Контакт

Забава

Рускиот математички гениј повторно одби милион долари

Објавено пред

Рускиот математички гениј Григориј Перелман откако го реши математичкиот проблем поставен пред сто години познат како Поинкареова хипотеза уште еднаш ја одби наградата од милион долари

dobivaj vesti na viber

The Clay Mathematics Institute (CMI) од Кембриџ соопшти дека Григориј Перелман ги зивестил повторно дека нема да ја подигне наградта од милион доалри која беше распишана за решавање на математичкиот проблем стар цел еден век. „Ја одбив наградата, Галванат причина е несогласувањето со организиаранат математичак заедница. Не ги сакам нивнит еодлуку. Сметам дека не се чесни“, изјави Перелман во петок за агенцијата Интерфакс.Генијалниот математичар и во март одби да ја прими наградата од милион долари која ја освои бидејќи во 2002 г. го откри решението на повеќе од сто години стариот математички проблем Поинкареовата хипотезаЧетириесет ичетри годишниот Перелман живее во Санкт Петербург во многу скромни услови а истовремено е најпаметниот човек на светот.Тој и покрај скромните животни услови генијалецот тогаш а Daily Mail изјави дека не му се потребни ниту слава, ниту пари, објаснувајќи дека од таа причина и одбил да го прими и престижниот медал кој му го додели Меѓународниот сојуз на математичарите, исто така за решавањето на Поинкареовата хипотеза.Clay Mathematics Institute (CMI) пред многу години објави дека ќе додели награда од милион долари за оној што ќе понуди точно решение на овој математички проблем кој со децении им задаваше главоболки на врвните светки математички научници и математичари.До 2003 г. Перелман работел како истражувач во престижниот Математички институт Стеклов во Санкт Петербур, кој го напуиштил а истата таа година во Кембриџ го испратил ни решението на Поинкареовата  хипотеза. Институтот Клеј неговото решение го подвргнал на строги проверки, по кои дури по четири години е востановено дека решението на Перелмна е точно и дека рускиот математичар ја заслужува наградата.Меѓутоа Перелман ги одби и парите и медалот, објаснувајќи дека тоа не му е потребно, бидејќи „има се’ што посакува“ и дека парите и славата не го интересираат.По оваа изјава, медиумите се заинтересираа за овој генијалец чија постапка е несфатлива за другите луѓе, откривајќи дека тој живее во мал стан во вториот по големина руски град, во кој од покуќнина има само една маса, кревет и шифоњер.Поинкареовата хипотенуза инаку е еден од седумте математички проблеми за шие решение кембричкиот математички институт распишал милион долари, а всушност претставува тополошки проблем според кој секој тродимензионален простор кој нема дупки, е поврзан и конечен, всушност е еквивалентен на развлечена сфера.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Објавено пред

„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога – Bitsiani!

dobivaj vesti na viber

Познатиот бренд оваа пролет има нова колекција подготвена со идеја момците да ја сменат „играта“. Како? Да одберат нешто поинакво, свежо и светски!

Bitsiani водичот за оваа матурска сезона вели дека боите се тренд број еден. Од сини до пастелно розови комбинации, во нив се инкорпорирани младешката енергија, смелост и живот! Нема простор за здодевност на матурската забава, па дури и кога се работи за изгледот. Лежерната елегантност која се содржи во кројот овозможува удобност и лесни движења во вечерта кога треба навистина да доминираат.

За момците кои сакаат нешто уште похрабро – одела со принт или уште повеќе – принт + боја. Одличен начин да се спои новото со класичното. Да се привлече внимание, но со вистинската доза на стил и уникатност. Супер избор за оние кои уживаат да привлекуваат погледи.

Не ги забораваме ниту момците кои за ваква (или било која друга) свечена пригода би ѝ дале предност на елеганцијата и безвременоста. Кога некој сака вака да изгледа, одбира црно струкирано Bitsiani одело и добриот впечаток е веќе загарантиран.

Секако дека овде понудата на Bitsiani не завршува, но е добар вовед во она што можеш да го очекуваш оваа пролет кога ќе имаш многу причини за славење.

Биди добро облечен Bitsiani фраер со манири! А ако ти треба совет или сугестија како да издоминираш во оваа сезона на прослави, тимот на Bitsiani е секогаш тука за да ти помогне да ја понесеш уникатноста со стил!

Организација и реализација: Fashion Group
Фотограф: Мартин Трајановски
Локации: Клуб Хазард, Куглана Мусандра, Тениски клуб Александар Палас
Модели: Ќамил, Лука и Давид

ПР

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) „Сила и нервоза“ нов сингл на „Суперхикс“ и „Фолтин“

Објавено пред

По долго крчкање, конечно излезе најновиот албум на „Суперхикс“, со наслов како и истоимениот сингл „Сила и нервоза“.

dobivaj vesti na viber

Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство и носи една локална, многу вистинита порака. Снимен во студиото „Тра ла ла“ под продуцентска палка на Мите Димовски. Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.

Албумот е веќе поставен на сите можни музички платформи, а се наоѓа и во цеде-формат. Набргу следува и винилот.

Прикажи повеќе...

Забава

Најдобрите цимери во Зодијакот: животот го прават полесен

Објавено пред

Тешко е да се најдат добри цимери. Тие често забораваат да го платат својот дел од киријата или едноставно се премногу мрзливи да го завршат својот дел од работата. Но, ако знаете кои се најдобрите цимери од Зодијакот, тогаш имате мала предност во изборот.

dobivaj vesti na viber

Најдобри цимери се оние кои се грижат за вашиот личен простор, како и за поделбата на обврските и работата. Иако секој има различна идеја за тоа што е добар цимер, постојат одредени работи кои ни се допаѓаат на сите. Обично е идеално ако не сте зависни еден од друг, а сепак кога ви треба друштво, тие се таму. Од астролошка страна, најдобри цимери се оние кои имаат чувство за правичност, што ги намалува шансите за досадни и ситни конфликти.

Најдобрите цимери во Зодијакот

Бик
Животот со Бик е лесен како ветре. Тие се многу сигурни и ја ценат удобната средина за живеење. Ова значи дека никогаш нема да остават садови неизмиени или да заборават да го платат својот дел од сметката. Биковите едноставно сакаат да ги чуваат своите убави нешта во добра состојба, па сигурно нема да најдете влажни алишта оставени во машината за перење.

Ова е знак со кој владее Венера, планетата на луксузот, па многу е можно дека со нив ќе уживате во неверојатен внатрешен дизајн. Доколку одат во шопинг, бидете сигурни дека ќе се вратат со најдобрите светилки и естетски совршени детали кои ќе се вклопат во вашиот дом.

Покрај тоа, ова е знак кој ќе избегне типични расправии со цимерите. Затоа, сигурно нема да дојдете во конфликт со нив поради намалената температура на термостатот или поради вклученото светло. Сè што треба да направите е да ја почитувате нивната рутина и да им помогнете со неколку задолженија. Наскоро ќе се чувствувате како да живеете со вашиот најдобар пријател.

Вага
Нема подобри цимери од Вагите. Ќе се потрудат да создадат пријатна средина за секого, па се позиционираат и како вистински домаќини. Ќе размислат однапред и ќе ви прават слатки услуги, како што е утринското кафе или да проверат дали ви треба нешто кога ќе одат до продавница.

Претставниците на овој знак се познати по дипломатското размислување и желбата да воспостават хармонија. Расправиите со него не траат повеќе од пет минути. Тие едноставно ќе свикаат итен состанок и ќе се погрижат да укажат на проблемот и нема да се откажат додека не се реши.

Од друга страна, немаат проблем да прифатат конструктивна критика без лутина. Ова значи дека секогаш можете да им кажете дали имате проблем со нивните навики без оглед на тоа како тие реагираат. Покрај тоа, тие се многу комуникативни и добри пријатели, па можете да сметате на нив за возбудливи забави во петок навечер.

Водолија
Доколку барате опуштени цимери кои претежно остануваат во нивната соба, тогаш Водолијата е она што ви треба. Овој воздушен знак е неверојатно опуштен и прилагодлив, па ќе ја почитува сечија потреба за личен простор.

Никогаш нема да ги фатите како ви висат над глава или проверуваат што сте направиле. Ако изгледате зафатено, ќе го препознаат и ќе ви се тргнат од патот. Од друга страна, ако барате интересно друштво, тие се повторно тука.

Исто така, нема да биде проблем ако се вратите со маче кое сте го нашле на улица или партнерот остане подолго од договореното. Нивната хуманитарна природа е таа што ќе обезбеди секој да се чувствува како дома кога е во вашиот дом.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија8 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија8 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија9 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет9 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет9 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија10 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион11 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет11 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет12 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион12 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија21 час

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија22 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...