Забава
Лошата репутација на чоколадата полека се менува
Чоколадата сепак може да биде дел од нашата здрава исхрана покажаа најновите истражувања.
Чоколадата дава енергија,но во неа всушност нема висок процент на кофеин како што се тврдеше предходно. Всушност, 50 gr чоколада или 250 ml чоколадно млеко содржат 6 mg кофеин, а тоа е исто колку и 1 филџан кафе без кофеин. Чоколадата е добар извор на магнезиум, бакар, железо и цинк. Содржи полифенол кој нискоризично влијае на евентулани срцеви болести. Обична чоколада има исто толку антиоксиданси како и 150мл црно вино. Мит е дека чоколадата предизвикува кариес.Сами по себе, слатките не предизвикуваат кариес. Кариесот се формира кога бактериите во устата го метаболизираат шеќерот од храната (бонбони, газирани сокови, леб, ориз, тестенини), кој создава киселина. Потоа таа киселина предизвикува кариес.. Истражувачите од Универзитетот во Питсбург докажале дека нема директна врска меѓу консумирањето чоколада и главоболката. Се мислело дека хроничната главоболка може да биде предизвикана од амините кои ги има во кедар сирењето, кикирики, чоколада и алкохол, но со оваа студија чоколадата е отфрлена како можен причинител на главоболка. Независно што велат вашите родители, студиите од изминатите 20 години ја елиминираа чоколадата како можен причинител на акни. Сега се верува дека акните настануваат со комбинација на високо ниво на бактерии и масло на кожата. Со новите истражувања се побива и митот дека чоколадото дебелее. Просечно парче чоколада содржи 220 калории, а тоа е навистина малку за да предизвика дебелеење. Лошата репутација на чоколадата полека се менува. Најновите истражувања покажаа дека чоколадото може да биде дел од здравата исхрана, се разбира ако умерено се консумира, како што впрочем важи и за се друго.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.