Контакт

Забава

Сајко го напушта ОТ бендот

Објавено пред

Поранешниот студент на Операција Триумф, Никола Сариќ, од непознати причини се повлекол од „ОТ бенд“, кој настана од реалното шоу и со кој настапуваше на овогодишниот фестивал „Беовизија“

Сајко одлучи на одредено време да ја запостави музичката кариера, но не сака да ги открие причините за оваа одлука.Младиот пејач покрај причината, не прецизирал и колку точно ќе одмара од музиката.„Моментно имам приватни проблеми, подобро речено обврски, па некое време ќе ме нема во „OT Bend“. Тие обврски не се многу едноставни, па поради тоа нема да прецизирам колку време ќе бидам отсутен“, изјавил Сариќ.Омилениот член на Операција Триумф помеѓу женските фанови истакнал дека неговото повлекување нема никаква поврзаност со здравствените проблеми.Според некои шпекулации, Сајко е казнет по расправијата со челниците на продукцијата „Емоушн“, па поради тоа го напуштил проектот. Сајко, според договорот, нема право да коментира за продуцентската куќа без дозвола, па поради тоа не сакал да ги демантира шпекулациите.„Немам што да кажам за казната. Не ми е јасно зошто околу мојата одлука се направи ваква гужва. Ова не значи дека јас се откажувам од музиката, јас сум 100 отсто музичар во срцето и во душата“, рекол Сариќ.Во ОТ бендот ќе останат Никола Пауновиќ, Вукашин Брајиќ и Ѓорѓе Гогов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Oднесувањето на Бијонсе и Џеј Зи кон Меган и Хари ги налути Британците

Објавено пред

Mеган Маркл ја запозна Бијонсе на премиерата на „Кралот лав“, а британските медиуми веднаш се обидоа да прочитаат од усните на двете дами што си рекле една на друга.

Бијонсе, откако ја прегрнала Меган, рекла: „Луѓе, ве сакаме“.

Таа додала дека Арчи, синот на Меган и Хари, е прекрасен, а потоа размениле неколку родителски совети.

Бијонсе ја потапкала Меган по грбот, а по прегратката на поранешната актерка и пејачка, тие се држеле за раце некое време додека нивните брачни другари стоеле настрана.

Британската јавност веќе е лута поради однесувањето на Бијонсе и Џеј Зи кон кралската двојка. Покрај тоа што со прегратката го прекршија протоколот, пријателските совети што им ги дадоа не предизвикаа големо одушевување.

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Во Британија снимена џиновска медуза, голема колку човек

Објавено пред

Џиновска медуза била забележана во близина на брегот на англискиот округ Корнвол, објави Би-би-си.

Нуркачите од организацијата Wild Ocean Week на 13 јули снимиле огромна медуза со назив морски белодроб (Rhizostoma pulmo) за време на експедиција во близина на брегот на градот Фалмут. Биологот Лизи Дели изјави дека ова необично суштество во водата било долго исто колку нејзиното тело.

Морскиот белодроб е најголемиот вид медуза во британските води, со просечен дијаметар на телото од 40-ина сантиметри.

Прикажи повеќе...

Забава

Првото јавно излегување на Џеф Безос и жената поради која ја се разведе од сопругата

Објавено пред

Џеф Безос и Лорен Санчез, жената поради која најбогатиот човек во светот ја остави сопругата со која беше 25 години, финалето на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер го избраа да биде првиот настан на кој ќе се појават заедно откако јавноста дозна за нивната врска.

Тие разменуваа нежности пред фотографите само неколку дена откако овој милијардер го оконча разводот вреден 38 милијарди долари со својата сопруга Макензи С. Безос и седум месеци откако беше откриена нивната афера.

Џеф и Лорен седеа само три реда зад принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тие се бакнуваа и се смешкаа еден на друг, без да се грижат за туѓите коментари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија3 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија4 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија4 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион7 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија9 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија10 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија11 час

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија12 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија12 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија13 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија13 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија14 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија16 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава17 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет17 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет18 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион19 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Досие