Забава
Непушачите се попаметни од пушачите?
Пушачите имаат понизок квоциент на интелигенција од непушачите, а колку некој повеќе пуши, понизок му е IQ-то, вели една студија во кои учествувале 20 илјади израелски регрути на 18-годишна возраст
Д-р Марк Вајсер и неговите колеги од израелскиот медицински центар Шеба во Тел Шахомер откриле дека момчињата кои пушат пакетче цигари на ден имаат во просек 7,5 бодови понизок IQ од непушачите. Резултатите од нивното истражување се објавени во американското списание Addiction.За подобро да се разбере поврзаноста на пушењето и квоциентот интелигенција, научниците испитувале 20.211 испитаници во Израел. Меѓу испитаниците немало лица со психички болести, бидејќи на таквите служењето во израелската војска не им е дозволено. Меѓу испитаниците 68 отсто биле непушачи, додека 28 отсто биле пушачи а четири проценти биле поранешни пушачи. Со испитувањето било востановено дека пушачите имаа понизок IQ од непушачите, дури и кога од испитувањето ќе се исклучат факторите на социоекономскиот статус и претходното формално образование. Просечниот IQ каj непушачите изнесувал 101, а кај непушачите 94, покажало испитувањето. Квоциентот на интелигенцијата полека опаѓал со количеството испушени цигари. Па така изнесувал 98 кај оние кои пушат до пет цигари на ден, а 90 изнесувал кај оние кои пушат кутија и повеќе.Во истражувањето учествувале и 70 двојки близнаци од кое едниот брат е пушач а другиот не, и во тие случаи било забележано дека братот непушач е поинтелигентен од пушачот.Израелските научници врз основа на овие резултати заклучиле дека најверојатно лицата со понизок квоциент интелигенција попрво ќе посегнат по цигарата, отколку што пушењето ќе ги направи луѓето поглупи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.