Контакт

Забава

На Борнео откриени 123 нови животински видови

Објавено пред

Во последните три години во тропските шуми на Борено откриени се 123 нови видови, објави Светската фондација за заштита на природата (WWF)

dobivaj vesti na viber

Овие нови видови живот на планетата Земја се пронајдени на површина од 220 илјади квадратни километри густа прашума во централно Борнео, за кое се грижат Малезија, Индија, и Брунејскиот султанат, се наведува во соопштението на WWF.„Во просек отркивавме три нови вида месечно, така што во текот на последните три години се откриени 123 видови, со што во текот на последните 15 години бројката на новооткриени видови изнесува 600“, изјавил Адам Томашек, директор на програмата „Срцето на Борнео“, пренесува AFP. „Новите откритија го покажуваат богатството на биоразличноста на Борнео и ни даваат надеж дека ќе откриеме уште видови, од кои некои би можеле да придонесат за пронаоѓање лекови за тешките болести, како што е на пример СИДА-та“, додал Томашек.Во оваа област живеат десет видови примати, повеќе од 350 видови птици, 150 видови рептили и водоземци, и околу десет илјади растенија кои не можат да се сретнат на други места на планетава. На пример, меѓу споменатите 123 нови видови е жабата без бели дробови Barburula kalimantanensis, која беше откриена во 2008 г. , а е долга седум центиметри, со сплескана глава  која дише само преку кожата. Истата година е откриен и најдолгиот инсект на светот Phobaeticus chani чие тело без пипалата достигнува должина и до 36 центиметри. Тој излгеда како гранче па лесно се сокрива меѓу дрвата или другите растенија, а од овој вид откриени се само три единки. Еден од необичните видови е полжавот голтар за кого научниците како карактеристика велат дека е посебен по „љубовните стрелички“ со кои ги вбризгува хормоните за да ја зголеми репродуктивната способност на партнерот. Научниците од WWF повторно апелираа до трите држави да ја гаранатираат заштитата на биодиверзитетот во „Срцето на Борнео“. „Знаеме дека не може да се бара од трите влади да се откажат од развојот на рударството, шуамрството и садењето на маслодајнит епалми. Ние бараме да воспоствата рамнотежа меѓу заштитата и развојот за да не се наштети  на ова уникатно подрачје во светот“, потенцирал Томашек.Инаку, Индонезија и Малезија прозиведуваат дури 85 отсто од светското колиечство на масло од палма.  А ова проиџводство еколозите го наведуваат како една од главните причини за уништување на шумите (дефорестација), особено на Борнео. Притоа се нагласува дека оваа област во центарот на островот е нужноа за да се одржат енкои од загрозените видови, како што е на пример, џуџестиот слон, дамчестиот леопард, суматранскиот носорог и орангутанот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Најопасните години од животот за секој хороскопски знак

Објавено пред

Кои се најнестабилните фази во животот на сите хороскопски знаци и како да ги преживеете? Со помош на ѕвездената карта, сите знаци на зодијакот можат да се подготват навреме и да спречат непоправливи грешки кои се лесно можни во годините кои претставуваат пресвртница во нивните животи.

dobivaj vesti na viber

Астрологијата открива кои се најопасните години од животот

Овен
Речиси непробојниот Овен ризикува да изгуби самоконтрола на 19, 35 и 66 години. Во текот на овие значајни временски периоди, мора да одржувате критичка перцепција и емоционална флексибилност, тогаш сè ќе работи во ваша корист. По 45, типичен Овен ќе започне нов животен циклус, оставајќи ги зад себе сите пречки и таги од минатото.

Бик
За далекувидниот и одговорен Бик „фаталните пресвртници“ практично не се ни забележливи. Единствено на што треба да внимавате се промените кои се случуваат на 21, 27 и 38 години. Нерационалниот страв од новото и непознатото може да ве забави и блокира, а тоа не ви треба. Оди напред смело.

Близнаци
Штитениците на Меркур треба да обрнат внимание на датумите на годишнината. На 20 години ќе им биде тешко на многу Близнаци – во овој момент судбината почнува да ве тестира, искушувајќи ве на сите можни начини. Но, други тркалезни датуми ветуваат духовен напредок и материјален просперитет.

Рак
Соништата и надежите по правило се нереални – еве што ќе ги мачи типичните Ракови до 31 година. Нема потреба од очај, веќе на 35 години на вашиот животен хоризонт ќе се појават сосема опипливи перспективи. Главната работа е да не паднете во очај пред да наполните 40 години, а потоа кога ќе наполните 50 години, ќе се заблагодарите на судбината за многу благослови.

Лав
Лавовите се предодредени за многу пресвртни точки. Ќе мора да покажете волја на 22, 33, 36, 49, 55 и 76 години. Во исто време, секој успешно положен тест за сила ќе ви овозможи нови можности и дополнителни вештини.

Девица
Брзи подеми и болни падови ги чекаат типичните Девици на 17, 22, 24, 33, 44 и 48. Ова најмногу ќе се однесува на работата и финансиите. Но, по 55 години, многу претставници на знакот ќе се најдат на врвот на успехот и задоволството.

Вага
Опасните периоди на животот за Вагата паѓаат на 17, 24, 33, 40 и 48 години. Многумина ќе мора да го преиспитаат својот стил на комуникација за да избегнат проблеми и да преминат на следното ниво.

Шкорпија
Најопасните години од животот за Шкорпиите се 25, 34, 45 и 60. Во овие периоди, Шкорпиите очајно ќе се борат со самите себе, а внатрешната битка ќе се покаже како најтешкиот тест на судбината.

Стрелец
Стрелецот ќе мора да помине низ неколку животни лекции за да ја пронајде внатрешната рамнотежа и да ја пронајде вистинската смисла на животот. Подгответе се за ударите на судбината на 19, 33, 37, 39 и 50.

Јарец
За типичен Јарец, клучните пресвртници се поврзани со детството и староста: 8, 11, 15, 47, 51, 55, 61 и 79 години. Но, поголемиот дел од свесниот живот за конзервативните и одговорни претставници на знакот ќе биде стабилен.

Водолија
Водолијата во 12, 22, 24, 32, како и во 48 и 50 ја очекуваат судбоносни средби, познанства и настани. Главната работа не е да се заборави чувството за такт и барем малку дисциплина.

Риби
Различни изненадувања ќе се појават во личниот живот и професионалната сфера на Рибите на 13, 15, 25, 30 и 37 години. Дефинитивно е невозможно да се остане смирен на оваа возраст.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Дејвид Бекам објави снимка од тренинг, луѓето пишуваат: „Не сакам мојата сопруга да го види ова“

Објавено пред

Дејвид Бекамсе пофали на Инстаграм со видео на кое вежба без кошула и ги воодушеви своите фанови. 48-годишниот поранешен фудбалер покажа дел од напорните тренинзи, а фановите беа привлечени од неговите стомачни мускули, но и бројните тетоважи на телото.

dobivaj vesti na viber

„Ти си како виното, со годините се подобруваш“, „Секогаш си силен“, „Ова ми го разубави денот“ и „Не сакам жена ми да го види ова“, се само дел од коментарите на фановите.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Лопез објави фотографија од теретана, луѓето прашуваат: „Извинете, но кој е ова“

Објавено пред

Џенифер Лопез на својот Инстаграм профил објави селфи на кое позира во теретана во зелен спортски градник и хеланки, а фотографијата набрзо собра повеќе од милион лајкови, но и бројни негативни реакции.

dobivaj vesti na viber

„Кој оди во теретана со толку совршена шминка?“ праша еден следбеник, а друг додаде: „Не, ова е монтирана фотографија. Таа не е толку слаба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Извинете, но кој е ова“, праша трет, а некој забележа: „Луѓе, негативните коментари се бришат, ова е неверојатно“. Сепак, многу фанови застанаа во одбрана на 54-годишната пејачка.

„Ми е чудно зошто успешните, самоуверени жени на одредена возраст често се соочуваат со толку остри критики. Што ја мачи помладата генерација, нивната возраст или самодовербата? Наместо да ја мразите, настојувајте да бидете талентирани и остварени како неа! Таа прави што сака и тоа е за восхит“, е еден од коментарите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион28 минути

Почна нова детална потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион58 минути

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа1 час

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет1 час

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа2 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија14 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија16 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија17 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија18 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија20 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ21 час

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија21 час

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија21 час

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија24 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет24 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион1 ден

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет1 ден

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...