Забава
Тенејџер преживеа пад од 16-ти кат
Петнаесетгодишен тинејџер од Нов Зеланд со чудо само со мали повреди преживел пад од 16-ти кат од зградата во којa живее со неговите родители, јавија во понедeлник локалните медиуми
Како што пренесува Reuters, весникот The New Zealand Herald пишува дека момчето паднало од балкон од станот во градот Манукау крај Окланд. Тој паѓал од височина од околу 50 метри, пробивајќи низ гаражи и треснал на бетон, Но за среќа го скршил само глуждот, едно ребро, ја нагмечил ногата и има полесни повреди на внатрешните органи.Лекарите биле зачудени што момчето воопшто преживеало, бидејќи обично и падовите од петти кат се најчесто смртоносни. Тие претпоставуват дека среќна околност било што не удрил прво со главата и што сепак покривот од гаражата му го спасил животот. Весникот напишал дека заради заштита на приватноста, не го објавува името на момчето.РИА Новости пренесува информации од новозеландските електронски медиуми кои наведуваар дека момчето играло на балконот пред да се преврти преку заштитаната ограда. Очевидци рекле дека при падот се слушнал силен звук за кој мислеле дека е сообраќајна несреќасметале дека дека Kako Според весникот, момчето беше игра на балконот, и одеднаш падна од него паѓа преку покривот на паркинг пред притискање на бетонскиот под.Лекарите од болницата Мидлмор во која било прегледано момчето рекле дека направиле детални прегледи кои покажуваат само полесни повреди имајќи ја предвид височианта од која паднало момчето. Џејсон Ипс-Идес кој менаџирал со станбениот блок од кој паднало момчето, рекол дека покривот на паркингот најверојатно му го спасило животот на момчето. „Тој ќе биде во ред, Неверојатно е што воопшто преживеа“, рекол Идес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.