Контакт

Забава

Габриел Барн: Бев сексуално злоставуван

Објавено пред

Холивудскиот глумец Габриел Барн изјави дека бил сексуално злоставуван кога бил дете, додека учел во свештеничко училиште во Англија, пренесе „Дејли Телеграф“

Барн изјави дека во детството го злоставувале членови на католичкото братство „Христијански браќа“ додека живеел во Ирска. „За жал доживеав да бидам сексуално злоставуван. Фактот е дека постојат некои лоши луѓе во околината каде што живеев, со кои не сакав да се сретнам насамо. Ми требаше доста време за да ги пребродам тие случувања и лошото искуство кое на мене остави длабок траг и многу негативни последици“, изјави глумецот за ирската телевизија RTE.Ирскиот глумец се преселил во Англија кога имал 11 години за да учи за свештеник каде бил злоставуван од еден од членовите на свештенството.Глумецот кој е најпознат по улогите во филмовите „Дежурни виновници“, „Мртов човек“ и „Стигмата“, говореше за тоа зошто отстапил од свештенскиот живот.„Љубовта спрема жените не ми дозволи да се посветам на свештенички живот. Отидов сам во Лондон за време на распустот и кога во една прилика во автобусот видов две девојки во мини здолништа, тогаш сфатив дека тоа е крај на моето образование како свештеник. Не можев да се откажам од жените“, рече Барн.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Норвешката принцеза Марта Луиз снима нова реалити серија

Објавено пред

Принцезата Марта Луиз од Норвешка може да додаде нова титула на својата листа признанија: ТВ-реалити ѕвезда.

49-годишната Марта во понеделникот објави дека моментално снима нова реалити серија насловена „Марта“, која ќе се емитува на норвешката ТВ 2 во 2021 година.

Серијат ќе им даде увид на фановите во нејзиниот личен живот, вклучувајќи ја и нејзината врска со американскиот „духовен водич“ шаманот Дурек.

Принцезата минатата година ја шокираше јавноста кога на социјалната мрежа објави дека е во врска со шаманот Дурек, на кого вистинското име му е Дерек Вaрет (45). Принцезата не кажа како се запознале, но, наводно, се во врска веќе две години.

Британските весници пишуваа дека Марта била привлечена од духовноста на шаманот.

„Јас сум јавна личност, а печатените медиуми пишуваат многу за мене. Оваа серија е можност да го покажам мојот живот на поинаков и нов начин “, рече Марта.

Норвешката ТВ-мрежа им ветува на гледачите „средба како нкогаш порано“ со Марта , следејќи ја внимателно и приватно и на работа.

Таа додава дека, „најважната работа“ што ја прави е да биде присутна за нејзините ќерки 17-годишната Мод, 15-годишната Леа и 12-годишната Ема.

Нивниот татко, Ари Бен, изврши самоубиство на Божиќ, две години откако парот се раздели по 15 години брак.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Објавено пред

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е најдоцен период досега во кој мразот сè уште не е формиран.

Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет во Колорадо сподели низа графикони на социјалните мрежи, со кои што објаснува дека Арктикот поминува низ историски настан и дека количината мраз во моментот е најмала забележана количина во овој период.

„Количината оваа есен е апсурдна, мора да обрнеме внимание на овие показатели за климатските промени“, објави тој на „Твитер“.

Арктичкиот морски мраз обично ја достигнува најниската точка во септември, највисоката во март, а Леби истакнува дека дебелината на морскиот мраз е исто така под просекот, пишува „Индипендент“.

Активистите за заштита на животната средина и чуварите на природата предупредуваат дека недостигот на мраз не е само знак на трагични климатски промени, туку дека може да влијае на животот во морето бидејќи мразот носи со себе хранливи материи за арктичкиот планктон.

Виновник за тоа што морето не е доволно студено за замрзнување е невообичаено топлото време на северот на Русија и сибирскиот топлотен бран од изворот, како и глобалното затоплување.

Формирањето мраз на сибирскиот Арктик значително забави во последните години, а 2020 е најлоша од 2018 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Ума Турман се вљуби во текот на самоизолацијата

Објавено пред

Таа го поминува периодот на светската здравствена криза во Хемптонс.

И се чини дека Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилацијата.

Според „Пејџ сикс“, актерката (50) почнала врска со архитектот Питер Сабет, чија фирма е со седиште во Бриџхемптон.

Ѕвездата на блокбастерот „Убиј го Бил“ (Kill Bill), како што наведува порталот, се запознала со Сабет на плажа во Сег Харбор.

„Питер не знаеше дека е Ума кога првпат ѝ се обрати. Таа шеташе на плажата… и ја замоли да го гледа неговото куче додека плива“, тврди извор за порталот.

„Ума се согласи, внимаваше на неговото куче додека тој пливаше, а сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо вљубени и бараат да купат куќа заедно во Хемптонс“, додаде изворот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на мета на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата...

Македонија47 минути

Позитивни на Ковид-19 биле 24% од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од минатата недела...

Наука3 часа

Научниците предупредуваат: нема мраз на Арктикот

Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот сè уште не почнал да замрзнува, иако е крајот на октомври, што е...

Македонија3 часа

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 теста, од денеска ќе функционираат две одделенија

Во Институтот за јавно здравје од денеска, покрај постојното приемно одделение, ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант...

Македонија3 часа

„Фронт 21/42“: Експанзијата на мали хидроцентрали се заканува трајно да ги уништи нашите реки

„Фронт 21/42“ се приклучува кон манифестот потпишан од над 150 европски невладини организации, со кој се бара од Европската Унија,...

Македонија4 часа

Мицкоски: Поради пандемијата и загаденостa, хронично болните да се ослободат од работа

„Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство, Филипче, и до политичката...

Македонија5 часа

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта...

Регион5 часа

Коронавирус и во детското одделение во болница во Хрватска

Коронавирус има и во Хрватска на одделот за рехабилитација на деца во Специјалната болница за медицинска рехабилитација во Крапинска Топлица...

Регион5 часа

Во Бугарија 1.948 лекари се заразиле со Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 2.243 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс од почетокот...

Свет6 часа

Норвешка воведува нови ограничувања на јавни собири и божикни забави

Норвешка воведе ограничување на јавни собири од 50 лица далеку под претходниот максимум од 200 лица, а во исто време...

Свет6 часа

Кина воведува санкции за американските компании

Кина одлучи да воведе санкции за неколку американски компании поради нивната улога во продажба на оружје на Тајван. Портпаролот на...

Европа6 часа

Чешка воведува седумдневен полициски час

Чешката влада одлучи од утре да воведе седумдневен полициски час во земјата, од 21 до 5 часот наутро, и дополнително...

Македонија15 часа

Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вечерва на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на Ковид-19. „Би сакал да...

Свет17 часа

СЗО: Луѓето се уморни, но не смееме да се откажеме

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата...

Европа18 часа

Во Белгија се бара заразени лекари да продолжат со работа за да го спасат системот од колапс

Од докторите заразени со коронавирус во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс...

Македонија20 часа

15 починати и 247 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на...

Македонија24 часа

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија1 ден

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да може да се тестираат на Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа1 ден

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 ден

Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Досие