Забава
Неколку видови на вегертаријанци
Вегетаријанството е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови. Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните
Според тврдењето на некои научници, нашите човеколики претци цели 24 милиони години живееле како вегетаријанци, сè до леденото доба, кога човекот за да преживее почнал да јаде и животни. Според Библијата, Адам и Ева во рајот јаделе само овошје. Веродостојните извори велат дека вегетаријанството како начин на исхрана датира од пред неколку илјади години во Индија, каде и останало вообичаен начин на исхрана, најнапред како спиритуална пракса, позната како ахимса (ненасилство). Во средниот век во Европа честото и секојдневно јадење на месо било симбол за богатство и моќ. Сепак постоеле многу христијански редови кои не практикувале јадење на месо, меѓу кои спаѓаат и богомилите. Денес вегетаријанството добива сè повеќе приврзаници, а за тоа помагаат и продавниците за здрава храна кои се отвораат ширум светот. Експертите за храна нагласуваат дека во светот постојат повеќе видови на вегетаријанци, меѓу кои,Вегани кои јадат строго растителна исхрана и целосно ги исфрлаат производите од животинско потекло.Лактовегетаријанци кои покрај растителните продукти, јадат и млеко и млечни производи. Ововегетаријанци кои јадат растителните продукти, но јадат и јајца. Оволактовегетаријанци покрај растителните продукти, јадат и јајца, млеко и млечни производи. Полувегетаријанци освен вегетаријанската исхрана јадат и бело пилешко месо, како и риба, но не јадат црвено месо. Песковегетаријанци за нив секојдневна исхрана се растителните продукти, јадат и риба. Кај нас овој начин на исхрана е познат како посна иахрана. Фрутаријанци кои исклучиво јадат само овошје. Радикални фрутаријанци кои јадат само овошни плодови кои сами паднале на земја и оваа категорија е една од најинтересните меѓу вегетаријанците. Пребирливоста околу храната може да се селектира и како пресна храна (јадат само сирови продукти, најчесто од растително потекло,овошје, зеленчук, ореви, семки, студено цедено масло за јадење, мед и житарки) и сметаат дека со готвењето на продуктите се губи големо количество од витамините, а се создаваат штетни канцерогени материи. Подготвуваат леб кој се „пече“ на сонце и втората селекција е здрава храна макробиотичарите спаѓаат овде, кои јадат храна базирана на цели зрна од житариците. Јадат само органски произведени продукти, без пестициди и без вештачко ѓубриво. Избегнуваат рафиниран шеќер, рафинирано масло и бело пченично брашно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот за прв пат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните Суада, Каја, Подобро пијан отколку стар, Сава тихо тече, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега, во интервју за „Вог“, Дион меѓу другото проговори и за својата болест и рече дека живее „ден по ден“.
Како уметник кој настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека и било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично, или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Vogue“ признала и колку и било тешко откако ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ „Животот не ти дава одговори. Тоа е се што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.