Забава
Вегетаријанците се поздрави иживета подолго
Уште во шеесетите години се истражува здравјето на личностите кои се придржуваат кон некои здрави начини на исхрана, првенствено вегетаријанците, многу од остражувањата покажуваат дека вегетаријанците живеат подолго
Резултатите од овие истражувања и во светот и кај нас се идентични: вегетаријанци се поздрави и во просек живеат подолго. Покрај тоа, се поголем број експерти во своите студии откриваат дека за така наречените цивилизациски болести (а тоа се пред се заболување на срцето и крвотокот, дијабетис, артритис и здебелување, кои како епидемија се шират во западниот свет) се предизвикани од претерано и неоправдано инсистирање на консумирање големи количини месо во исхраната. Од некогашното инсистирање за важноста на месото во исхраната, некои научни институции го имаат променето својот став, па сега го препорачуваат вегетаријанството. Американското здружение за исхрана, заедно со Канадското здружение за исхрана, на основа на обемни истражувања спроведени врз голем број на испитаници, дошле до заклучок кој се содржи во следнава препорака:„Добро планирана вегетаријанска исхрана е корисна во сите фази на животниот циклус, вклучувајќи ги и трудниците, раното детство и адолесценцијата. Вегетаријанската исхрана ни овозможува низа здравствени предности, вклучувајчи и ниско ниво заситени масти, холестерол и животински протеин, а поголемо ниво јаглени хидрати, растителни влакна, магнезиум, калиум, фолат и антиоскиданси, како што се витамин Ц и Е. Вегетаринците, според истражувањето, во просек имаат ниско ниво на телесен масен индекс отколку невегетаријанците, како и ниско ниво на смртни случаеви од срцеви заболувања, тие исто така имаат ниско ниво на холестерол во крвта, низок крвен притисок и мал процент на проблеми со високиот притисок, ниско ниво на распространет дијабетис, како и канцер на простата и дебелото црево.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.