Контакт

Забава

Маларијата кај луѓето ја пренеле шимпанзата

Објавено пред

Маларијата кај луѓето можеби дошла од шимпанзата, како што е тоа случај на СИДА-та, објавиле американските научници

Во студијата што ја направиле, научниците се надевале дека овие податоци ќе помогнат и во откривање на вакцина против болеста. Тие откриле доказ дека паразитите кои најчесто ја предизвикуваат маларијата се генетски сродни со паразитите пронајдени во шимпанзата. Генетските анализи претпоставувиле дека човечките паразити се директни потомци на паразитите кај шимпанзата, се вели во Извештајот на Националната научна академија.Паразитот-предизвикувач Plasmodium falciparum можеби се пренел кај човечките суштества некаде пред 10.000 години, претпоставува Франциско Ајала од Универзитетот Калифорнија.„Кога маларијата се пренела кај луѓето многу брзо станала опасна, остра“, рекол Ајала во излагањето.„Болеста кај луѓето станала отпорна на многу лекови. Мојата надеж е дека ова откритие ќе не доведе поблиску до создавањето на вакцина“, додал тој.Од маларија просечно умираат 1 милион луѓе годишно, повеќето деца, според Светската здравствена организација. Тимот на Ајала зел примероци од крвта на 94 шимпанза во Камерун и брегот Ајвори, за да ја пронајде „мајмунската“ верзија на паразитот.„Најблизок роднина на Plasmodium falciparum е паразитот кај шимпанзата, Plasmodium reichenowi“, пишуваат тие. Во испитаните примероци пронашле дури осум случаи на Plasmodium reichenowi.Генетските тестирања на примероците покажале дека Plasmodium falciparum потекнува од Plasmodium reichenowi.Обидите да се направи вакцина против маларијата досега биле неуспешни. Сознанието како се адаптибирала во човекот, можеби ќе помогне за пронаоѓање на лекот.Откритието е последно што покажува дека некои од најлошите човечки болести доаѓаат од животните. СИДА-та доаѓа од шимпанзата, додека француските истражувачи во неделата објавиле дека пронашле инфицирана жена од ХИВ вирус кој потекнува од горила.Свинскиот грип, и сите вируси на инфлуенца, се верува дека потекнуваат од животните. Други зарази од типот „животно на човек„ се САРС-от, кој погуби 800 луѓе во 2003-2004г., Еболата, Марбург вирусот и чумата.

Забава

(Видео) По две децении, Џенифер Лопез повторно номинирана за „Златен глобус“

Објавено пред

Пејачката и актерка номинацијата за најдобра споредна актерка ја доби за филмот „Хастерс“.

Филмот за стриптизети што мамат богати клиенти неодамна беше прикажан во киносалите и Џенифер Лопез веднаш доби номинација.

Лопез е номинирана за најдобра споредна улога заедно со Кети Бејтс, Анет Бенинг, Лора Дерн и Марго Роби.

Улогата на Рамона на Џенифер ѝ ја донесе првата номинација за „Златен глобус“ по две децении. Првпат таа беше номинирана за улогата во биографскиот филм „Селена“, приказна за пејачка убиена од една обожавателка.

Прикажи повеќе...

Забава

Шарлота ja наследи љубовта кон коњите од својата прабаба, за Божик сака пони

Објавено пред

Принцезата Шарлота (4), ќерка на принцот Вилијам (37) и Кетрин (37), војвотката од Кембриџ, е голем љубител на коњи, страст што ја наследи од својата прабаба, кралицата Елизабета (93). Според близок пријател на славната кралска двојка, четиригодишната принцеза сака пони како божикен подарок.

Нејзината прабаба кога имала четири години добила шетландско пони наречено Пеги, но не ѝ било дозволено да го јава сè додека не наполнила шест години.

Принцот Вилијам не е сигурен дека ќе ѝ ја исполни божикната желба на својата ќерка бидејќи смета дека таа е премала за да има сопствено пони.

Нејзиниот постар брат, принцот Џорџ (6), е голем љубител на спортови, па наводно на родителите им побарал пинг-понг и нов тениски рекет.

„И Шарлота и Кетрин ќе добијат сетови за готвење затоа што сакаат да прават хаос во кујната“, вели пријателот.

Прикажи повеќе...

Забава

Шарлиз Терон: Годинава ниту една жена режисер не е номинирана за „Златен глобус“

Објавено пред

Само неколку часа по номинацијата за „Златен глобус“ за новиот филм Bombshell, актерката Шарлиз Терон говореше за тоа дека годинава не биле номинирани жени режисери.

Холивудското здружение на странски медиуми, кое всушност ги доделува „Златните глобуси“, досега има номинирано само пет филмски режисерки – Барбра Стрејсенд (Yentl), Џејн Кампион (The Piano), Софија Копола (Lost in Translation), Кетрин Бигелоу (Hurt Locker, Zero Dark Thirty) и Ава Дувернај (Selma), а Стрејсенд е единствената жена што освоила „Златен глобус“ за најдобра режија.

Иако многумина годинава ја сметаа за добра за жените режисери, Терон во интервју за „Лос Анџелес тајмс“ открива дека навистина е тешко да не се види ниту една жена режисер номинирана оваа година.

„Мислам дека навистина е фрустрирачки имајќи предвид дека жените режисери само се обидуваат да го зголемат својот број“, додаде таа. Тие претставуваат 10 отсто од режисерите во индустријата и кога имате добра година, како што беше оваа со толку многу работа, тоа е неверојатно фрустрирачки“, додаде таа.

„Навистина е тешко и неправедно и токму поради тоа, не треба да ја прекинеме битката. Ние мора да правиме врева сè додека не нè чујат и не ги препознаат овие приказни“, рече Терон.

Таа зборува и за новиот филм Bombshell, кој се фокусира на жените во „Фокс њуз“ – Мегин Кели (Терон) и Гретчен Карлсон (Никол Кидман) – кои јавно проговорија против вознемирувањето на претседателот на „Фокс њуз’, Роџер Ејлс. Во филмот жртвите на омразениот медиумски могул го возвраќаат ударот.

Филмот во кој глуми Терон ја открива внатрешноста на најмоќната и контроверзна медиумска империја на сите времиња и истовремено е експлозивна приказна за жените што го срушија озлогласениот маж, кој, всушност, ја создал оваа империја.

И покрај тоа што приказната се фокусира на три силни жени, филмот е во режија на Џеј Роуч, а го напиша Чарлс Рандолф. Терон беше запрашана зошто го поддржала него, а во исто време се залага за повеќе можности за жените, на што таа одговори: „Фактот дека треба да има повеќе можности за жените не мора нужно да ја негира умешноста на мажите“.

Иако смета дека жените заслужуваат повеќе можности, таа не чувствува дека жените се единствените што може да пишуваат женски приказни, а мажите може да пишуваат само машки приказни.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Владата даде рок до петок – на увид ги бара сите информации за зачувувањето на статусот на УНЕСКО

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за степенот на реализација на препораките на Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година,...

Македонија10 часа

Предлог-законот за висока раководна служба оди во Собрание

На предлог на Министерството за информатичко општество и администрација, Владата го утврди текстот на предлог – законот за висока раководна...

Свет11 час

Писателот Хандке ја прими Нобеловата награда, додека пред зградата во Стокхолм се одржуваа протести

Австрискиот писател Питер Хандке вечерва ја доби Нобеловата награда за литература во Стокхолм, додека пред зградата се одржува протест. Овогодишниот...

Свет12 часа

Се подготвува масовен каталонски протест во пресрет на дербито Барселона – Реал Мадрид

Каталонската платформа „Демократско цунами“ ги повика заговорниците за независност на Каталонија за масовни протести по осум дена пред стадионот „Камп...

Регион13 часа

Хрватските возачки дозволи во иднина ќе важат и во САД, Канада, Аргентина …

Парламентарците денеска го поздравија пристапувањето на Хрватска во Конвенцијата за патен сообраќај, односно Женевската конвенција, со која ќе се овозможи...

Македонија16 часа

Благајничката на Камчеви: Со обезбедување дојдов во менувачницата, а парите ги претворив во евра

По паузата во Кривичниот суд во Скопје, продожи судењето за предметот „Рекет“, сведочеше благајничката на семејството Камчеви, Мирјана Бошковска. Таа...

Македонија17 часа

„Екосвест“: ТЕЦ „Битола“ ги надминува дозволените вредности за емисии на токсични супстанции

Државите од Западен Балкан ги надминуваат граничните вредности за емисии во воздухот од термоелектраните на јаглен договорени со Енергетската заедница...

Македонија19 часа

Руте: Албанија не е подготвена, а Северна Македонија е поблиску до почнување преговори со ЕУ

Холандија не се спротивставува на проширувањето на ЕУ, рече премиерот на Холандија, Марк Руте, кој верува дека Албанија во моментот...

Македонија19 часа

Камчева: Боки 13 беше како специјален јавен обвинител, тој знаеше сè

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет“, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет...

Македонија19 часа

(Видео) Сведок во „Еразмус“: Шуклев бараше секс или пари од студентки за преодна оценка

Ексвработениот во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ, кој е сведок во случајот „Еразмус“, во судницата рече дека професорот Бобек...

Македонија19 часа

(Видео) Заев и Шекеринска: Овој носач на авиони веќе е дел од нашата одбрана

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оценија дека сме дел од најмоќната воена и политичка...

Македонија19 часа

(Видео) Камчева: Во стан во Капиштец ми бараа милиони евра за сопругот

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева, го почна сведочењето за случајот „Рекет“. Камчева рече дека на 9 ноември 2018...

Свет20 часа

Ардерн: Има прашања што мора да бидат одговорени, размерите на трагедијата се катастрофални

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, истакна дека има прашања што мора да бидат поставени и одговорени по ерупцијата на...

Свет20 часа

Военото воздухопловство на Чиле потврди дека авионот се урнал, во тек е потрага

Военото воздухопловство на Чиле соопшти денеска дека воениот авион, кој претходно синоќа исчезна од радарот, се урнал. Воздухопловството се огласи...

Свет20 часа

Пукање во болница во Чешка, најмалку шестмина убиени

Шест луѓе се убиени во пукање во болница во Чешка, објави Би-би-си. Нападот се случил утрово околу 7 часот. Полицијата...

Свет22 часа

Заврши самитот на Нормандската четворка, сите се задоволни од состанокот

Во Елисејската палата во Париз синоќа заврши самитот на лидерите на Нормандската четворка, а францускиот претседател Емануeл Макрон оцени дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Регион2 дена

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ2 дена

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија2 дена

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Досие