на актерката ја објави нејзината пријателка Ненси Дејвис.
BREAKING: Actor Anne Heche is not expected to survive after suffering a brain injury from crashing her car into a Los Angeles home, her family says. https://t.co/EIVB72Nnpo
— NBC News (@NBCNews) August 12, 2022
Актерката предизвика несреќа на 5 август удирајќи со својот автомобил во гаражата на туѓа куќа во Калифорнија, при што настана пожар.
Имаше навестувања дека нејзината состојба се подобрува, но потоа се појави веста дека Ен паднала во кома, а семејството денеска објави дека и престанале мозочните функции, па одлуката да се исклучи од апаратот се одложува поради донирање органи.
Таа беше хоспитализирана во Центарот за изгореници „Гросман“ во болницата Вест Хилс, северно од Лос Анџелес.