Забава
Метеж на улиците – метеж во организмот
Луѓето кои живеат во близина на бучните улици и патишта се на поголем ризик од здобивање покачен крвен притисок, сугестира едно истражување на шведските научници
Тим научници од Лундскиот универзитет открива дека ризикот расте со просечна дневна изложеност на гласност од 60 децибели, што се случува на еден од четворица луѓе во западна Европа.
Тие тврдат дека веројатно бучавата предизвикува стрес, а исто така и нарушување на сонот, што води до проблеми со крвниот притисок.
Истражувачите ги анализирале прашалниците комлетирани од приближно 28.000 луѓе, а истовремено ја анализирале и сообраќајната бучава во соседството на испитаниците.
Тие откриле дека на околу 60 децибели гласност, ризикот од висок крвен притисок се зголемува за повеќе од 25 отсто.
Некаде на околу 64 децибели, ризикот се зголемува за повеќе од 90 отсто, иако тимот напоменува дека малиот број испитаници во оваа група би можел да влијае на искривување на резултатите.
Извештајот, публикуван во Environmental Health journal, вели дека резултатите се загрижувачки бидејќи високиот крвен притисок ги зголемува и шансите за срцеви заболувања и инфаркт.
Како и да е, поврзаноста на улицата и здравјето не е видлива за луѓето постари од 60 години. Истражувачите велат дека ова се случува или поради тоа што тие станале десензитивни на бучавата или дека веќе имаат висок притисок.
Но, британските експерти кои се сомневаат во тезите, изјавиле дека други фактори, како што се диетата и пушењето се многу поважни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најопасните години од животот за секој хороскопски знак
Кои се најнестабилните фази во животот на сите хороскопски знаци и како да ги преживеете? Со помош на ѕвездената карта, сите знаци на зодијакот можат да се подготват навреме и да спречат непоправливи грешки кои се лесно можни во годините кои претставуваат пресвртница во нивните животи.
Астрологијата открива кои се најопасните години од животот
Овен
Речиси непробојниот Овен ризикува да изгуби самоконтрола на 19, 35 и 66 години. Во текот на овие значајни временски периоди, мора да одржувате критичка перцепција и емоционална флексибилност, тогаш сè ќе работи во ваша корист. По 45, типичен Овен ќе започне нов животен циклус, оставајќи ги зад себе сите пречки и таги од минатото.
Бик
За далекувидниот и одговорен Бик „фаталните пресвртници“ практично не се ни забележливи. Единствено на што треба да внимавате се промените кои се случуваат на 21, 27 и 38 години. Нерационалниот страв од новото и непознатото може да ве забави и блокира, а тоа не ви треба. Оди напред смело.
Близнаци
Штитениците на Меркур треба да обрнат внимание на датумите на годишнината. На 20 години ќе им биде тешко на многу Близнаци – во овој момент судбината почнува да ве тестира, искушувајќи ве на сите можни начини. Но, други тркалезни датуми ветуваат духовен напредок и материјален просперитет.
Рак
Соништата и надежите по правило се нереални – еве што ќе ги мачи типичните Ракови до 31 година. Нема потреба од очај, веќе на 35 години на вашиот животен хоризонт ќе се појават сосема опипливи перспективи. Главната работа е да не паднете во очај пред да наполните 40 години, а потоа кога ќе наполните 50 години, ќе се заблагодарите на судбината за многу благослови.
Лав
Лавовите се предодредени за многу пресвртни точки. Ќе мора да покажете волја на 22, 33, 36, 49, 55 и 76 години. Во исто време, секој успешно положен тест за сила ќе ви овозможи нови можности и дополнителни вештини.
Девица
Брзи подеми и болни падови ги чекаат типичните Девици на 17, 22, 24, 33, 44 и 48. Ова најмногу ќе се однесува на работата и финансиите. Но, по 55 години, многу претставници на знакот ќе се најдат на врвот на успехот и задоволството.
Вага
Опасните периоди на животот за Вагата паѓаат на 17, 24, 33, 40 и 48 години. Многумина ќе мора да го преиспитаат својот стил на комуникација за да избегнат проблеми и да преминат на следното ниво.
Шкорпија
Најопасните години од животот за Шкорпиите се 25, 34, 45 и 60. Во овие периоди, Шкорпиите очајно ќе се борат со самите себе, а внатрешната битка ќе се покаже како најтешкиот тест на судбината.
Стрелец
Стрелецот ќе мора да помине низ неколку животни лекции за да ја пронајде внатрешната рамнотежа и да ја пронајде вистинската смисла на животот. Подгответе се за ударите на судбината на 19, 33, 37, 39 и 50.
Јарец
За типичен Јарец, клучните пресвртници се поврзани со детството и староста: 8, 11, 15, 47, 51, 55, 61 и 79 години. Но, поголемиот дел од свесниот живот за конзервативните и одговорни претставници на знакот ќе биде стабилен.
Водолија
Водолијата во 12, 22, 24, 32, како и во 48 и 50 ја очекуваат судбоносни средби, познанства и настани. Главната работа не е да се заборави чувството за такт и барем малку дисциплина.
Риби
Различни изненадувања ќе се појават во личниот живот и професионалната сфера на Рибите на 13, 15, 25, 30 и 37 години. Дефинитивно е невозможно да се остане смирен на оваа возраст.
Забава
(Видео) Дејвид Бекам објави снимка од тренинг, луѓето пишуваат: „Не сакам мојата сопруга да го види ова“
Дејвид Бекамсе пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без кошула и ги воодушеви своите фанови. 48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од напорните тренинзи, а фановите беа привлечени од неговите стомачни мускули, но и бројните тетоважи на телото.
„Ти си како виното, со годините се подобруваш“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на фановите.
Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.