Забава
Со „Целугел“ во борба против целулитот
Направете нешто добро за изгледот на вашето тело, контролирајте го целулитот
„Целугел“, ребрендираниот антицелулитен гел на Реплек Фарм содржи добро искомбинирани природни супстанци (билни екстракти, антиоксиданси, каснтини) кои ја помагаат лимфната дренажа, микроциркулацијата и пропустливоста на крвните капилари, а со тоа се подобрува структурата на сврзното ткиво и придонесуваат за постигнување на прекрасен измазнет ефект на кожата.
Моќта на билните екстракти е огромна во третманот на целулитот, проблем кој го имаат 90 отсто од жените независно од нивните килограми.
Во антицелулитниот гел „Целугел“ има комбинација од билни екстракти кои придонесуваат за измазнување и затегнување на кожата која личи на кора од портокал.
„Сантела азиатика“ во модерниот фармацевтски свет често се применува како активна состојка во тоници, препарати за нега на тело, производи за зацврстување на телото, за зараснување на рани, препарати за нега кожата против стареење.
Клиничките извештаи од Европа покажале дека користењето креми кои содржат екстракт од бршлен, ги намалуваат и речиси отстрануваат стриите.
Екстрактите од див костен и семки од грозје исто така помагаат во одржувањето на тонусот кожата, намалување на целулитот и на обемот на нозете, бутините, задникот и стомакот. Кофеинот ги раствора масните грутки, ги отстранува разложените масти, заштитува од создавање на нови масни наслаги, го одржува тонусот и еластичноста на кожата. Витаминот Е додаден во козметичките производи за нега, игра важна улога против стареењето на кожата.
Помага на кожата да изгледа помладо со тоа што ја намалува појавата на плитки линии и брчки.
Новата ефикасна формула на „Целугел“ која ги содржи сите овие состојки придонесува за намалување, отстранување и спречување на целулитот, ревитализација и детоксикација на кожата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.