Забава
Најскапиот десерт на светот чини 15 илјади фунти
Познатата слаткарница „Serendipity 3“ во Њујорк ги прави најскапите десерти на светот а еден од нив е и купот наречен Frrrozen Haute Chocolate кој чини дури 18.925 евра и како таков е забележен во Гинисовата книга на рекорди
Покрај овој најскап десерт на светот, ексклузивно во слаткарницата го служат и Grand Opulence Sundae кој чини 650 фунти или илјада евра, од кој се продадени само 200 порции од 2005 г. досега.Секој десерт содржи 24-каратно швајцарско злато кое може да се јаде, а обвиткан е со 23-каратна златна хартија. Тајната на овој слаткарски делиактес, сепак, се состои во тоа што е приготвен како смеса од 14 многу ретки и тајни видови какао. Овие луксузни десерти ги прават професионални слаткари а за да ги вкусите ќе мора да се најавите од два до седум дена однапред, пишува Daily Mail.Овие скапи десерти се прават од најскапата ванила од Тахити и Мадагаскар. Секој сладолед се чува во кристални садови.Најскапите десерти се состојат од најскапото и најреткото чоколадо „Амадеи Порцелана“ кое се произведува во Венецуела, кандирано овошје од Париз а на врвот на сладоледот прелиен е американскиот кавијар Grand Passion без сол, помешан со портокал, тропско овошје и коњакот „Армањак“.Десертот се конзумира со осумнаесеткаратна златна лажичка.Креатор на овие два деликатеса е 48-годишниот шеф на кујната слаткарницата, Џо Калдероне. Од „Serendipity 3“ каде што ги уриваат сите рекорди кога е во прашање цена на храната, велат дека сите средства од продадените Frrrozen Haute Chocolate ќе одат во добротворни цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот за прв пат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови како што се песните Суада, Каја, Подобро пијан отколку стар, Сава тихо тече, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето Нови Примитивци, во кое беа вклучени и Забрането пушење, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во вкупно над 5 милиони примероци, а неколку пати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега, во интервју за „Вог“, Дион меѓу другото проговори и за својата болест и рече дека живее „ден по ден“.
Како уметник кој настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека и било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично, или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Vogue“ признала и колку и било тешко откако ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: „Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ „Животот не ти дава одговори. Тоа е се што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одморот каде покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.