Контакт

Забава

„Нов“ албум на Џими Хендрикс

Објавено пред

Фановите на Џими Хендрикс ќе бидат во можност да слушнат еден час необјавена музика од нивниот гитарски херој во новиот албум кој ќе излезе на 8 март, изјави за Ројтерс, неговата фамилија заедно со музичката групација Сони

Албумот е наречен „Долините на Нептун“ и тој содржи песни снимени во 1969, годината пред Хендрикс да почине во Лондон на возраст од 27 години.„Мојот брат Џими беше дома и снимаше во студиото. Неговата брилијантност свети од секоја песна во овој албум“, рече Џени Хендрикс, претседател на фамилијарната компанија Experience Hendrix LLC која е наменета да го заштити музичкото наследството на Хендрикс, вредно десетици милиони долари. „’Долините на Нептун’ ќе даде длабок поглед во уметноста на снимачкиот процес и ќе го демонстрира фактот дека тој освен што беше брилијантен гитарист беше и неверојатен иноватор во снимањето музика “ рече Џени Хендрикс. Албумот ќе содржи неколку песни кои се познати за верните фанови, но исто така ќе има и повеќе од 60 минути претходно необјавена музика. Во ‘Долините на Нептун’ ќе се најдат и кавер верзиите на класиката “Bleeding Heart” од Елмор Џејмс, “Sunshine of Your Love” на „Cream“ како и перформанси од оригинални композиции на Хендрикс како “Ships Passing Through The Night” и  “Lullaby For The Summer.”



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Не гледај, Бен! Девојката на Афлек во прегратки на машки модел додека снима реклама за парфем

Објавено пред

Во реалниот живот таа е во среќна врска со Бен Афлек.

Но, најновиот човек на Ана де Армас пред камерите беше дрзок машки модел, кој страсно ја прегрнува и бакнува на реклама за парфем што се снимаше на Малибу неделава.

 

32-годишната актерка и модел лежи на песокот, а нејзиниот колега ја крева во рацете и потоа страсно ја бакнува.

Новата Бонд-девојка, која ја игра и Мерилин Монро во претстојниот биографски филм, зрачи со гламур на снимањето.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Објавено пред

Кралот на Холандија, Вилем-Александер, денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Прикажи повеќе...

Забава

Мелани Грифит се вклучи во кампањата за превенција на рак на дојка

Објавено пред

Актерката Мелани Грифит сподели фотографии во розова долна облека наменета за промовирање на светскиот месец за борба против ракот на дојка, дел од меѓународна здравствена кампања за подигање на свесноста за оваа болест.

Мелани (63) седи преку када за фотографија што ја сподели на своите 513.000 следачи на Инстаграм во средата попладне.

„Носам класичен градник Classic Demi и килоти со висока половин“, напиша таа. Брендот  KiT Undergarments всоопшти дека дел од парите од продажбата на овие сетови долна облека ќе бидат наменети за програмата за подигање на свеста преку Фондацијата за истражување на рак на дојка.

Пред две години Мелани призна дека ѝ го отстраниле карциномното ткиво од носот со многу тешка операција.

Мелани неодамна го прослави својот 63. роденден додека беше во карантин среде пандемија на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Дурловски се повлекува од пратеничката функција

Пратеникот Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ го напушта Собранието. Тој на социјалните мрежи напиша дека негови приоритети се националните интереси по...

Македонија3 часа

Георгиевски во Софија на средба со Захариева

Лидерот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, денеска имаше средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева. Информацијата...

Регион4 часа

Дачиќ е избран за претседател на српското собрание

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и досегашен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, е избран за претседател на...

Македонија5 часа

Нови 640 заболени и 12 починати од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на...

Свет5 часа

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат...

Свет6 часа

(Видео) Жена се заканувала дека ќе се разнесе на железничка станица во Лион

Желелезничката станица „Пар-Диу“ во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата додавајќи...

Македонија8 часа

Македонскиот државен врв на разговор со претседателот на Европскиот парламент: Подготвени сме за успешна приказна

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска остварија...

Македонија10 часа

Обвинение за поранешниот градоначалник​ на општина Чашка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластување. Тој...

Европа10 часа

И покрај дневниот рекорд од над 11.000 заразени, Германците уверени дека вирусот може да се спречи

Централниот германски епидемиолошки институт „Роберт Кох“ денеска ја оцени актуелната епидемиолошка состојба и рекордниот број на новозаразени во земјата од...

Македонија13 часа

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион13 часа

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет13 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија14 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет14 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија15 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет1 ден

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија1 ден

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ1 ден

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија1 ден

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Досие