Забава
Барајќи го биолошкиот татко, дознал дека е син на Чарлс Менсон
Диџеј од Лос Анџелес барајќи го својот биолошки татко, останал шокиран од сознанието дека е син на еден од најозлогласените сериски убијци
„Прво не сакав да поверувам дека тоа е вистина. Бев исплашен и бесен. За мене тоа претставуваше сознание исто како и самиот Адолф Хитлер да ми е татко. Јас сум мирољубива личност, заробена во она што наликува на монструм“, изјавил за The Sun, 41-годишниот Метју Робертс. Но и покрај одбојноста што ја чувствувал и како што вели се’ уште ја чувствува кон неговиот биолошки татко, Метју се допишувал со Менсон неколкупати. „Ми испраќа чудни работи и секогаш се потпишува со свастиката (кукаст крст, з.н.)“, вели диџејот за татко си кој ја отслужува казната доживотен затвор во затворот Коркоран, Калифорнија. Тој е осуден за девет убиства кои ги сторија неговите следбеници во 1969 г. и сега има 75 години.Метју во разговорот со новинарите од лондонскиот таблоид рекол дека од почетокот бил вџашен, не можел да зборува ниту да јаде целиот тој ден. Тој дознал дека е посвоен уште кога имал 10 години, а вели дека неговиот очув го предупредувал дека нема ништо добро да дознае доколку почне да го бара својот биолошки татко. Метју преку локалната социјална служба прво ја нашол својата биолошка мајка Тери, која попуштила пред неговите настојувања и му открила дека вистинското презиме му е Менсон, а татко му е Чарлс Менсон кој ја силувал во 1967 г., откако подлегнала на неговата манијакална харизма, која ги збунуваше со децении психолозите и социолозите. Метју Робертс и многу личи на својот татко, пренесува весникот, а тој стравува да не наследил нешто од налудничавоста на татко си.„Не сум налудничав, ама имам малку до него. Кога ќе се налутам, очите и се испулуваат, а тоа и претходно ги плашеше луѓето, а покрај тоа сум и голем, што дополнително предизвикува страв кај луѓето околу мене“, рекол Метју додавајќи дека негов херој е Ганди, а самиот тој не е насилен, а освен тоа и вегетаријанец. Тој го добил и телефонскиот број на кој може да го побара во затвор Чарлс Менсон, но се’ уште не може да се осмели да зборува со него. Тој додал дека сепак е негов биолошки син и, и покрај фактот што ја силувал мајка му, не сака ниту да го сака, ниту да го мрази. Чарлс Менсон е еден од најпознатите сериски убијци и секако најпознат затвореник. Првично бил осуден на смртна казна за убиство на холивудската ѕвезда Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, која била во осмиот месец од бременоста. Освен Шерон, во куќата се убиени уште шест лица. Во 1997 г. смртната казна му е заменета со доживотен затвор. Истрагата покажала дека со помош на неговата харизматичност ги обучил за извршувања убиства и им наложил на неговите следбеници познати како сатанистичката секта „Семејството“ да го извршат масакрот.Подоцна Менсон рекол дека за формирање на сектата бил инспириран од песната на Битлси „Helter Skelter“. „Семејството“ убило најмалку 35 луѓе во секташкиот занес дека се приближува часот на војна меѓу расите и нуклеарен напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најопасните години од животот за секој хороскопски знак
Кои се најнестабилните фази во животот на сите хороскопски знаци и како да ги преживеете? Со помош на ѕвездената карта, сите знаци на зодијакот можат да се подготват навреме и да спречат непоправливи грешки кои се лесно можни во годините кои претставуваат пресвртница во нивните животи.
Астрологијата открива кои се најопасните години од животот
Овен
Речиси непробојниот Овен ризикува да изгуби самоконтрола на 19, 35 и 66 години. Во текот на овие значајни временски периоди, мора да одржувате критичка перцепција и емоционална флексибилност, тогаш сè ќе работи во ваша корист. По 45, типичен Овен ќе започне нов животен циклус, оставајќи ги зад себе сите пречки и таги од минатото.
Бик
За далекувидниот и одговорен Бик „фаталните пресвртници“ практично не се ни забележливи. Единствено на што треба да внимавате се промените кои се случуваат на 21, 27 и 38 години. Нерационалниот страв од новото и непознатото може да ве забави и блокира, а тоа не ви треба. Оди напред смело.
Близнаци
Штитениците на Меркур треба да обрнат внимание на датумите на годишнината. На 20 години ќе им биде тешко на многу Близнаци – во овој момент судбината почнува да ве тестира, искушувајќи ве на сите можни начини. Но, други тркалезни датуми ветуваат духовен напредок и материјален просперитет.
Рак
Соништата и надежите по правило се нереални – еве што ќе ги мачи типичните Ракови до 31 година. Нема потреба од очај, веќе на 35 години на вашиот животен хоризонт ќе се појават сосема опипливи перспективи. Главната работа е да не паднете во очај пред да наполните 40 години, а потоа кога ќе наполните 50 години, ќе се заблагодарите на судбината за многу благослови.
Лав
Лавовите се предодредени за многу пресвртни точки. Ќе мора да покажете волја на 22, 33, 36, 49, 55 и 76 години. Во исто време, секој успешно положен тест за сила ќе ви овозможи нови можности и дополнителни вештини.
Девица
Брзи подеми и болни падови ги чекаат типичните Девици на 17, 22, 24, 33, 44 и 48. Ова најмногу ќе се однесува на работата и финансиите. Но, по 55 години, многу претставници на знакот ќе се најдат на врвот на успехот и задоволството.
Вага
Опасните периоди на животот за Вагата паѓаат на 17, 24, 33, 40 и 48 години. Многумина ќе мора да го преиспитаат својот стил на комуникација за да избегнат проблеми и да преминат на следното ниво.
Шкорпија
Најопасните години од животот за Шкорпиите се 25, 34, 45 и 60. Во овие периоди, Шкорпиите очајно ќе се борат со самите себе, а внатрешната битка ќе се покаже како најтешкиот тест на судбината.
Стрелец
Стрелецот ќе мора да помине низ неколку животни лекции за да ја пронајде внатрешната рамнотежа и да ја пронајде вистинската смисла на животот. Подгответе се за ударите на судбината на 19, 33, 37, 39 и 50.
Јарец
За типичен Јарец, клучните пресвртници се поврзани со детството и староста: 8, 11, 15, 47, 51, 55, 61 и 79 години. Но, поголемиот дел од свесниот живот за конзервативните и одговорни претставници на знакот ќе биде стабилен.
Водолија
Водолијата во 12, 22, 24, 32, како и во 48 и 50 ја очекуваат судбоносни средби, познанства и настани. Главната работа не е да се заборави чувството за такт и барем малку дисциплина.
Риби
Различни изненадувања ќе се појават во личниот живот и професионалната сфера на Рибите на 13, 15, 25, 30 и 37 години. Дефинитивно е невозможно да се остане смирен на оваа возраст.
Забава
(Видео) Дејвид Бекам објави снимка од тренинг, луѓето пишуваат: „Не сакам мојата сопруга да го види ова“
Дејвид Бекамсе пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без кошула и ги воодушеви своите фанови. 48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од напорните тренинзи, а фановите беа привлечени од неговите стомачни мускули, но и бројните тетоважи на телото.
„Ти си како виното, со годините се подобруваш“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на фановите.
Забава
Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“
Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.
„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.
View this post on Instagram
„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.
„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.