Забава
Канадската вакцина за СИДА ќе се тестира на луѓе?
Веќе дваесет години истражувачите од Универзитетот во Западен Онтарио се обидуваат да направат вакцина за ХИВ вирусот што предизвикува СИДА и се чини дека се на еден чекор пред одобрување за тестирање на луѓе, пренесува canada.com
Шефот на истражувачите, д-р Чил-Јонг Канг соопшти дека во вторникот, американската институција за тестирање храна и лекови најавила многу скоро, за два до три месеци може да се добие дозвола за тестирање на вакцината врз луѓе.„Работиме на вакцината за ХИВ од 1987 година. Ова е многу важен ден за нас“, рече д-р Канг на конференција во Јужна Кореа и додава: „Ова е пресвртница за нас, оваа вакцина“. Вакцината САВ001-Х веќе е тестирана на мајмуни и на стаорци, без нус-појави.Доктор Канг, професор виролог од Лондон, вели дека нивната ДНК е многу слична на човечката, па истражувачите се оптимисти оти истата вакцина нема да предизвика странични ефекти кај луѓето. Вакцината, неодамна, беше запишана за тестирање и можно одобрување во САД, затоа што во таа земја има систем кој го врамува тестирањето на вакцини, вели д-р Канг. Ако биде одобрена таму, прифаќањето на вакцината низ светот ќе оди многу лесно. Исто така, во САД има многу повеќе заразени од ХИВ вирусот отколку во Канада, што ќе ја олесни работата во смисла на наоѓање доброволци за тестирање на вакцината. Доктор Канг признава дека ќе поминат години пред да се добијат резултатите од тестирањето кај луѓе. Јужнокорејската истражуваќка компанија и нејзиниот оддел во Канада, веќе нашле доброволци во 70 земји. ХИВ вирусот го напаќа имунитетот кај човекот, што резултира со хронични болести кои водат до синдромот наречен СИДА. Агенцијата за јавно здравје на Канада смета дека, во просек, треба десет години пред ХИВ позитивен човек да развие СИДА. Вирусот може да биде пренесен во крвотокот преку сексуален однос, користење исти игли и преку бременост. СИДА-та беше откриена во 1983 година, а до сега не е одобрена ни една вакцина против оваа смртоносна болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Меган Маркл бакна друг маж, реакцијата на принцот Хари стана вирална на социјалните мрежи
Пред неколку дена на хуманитарното натпреварување во поло во Велингтон, Флорида, избраниците на принцот Хари забележаа две победи, што значи дека беа шампиони на овој мини турнир.
Меѓутоа, кога дојде моментот да им се честита трофејот, дојде до неочекувана, но симпатична реакција од војводата од Сасекс, кој не можеше да ја задржи својата љубомора.
Имено, Меган Маркл, сопругата на Хари, се качи на сцената за да им честита на победниците. Војвотката го бакна на двата образа соиграчот на Хари и капитен на тимот, Малколм Борвик, а реакцијата на нејзиниот сопруг на потегот стана вирална на социјалните мрежи.
@czedits__fp__ 😭😭 #princeharry#meghanmarkle#sussexroyal#sussex_family#royal#harryandmeghan#dukeharry#duchessmeghan#dukeofsussexs#duchessofsussex#fyp#meghanandharry#dukeandduchess#royalcouple#meghanmarkleandprinceharry#princehenry#meghanmarklestyle#princeharryandmeghanmarkle#princeharryedit#meghanmarkleedit#fouryou ♬ původní zvuk – •sussex family•
На снимката се гледа дека на Хари не му е сеедно, но судејќи според следните снимки, јасно е дека се шегувал.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе
Леонардо ди Каприо наводно добил улога на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува „Вараети“. Улогата на Ава Гарднер ѝ припадна на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколкупати.
Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите, како „Бандите на Њујорк“, „Авијатичарот“, „Заминат“, „Островот затворач“ и „Волкот од Волстрит“. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 „Оскари“.
Веста за биографскиот филм на Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.
Забава
Роберт де Ниро откри кои се неговите омилени актери на сите времиња
Има малку актери што може да се споредат со Роберт де Ниро.
Добитник е на два „Оскара“ и седум номинации во актерски категории. Де Ниро е титан на холивудското платно, кој постигна некои од неговите најнезаборавни изведби во филмовите на Мартин Скорсезе, Френсис Форд Копола и Квентин Тарантино.
Де Ниро ја имаше својата прва улога во филмот на Скорсезе, Mean Streets, од 1973 година. Тој толку многу го освои славниот режисер што го нарече најголемиот актер на неговата генерација.
Кариерата на Роберт де Ниро беше обележана со улоги во мрачни трилери и гангстерски филмови за кои стана синоним за Ал Пачино, Џо Пеши и Реј Лиота.
Запрашан за неговите најрани филмски влијанија, Де Ниро откри дека црпел инспирација од британската кинематографија. Што се однесува до Америка, тој како најинтересни актери ги издвојува Џејмс Дин, Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Ким Стенли и Грета Гарбо.
Омилени актери на Роберт де Ниро му се: Марлон Брандо, Монтгомери Клифт, Џејмс Дин, Грета Гарбо, Алберт Фини, Ричард Харис, Ким Стенли.