Забава
Јорданка бодибилдерка се бори против предрасудите
Кога имала 14 години Фара Малас се заколнала дека еден ден нејзините фотографии ќе бидат излепени на ѕидовите во вежбалниците
Првата Арапка што ќе се натпреварува на некое меѓународно натпреварување во бодибилдинг е 26-годишната Фара Малас од Јордан. На оваа убавица со изразено мускулесто тело, прекриено со тетоважи, воопшто не и е лесно во родната земја, каде што е секојдневно изложена на критики од сонародниците, па затоа многу страда. Но, се чини дека Фара е силна и физички и психички зашто ништо не ја поколебало да продолжи со секојдневните тренинзи во вежбалниците во Аман.”Сите се против мене. Никој не сфаќа зошто сакам да станам меѓународна ѕвезда во светот на бодибилдингот”, му вели таа на новинарот на Ројтерс.Оваа убавица има многубројни тетоважи на телото, што ја прави „подвижна мета“ за нејзините изразито конзервативни сонародници и им дава причина повеќе да ја презираат.Јорданците имаат исклучително строга идеја за „правилното“ однесување на жените, па кај нив се многу чести и т.н. убиства за одбрана на честа, чии жртви се млади жени за кои постои сомневање дека ја загубиле невиноста пред бракот. Меѓу тетоважите што го красат преубавото тело на Фара се голоград ангел на бутот, ангелски крилја на грбот и пораките „Некој си кога ќе престанеш да бидеш никој“ и „Само оној што те повредил може да ти ја излекува болката“ на рацете.”Тетоважите се дел од мене. Ми покажуваат која сум и по кој пат сакам да одам во животот. Да, тетовирањето боли, но таа болка истовремено врз мене има и терапевтско дејство зашто ми помага да го надвладеам внатрешното страдање, кое ме разјадува”, вели Фара, која често патува во Бејрут за тетовирање, а првата тетоважа ја ставила кога имала само 17 години.Фара Малас потекнува од добростоечко јорданско семејство со две ќерки. Нејзините родители се разведени, а Фара нема веќе никаков контакт со татко и, кој е бизнисмен, и со мајка и’, која често патува.Во септември годинава Фара ќе патува во Канада, каде што ќе учествува на аматерски натпревар во бодибилдинг во категоријата „фигура“, во која се пријавуваат билдерите што не сакаат да акумулираат преголеми бицепси.”Ако победам, потоа ќе може да учествувам и на професионалните натпреварувања”, вели Фара, која до остварувањето на сонот чекори по трнлив пат, полн пречки и предрасуди.Имено, таа има проблеми дури и со јорданскиот Сојуз за бодибилдинг, чии членови не се согласуваат да прифатат жена во своите редови. Таму дури и ја прашале како не се срами да парадира во бикини пред целиот свет. Фара засега добива поддршка само од јорданскиот бодибилдер Зеид ал-Фар. И тој ќе настапува во Торонто, па заедно ги делат трошоците за тренирање и заедно бараат спонзори. Но и тоа оди исклучително тешко зашто досега интерес покажале само еден сопственик на радиостаница од Аман и еден сопственик на ноќен клуб од Бејрут. Сепак, Фара не сака помош од семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Бјелогрлиќ ги откри деталите од третата сезона на „Сенки над Балканот“
Третиот циклус од популарната серија „Сенки над Балканот“, која публиката долго време ја чекаше со големо нетрпение, е во фаза на пишување, а како што најави режисерот и актер Драган Бјелогрлиќ, снимањето ќе започне во крајот на летото.
Драган Бјелогрлиќ и неговиот тим соработници интензивно работат на сценариото за третата сезона на една од најпопуларните серии на нашите простори „Сенки над Балканот“, а овој пат актерската екипа ќе ја комплетираат Нина Јанковиќ, Милан Мариќ и Милош Биковиќ во Јосип Броз Тито, пишува nova.rs.
„Во моментов пишуваме. Сенките се многу тежок проект за мене, но страшно инспиративен“, започна Бјелогрлиќ опишувајќи го процесот на создавање:
„Многу се плашам кога влегувам во процесот на пишување, а по процесот на снимање и се останато, толку ме обземаат „сенките“ што веќе не можам да правам ништо друго и да се занимавам со ништо. Веќе сум на возраст кога би сакал да живеам малку поопуштено, затоа и го одложив. Сепак, влеговме во процесот на пишување, ја напишавме целата приказна, првите две епизоди се завршени, сега ја пишуваме третата. Се надевам дека се ќе биде готово до август и дека снимањето ќе започне во текот на август, дека ќе завршиме до Нова година и дека ќе се емитува напролет“.
Во серијата покрај стандардните ликови ќе бидат и Милан Мариќ, Нина Јанковиќ и Милош Биковиќ, а Драган Бјелогрлиќ го откина временскиот период што ќе се прикажува во третиот циклус од популарната серија.
„Имаме работа со периодот од 1939 година, приказната започнува кога Милан Стојадиновиќ распишува избори, тоа беа многу важни избори на кои победи, но не дојде на власт, го наследи принцот Павле. Тоа беше многу значајна година, кога на сите им беше јасно дека доаѓа голема војна, дека светот нема да изгледа како порано и дека секој има свои планови. Можам да кажам дека една од најголемите мистерии се случува на панините Ртањ“, ги откри деталите режисерот Драган Бјелогрлиќ и ја заинтригира публиката која со нетрпение го очекува продолжението на популарната серија:
„Во Србија има многу мистицизам. Го избравме Ртањ од друга причина, а Ртањ е интересен поради легендите, по населението што живее таму и верува во секакви работи и затоа што таму имаше некои рудници“.
Дали овој трет циклус ќе ја заврши приказната останува да видиме. Но, едно е сигурно, а тоа е дека сите со нетрпение ја очекуваат новата и возбудлива приказна за своите омилени херои, кои ги толкуваат: Драган Бјелогрлиќ, Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Наташа Нинковиќ, Небојша Дугалиќ, Ненад Јездиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Горан Богдан, Јована Стојиљковиќ.
Забава
Фустаните на принцезата Дијана изложени во Хонг Конг пред аукцијата
Светложолтата јакна обложена на рамениците и украсена со блескави златни копчиња, која ја носеше принцезата Дијана на патувањето во Хонг Конг во 1989 година, ќе биде една од шесте нејзини парчиња изложени во поранешната британска колонија пред аукцијата закажана за јуни.
Колекцијата на фустани, чевли и чанти на принцезата од Велс е изложена во трговскиот центар во Хонг Конг во следните 12 дена од четврток пред колекцијата да се пресели во Ирска до аукцијата на 27 јуни. Принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, ја диктираше модата секогаш кога се облекуваше и излегуваше, рече Мартин Нолан, директор на аукциската куќа „Џулиен“ со седиште во Калифорнија.
Познатата јакна од нарциси на дизајнерката Кетрин Вокер би можела да достигне цена од 50.000 долари, а синиот вечерен фустан со ѕвездички би можел да достигне цена од 400.000 долари. Принцезата го носеше овој фустан од дизајнерот Мареј Арбејд на премиерата на „Фантом од операта“ во 1986 година во Вест Енд, Лондон.
Изложени е и вечерната тоалета со свила и тантела од дизајнерот Виктор Еделштајн и цветната тоалета на Кетрин Вокер, што Дијана ја носеше во 1991 година.
Еден од посетителите, 69-годишниот Фунг, се присетува како толпата се насобрала на улиците на Хонг Конг кога Дијана пристигнала во тој град во 1989 година. „Таа беше харизматична, грижлива и посветена на добротворната работа. Затоа е исклучително почитувана во Хонг Конг“, вели Фунг.
Во 2023 година аукциската куќа „Џулиен“ продаде вечерен фустан на принцезата Дијана за рекордни 1,14 милион долари.
Забава
Најдобри љубовници во зодијакот: четири знаци што немаат конкуренција
Дали сте љубопитни кои хороскопски знаци се огнени во креветот и маѓепсуваат со својот неодолив шарм и магнетна привлечност? Астрологијата ги открива тајните на сексуалната компатибилност.
Без разлика дали барате огнена страст или сензуална интимност, разбирањето на астролошките особини на вашиот партнер може да го однесе вашиот љубовен живот на нови височини.
Овие четири хороскопски знаци се познати по своите извонредни вештини во областа на интимноста:
1. Шкорпија
Шкорпиите се олицетворение на интензитет и страст. Со ненаситен апетит за задоволство ги оставаат без здив партнерите со своите заводливи вештини.
Нивната магнетна привлечност ги вовлекува другите во нивната мрежа на желби, каде што секој нивни допир го разгорува пламенот на страста. Во спалната соба Шкорпиите се бестрашни истражувачи, кои не се плашат да се нурнат во најдлабоките зони на интимност. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат желбите на партнерот создавајќи врска што го надминува физичкото.
2. Лав
Лавовите зрачат со самодоверба и во и надвор од спалната соба. Со својата магнетна харизма и енергија тие ги освојуваат партнерите со својот разигран и авантуристички дух. Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, а нивниот ентузијазам за задоволство нема граници. Во спалната соба тие зрачат со страст и креативност, а секоја средба ја претвораат во возбудлив спектакл. Со Лавовите очекувајте огномет и незаборавно искуство, кое ќе ве натера да сакате повеќе.
3. Бик
Бикот е синоним за сензуалност и уживање.
Како земјени знаци, тие се длабоко поврзани со физичкиот свет и уживаат во задоволствата што ги нуди. Бикот одлучно пристапува кон интимноста уживајќи во секој момент и препуштајќи им се на пофините работи во животот. Во спалната соба тие се внимателни љубовници, кои одвојуваат време да ја истражат секоја сензуалност и да ги исполнат желбите на партнерот. Со Бикот очекувајте фантастично искуство во креветот.
4. Вага
Вагите се мајстори за хармонија и рамнотежа. Со нивното шармантно однесување и силно чувство на емпатија тие без напор се поврзуваат со своите партнери на длабоко емотивно ниво. Во спалната соба Вагите им даваат приоритет на комуникацијата и заедничкото задоволство и создаваат безбедна и стимулативна средина за истражување. Тие се внимателни љубовници, кои секогаш се трудат да создадат чувство на хармонија и поврзаност што ја надминува физичката област.