Забава
Тужи компанија затоа што станал зависен од нејзина видео игра
Американец поднел тужба против компанијата NCSoft бидејќи станал зависност од нивната популарна видео игра Lineage II
Американецот од Хаваите Крег Смејлвуд решил да ја тужи јужнокорејската компанија NCSoft, која е производител на компјутерски видео игри, бидејќи станал зависник од нивната игра Lineage II.Смајлвуд тврди дека од 2004 г. од кога почнал интензивно да ја игра оваа видео игра, станал толку зависен што станал потполно неспособен за водење нормален живот. Како што навел во тужбеното барање, тој буквално веќе не можел да стане од столчето пред компјутерот, дека не може нормално да јаде и да спие, ниту, пак, да комуницира со неговото семејство и со пријателите.Светските агенции пренесувајќи ја информацијата ја додаваат и неговата изјава дека во периодот од 2004 г. до 2009 г. ја играл Lineage II цели 20 илјади часа, и тврди дека компанијата не ги предупредила купувачите и корисниците на видео играта дела таа е потенцијално опасна и дека може да создаде зависност. Затоа Смајлвуд бара од компанијата NCSoft бара отштета во висина од три милиони долари. Во информацијата се додава дека на Смајлвуд му било дозволено да ја поднесе тужбата за небрежност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.