Забава
Повеќе од 40 илјади Јапонци имаат над 100 години
Повеќе од 40 илјади луѓе во Јапонија се на возраст од 100 или повеќе години, што е за десет отсто повеќе отколку минатата година, се вели во анализа на Министерството за здравство на таа држава
Од вкупно 40.399 „стогодишници“, 87 отсто се жени, соопшти Министерството. Во 1998 година таа цифра била 10.000 луѓе. За само две години бројката на лица кои имаат 100 години се зголемила од 30.000 на 40.000 и според аналитичари тоа ќе биде еден од предизвиците на новата Влада на Јукио Хатојама и неговата Демократска партија избрани минатиот месец.Јапонија има најголем просек на животен век од 85 години. Научници сметаат дека тоа се должи на здравата традиционална храна составена претежно од риба, зеленчук и ориз додека аналитичари на тоа го додаваат и исклучителниот систем за здравствена заштита.Најстарата жена на Островот има 114 години и живее во Окинава во јужнмиот дел од државата каде статистички има најголем број луѓе на возраст од 100 или повеќе години. Најстариот маж има 112 години и живее во префектурата Кјото.Во моментот, според локални медиуми во просек има три лица кои работат на еден пензионер, но за 50 години се очекува тој сооднос да биде речиси еден вработен на еден пензионер.Демократската партија се заложи за пензиски систем со минимум од 765 долари пензија за оние кои имаат мали примања или немаат доволно основи за пензија. Јапонија е втора на листата на држави каде има луѓе на возраст од 100 или повеќе години, зад САД (повеќе од 96.000), но бројот на жители во САД е повеќе од двојно поголем од оној во Јапонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.