Забава
Пресечени 6.000 дрвја поради секс
За да спречат многу парови да имаат секс под дрвјата на едно убаво парче земја во Велика Британија, властите решиле да ги пресечат
Официјалното објаснување е дека дрвјата се пресечени затоа што биле стари и имало опасност да паднат. Зато, велат надлежните пресечени се дрјвата покрај регионалниот пат А666. Дрвјата биле посадени по втората светска војна.Но, полицијата и локалната власт потврдиле дека има и друга причина за сечењето, а тоа е да ги обесхрабрат паровите кои оделе таму за секс.Наредникот во полицијата во Ланчестер, Марк Вилсон, вели дека сексуалните активности во шумата било многу загрижувачко за јавноста.„Рано е да се каже дали сечата на дрвјата имало некаков ефект врз навиката на луѓето да одат таму за секс, но ние ќе ја следиме ситуацијата“, вели Вилсон.Еден пратеник изјавува дека е многу среќен што се прекинала навиката шумата да се користи за секс.Но, сепак, активисти за заштита на природата ја критикуваат одлуката за сеча на дрвјата и тврдат дека тие немало да паднат сами од себе.За да се намали штетата дрвјата се пресечени вон сезоната за парење на птиците и животните што живеат таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина го прослави роденденот, а проговори со емотивна порака: „Се соочив со тешки факти“
Пејачката Северина Вучковиќ го прослави својот 52. роденден.
Северина Вучковиќ го прослави својот роденден во кругот на најблиските пријатели, а овој ден ѝ го збогатија и честитките од многубројни пријатели, колеги, соработници и членови на семејството.
По тој повод, Северина се огласи на својот инстаграм-профил, каде што објави серија фотографии со емотивна порака до сите што ја следат.
„Сакам да славам родендени, било мој или туѓ. Прославувањето на мојот роденден за мене е славење на животот што ми беше даден како подарок. Подарок што, кога ќе го добиете, има три опции. Можете да уживате во него и да го приспособите по ваш вкус и да ги исполните целиот свој потенцијал, божји дар и мисија. Или подарете го некому да ви го организира, но по неговите правила. Или водата нека го носи. Не ми се допаднаа другите две опциим иако не е дека немало обиди.
Го избрав првото, си го приспоспобив по мој стил и уживам секој ден, без разлика на околностите и предизвиците што ме спречуваат, ме влечат за ракави, ги истегнувам нозете, ги вежбам моите способности и ги тестирам нервите. Ти даваат тестови што треба да ги решиш, а животот секоја година ти дава последна оценка. Тоа е она што ве издвојува.
Од мене зависи дали ќе престанам или ќе продолжам да го живеам животот во потполност, без оглед на разните околности и тешките предизвици. Дали ќе ја тргнам раката што ми го влече ракавот и ќе чекорам напред во убавината на живеењето.
Престанав да чекам животот да биде лесен, престанав да чекам некој да ме спаси. Се соочив со тешки факти и поради тоа имам неверојатен живот за што сум благодарна и кој од ден на ден ме учи дека сите лекции што ми ги дал, без разлика дали се лоши или добри, не се ништо друго, освен одлично училиште, од кое можам да израснам како личност и со тоа што ќе растам мирно и љубопитно прифаќам понатамошни лекции што тој ги носи.
Со нетрпение ги очекувам, како и на овој ден кога се родив и кој постојано ме потсетува на тоа колку е скапоцен животот. Среќна сум што работам работа што ги прави другите среќни бидејќи токму за тоа сум создадена – да се насмевнувам од тага, да им помагам на другите и да им го направам животот што е можно поубав. Им благодарам на моето семејство и на моите пријатели за нивната безрезервна поддршка и во време на славење и во време на тага. Тоа е опасна војска. Можеби премногу зборувам, но ова се тие денови. Ви благодарам на сите за многуте честитки. Ве сакам“, заклучи Северина.
Забава
Се снима серија за Емануел и Брижит Макрон, би требало да ги глумат големи ѕвезди
Ѕвездите на Холивуд, Рајан Гослинг и Џулија Робертс, треба да ги играат Емануел Макрон и неговата сопруга во ТВ-драматизација на нивната врска, која почнала кога таа била негова професорка во средно училиште.
Најстарата француска филмска компанија Gaumont објави дека работи на драма од шест дела за врската меѓу претседателот и неговата сопруга Брижит. Главните улоги сè уште не се доделени, но за време на дискусијата за продукцијата на ТВ-мрежата BFM, Розелин Башело, поранешната француска министерка за култура, предложи актери што би сакала да ги види во главните улоги.
„Веднаш помислив на Рајан Гослинг бидејќи открив дека постои физичка сличност меѓу Емануел Макрон и него. А помислив и на Џулија Робертс“, рече таа.
Gaumont не го објави датумот кога ќе се прикажува серијата, но рече дека се работи на драма што ќе ја следи врската меѓу Емануел и Брижит. Ќе биде напишана од француските сценаристи Бенедикт Шарл и Оливие Пупоно, а секоја епизода ќе трае 45 минути.
„Брижит Макрон е фасцинантен лик, сакавме да ѝ пријдеме на романтичен, речиси мелодраматичен начин, поради романтичниот дух на нејзината судбина“, пишува „Фигаро“.
Приказната ќе почне во 1992 година кога 15-годишниот Макрон ја запознал својата идна сопруга, која тогаш имала 39 години, на една театарска работилница и гледачите ги носи сè до денес. Макрон имаше 29, а Брижит 54 кога се венчаа во 2007 година. Десет години подоцна тој стана претседател.
Забава
Некогаш беше голем холивудски заводник, а денес ретко кој би го препознал
Еден од некогашните големи холивудски заводници, Шон Пен, по долго време, е виден деновиве во Малибу, а фотографиите ја изненадија јавноста.
Годините видно го стигнаа 63-годишниот актер, сега неговата коса е целосно побелена и на почетокот тешко се препознава. Носеше бела кошула и црни панталони, а американските фотоагенции пишуваат дека само што се враќал од прошетка во близина на својата куќа.
Актерската кариера ја почна во 1982 година во комедијата „Златна доба во Риџмонт“ по што неговата кариера тргна по нагорна патека. Заедно со богатата актерска кариера Пен имаше и бурен љубовен живот. Тој беше во брак со Мадона четири години, од која се разведе во 1989 година.
Потоа, во 1996 година, почна романса со Робин Рајт. Двојката се разведе во 2010 година, а имаат две деца – ќерката Дилан и синот Хопер.
Една година беше во брак со актерката Лејла Џорџ, од која се разведе во 2021 година, а минатото лето беше виден со актерката Олга Коротјаева. Таа романса не траела, а холивудскиот заводник набргу бил виден со активистката Натали Кели, која е 24 години помлада од него.