Контакт

Забава

Ванга предвидела трета светска војна во 2010-та

Објавено пред

Бугарската гледачка во минатото и иднината, инаку родена струмичанка, Ванга Гуштерева, беше почитувана на балканскиот простор. И многу Македонци се’ уште „сведочат“ и се сеќаваат дека нејзините пророштва станале стварност. Ванга славата си ја стекна со предвидување на светските катастрофи

dobivaj vesti na viber

Првпат објавеноСпоред истражувањата на независната бугараска телевизија, докажано е дека Ванга Гуштерева ги предвидела нападите на њујоршкиот Светски трговски центар од 11-ти септември. Таа наводно рекла – „Американските браќа ќе паднат под налетот на челичната птица“.Исто така, на Ванга и’ се припишуваат и предвидувањата на Втората светска војна, на перестројката во Советскиот Сојуз, смррта на принцезата Дајана итн., па дури и потонувањето на руската подморница на атомиски погон „Курск“. Нешто слично како што со стотини години се толкуваат пишаните пророштва на Нострадамус.Оние што подолго време се занимаваат со пророштвата на Ванга, деновиве препознале и нејзино пророштво на војната во Јужна Осетија.Предвидувањето на Третата светска војна Ванга наводно го претскажала со атентати на претседатели на „четирите држави“, по војна во Хундустан, а како година на  почетокот на светската катастрофа ја означила 2010-тата.Ванга беше слепа и неписмена, и цело време живееше на село, во Рупите близу Петрич. Таа тврдеше дека она што го кажува и ’ го предочуваат невидливи суштества кои и’ праќале информации низ просторот и времето, па така знаела и што се случило и што ќе се случи.Покрај за пророштво, многумина, меѓу кои и тогаш скришно, многу бугарски и југословенски комунистички политичари, па дури и припадници на тајните служби, кај Ванга одеа и за исцелување. Таа лечеше само со необработена жива и со растенија. Не ја отфрлаше современата медицина, но за неа употребата на синтетичките лекови беше „затворање на вратата низ која минува природата и воспоставува рамнотежа во нашите тела“.За неа се тврдеше и дека може да комуницира со луѓе умрени и повеќе од стотина години.Забележано е дека на некои испитувања Ванга не сакала многу да зборува за далечната иднина што го чека светот. Според она што му го кажала на еден нејзин посетител, човештвото дури за двестe години ќе воспостави врска со вселенските суштества, а некои од нив, како што кажала, одамна живеат на Земјата. Таа дури и ја именувала планетата од која доаѓаат, како Вамфим.Нејзините следбеници и оние што веруваат во нејзините пророштва велат дека таа дури и го предвидела точниот датум на својата смрт во 1996 г. Тогаш рекла дека неа ќе ја наследи исто така слепо девојче кое живее во Франција и за кое, според пророштвото, допрва треба да слушне светот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Северина го прослави роденденот, а проговори со емотивна порака: „Се соочив со тешки факти“

Објавено пред

Пејачката Северина Вучковиќ го прослави својот 52. роденден.

dobivaj vesti na viber

Северина Вучковиќ го прослави својот роденден во кругот на најблиските пријатели, а овој ден ѝ го збогатија и честитките од многубројни пријатели, колеги, соработници и членови на семејството.

По тој повод, Северина се огласи на својот инстаграм-профил, каде што објави серија фотографии со емотивна порака до сите што ја следат.

„Сакам да славам родендени, било мој или туѓ. Прославувањето на мојот роденден за мене е славење на животот што ми беше даден како подарок. Подарок што, кога ќе го добиете, има три опции. Можете да уживате во него и да го приспособите по ваш вкус и да ги исполните целиот свој потенцијал, божји дар и мисија. Или подарете го некому да ви го организира, но по неговите правила. Или водата нека го носи. Не ми се допаднаа другите две опциим иако не е дека немало обиди.

Го избрав првото, си го приспоспобив по мој стил и уживам секој ден, без разлика на околностите и предизвиците што ме спречуваат, ме влечат за ракави, ги истегнувам нозете, ги вежбам моите способности и ги тестирам нервите. Ти даваат тестови што треба да ги решиш, а животот секоја година ти дава последна оценка. Тоа е она што ве издвојува.

Од мене зависи дали ќе престанам или ќе продолжам да го живеам животот во потполност, без оглед на разните околности и тешките предизвици. Дали ќе ја тргнам раката што ми го влече ракавот и ќе чекорам напред во убавината на живеењето.

Престанав да чекам животот да биде лесен, престанав да чекам некој да ме спаси. Се соочив со тешки факти и поради тоа имам неверојатен живот за што сум благодарна и кој од ден на ден ме учи дека сите лекции што ми ги дал, без разлика дали се лоши или добри, не се ништо друго, освен одлично училиште, од кое можам да израснам како личност и со тоа што ќе растам мирно и љубопитно прифаќам понатамошни лекции што тој ги носи.

Со нетрпение ги очекувам, како и на овој ден кога се родив и кој постојано ме потсетува на тоа колку е скапоцен животот. Среќна сум што работам работа што ги прави другите среќни бидејќи токму за тоа сум создадена – да се насмевнувам од тага, да им помагам на другите и да им го направам животот што е можно поубав. Им благодарам на моето семејство и на моите пријатели за нивната безрезервна поддршка и во време на славење и во време на тага. Тоа е опасна војска. Можеби премногу зборувам, но ова се тие денови. Ви благодарам на сите за многуте честитки. Ве сакам“, заклучи Северина.

Прикажи повеќе...

Забава

Се снима серија за Емануел и Брижит Макрон, би требало да ги глумат големи ѕвезди

Објавено пред

Ѕвездите на Холивуд, Рајан Гослинг и Џулија Робертс, треба да ги играат Емануел Макрон и неговата сопруга во ТВ-драматизација на нивната врска, која почнала кога таа била негова професорка во средно училиште.

dobivaj vesti na viber

Најстарата француска филмска компанија Gaumont објави дека работи на драма од шест дела за врската меѓу претседателот и неговата сопруга Брижит. Главните улоги сè уште не се доделени, но за време на дискусијата за продукцијата на ТВ-мрежата BFM, Розелин Башело, поранешната француска министерка за култура, предложи актери што би сакала да ги види во главните улоги.

„Веднаш помислив на Рајан Гослинг бидејќи открив дека постои физичка сличност меѓу Емануел Макрон и него. А помислив и на Џулија Робертс“, рече таа.

Gaumont не го објави датумот кога ќе се прикажува серијата, но рече дека се работи на драма што ќе ја следи врската меѓу Емануел и Брижит. Ќе биде напишана од француските сценаристи Бенедикт Шарл и Оливие Пупоно, а секоја епизода ќе трае 45 минути.

„Брижит Макрон е фасцинантен лик, сакавме да ѝ пријдеме на романтичен, речиси мелодраматичен начин, поради романтичниот дух на нејзината судбина“, пишува „Фигаро“.

Приказната ќе почне во 1992 година кога 15-годишниот Макрон ја запознал својата идна сопруга, која тогаш имала 39 години, на една театарска работилница и гледачите ги носи сè до денес. Макрон имаше 29, а Брижит 54 кога се венчаа во 2007 година. Десет години подоцна тој стана претседател.

Прикажи повеќе...

Забава

Некогаш беше голем холивудски заводник, а денес ретко кој би го препознал

Објавено пред

Еден од некогашните големи холивудски заводници, Шон Пен, по долго време, е виден деновиве во Малибу, а фотографиите ја изненадија јавноста.

dobivaj vesti na viber

Годините видно го стигнаа 63-годишниот актер, сега неговата коса е целосно побелена и на почетокот тешко се препознава. Носеше бела кошула и црни панталони, а американските фотоагенции пишуваат дека само што се враќал од прошетка во близина на својата куќа.

Актерската кариера ја почна во 1982 година во комедијата „Златна доба во Риџмонт“ по што неговата кариера тргна по нагорна патека. Заедно со богатата актерска кариера Пен имаше и бурен љубовен живот. Тој беше во брак со Мадона четири години, од која се разведе во 1989 година.

Потоа, во 1996 година, почна романса со Робин Рајт. Двојката се разведе во 2010 година, а имаат две деца – ќерката Дилан и синот Хопер.

Една година беше во брак со актерката Лејла Џорџ, од која се разведе во 2021 година, а минатото лето беше виден со актерката Олга Коротјаева. Таа романса не траела, а холивудскиот заводник набргу бил виден со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет1 час

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија2 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет2 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија2 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет2 часа

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија16 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија17 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија18 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија19 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија21 час

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија21 час

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија23 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија23 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија23 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија23 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа24 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет1 ден

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...