Забава
Побарани шест милиони долари за украдената слика на Ван Гог
Неидентификувано лице се јавило во центарот за безбедност на египетското министерство за култура барајќи откуп од шест милиони долари за враќање на сликата што наводно била кај него на Винсент Ван Гог украден минатиот месец, пишува во недела порталот EGYnews
Износот кој е побаран претставува помалку од десет отсто од проценетата вредност на сликата на холандскиот мајстор Винсент Ван Гог „Афионови цветови“ („Вазна со цвеќе“) која е проценета на над 50 милиони долари. Иако не се изнесени други детали, извори од египетското министерство за култура рекле дека ова претставувало барем искра надеж дека сликата може повторно да биде вратена во музејот.Меѓутоа, безбедносните служби го пронашле телефонски број од кој бил упатен повикот за откуп и се утврдило дека повикот дошол од работилница за обработување кожа. Тој рекол дека финансиски тешкотии во бизнисот го принудиле да размислува да го измами министерството за култура, за да дојде до потребните пари. Телефонскиот измамник е уапсен, и го очекува. Во меѓувреме, египетски милијардер Нагиб Савејрас, кого го сметаат за најбогатиот човек на Египет и на целиот Среден Исток вети дека ќе плати милион египетски фунти (околу 176 илјади долари) за секоја информација која ќе помогне да се лоцира украдената слика. Под обвинение за небрежност фунционер од египетското министерство за култура и уште четири лица вработени во музејот во Каиро беа уапсени во рамките на истрагата за кражбата на скапата слика на холандскиот мајстор. Сликата беше украдена на 21-ви август од Музејот на Махмуд Халил на западниот брег од Нил во ехипетската престолнина. Музејот по кражбата беше затворен и во него се извршуваат реконструкции на безбедносниот систем. Исто така од истите причини затворени се и некои познаајни египетски музеи.Раководителот на одделот за убави уметности при египетсткото министерство за култура, Мохсен Шаалан и уште четворица вработени во музејот се обвинети за пропуст, односно дека не ги спроведувале строгите безбедносни мерки за музејска заштита на вредните експонати.Државниот обвинител на Египет, Андел-Мегвид Махмуд тврди дека за кражбата е виновен недоволно фунцкионалниот безбедносен систем и дека во музејот во времето на кражбата не работел ниту еден аларам, како и дека биле вклучени само седум од вкупно дури 47 камери за надзор во просториите на музејот. Музејот е отворен во 1962 г. А името го добил по египетскиот политичар Мохамед Махмуд Халил кој заедно со неговата сопруга Французинкс биле страсни собирачи на уметнички дела. Во него се чува збирката од повеќе од 300 дела, меѓу кои и дела на Моне, Тулуз-Лотрек, Гоген и Роден, и претставува најголемата и најскапа збирка на слики и уметнички дела од европскат ауметност од 19. и 20-от век на Блискиот исток. Останува нејасна судбината на сликата на славниот холандски уметник, и покрај првичната изјава на египетскиот министер за култура дека е најдена. Египетскиот министер за култура, Фарук Хосни истиот ден кога беше извршена кражбата објави дека сликаат е пронајдена и дека во врска со тоа се уапсени двајца италијански државјани, но подоцна појасни дека „претходните информации не биле прецизни и ни биле потврдени од релевантните агенции“.Сликата беше украдена во сабота претпладне по отворање на музејот, а тоа беше соопштено дури попладнето. Ова е вторпат оваа иста слика да биде украдена од каирскиот музеј. Првиот пат тоа се случи во 1977 г. но тогаш беше пронајдена по дури десет години. Тогаш египетската полиција не го кажа иднетитетот на крадците, како сликата е украдена и каде и како е пронајдена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мрачните страни на секој од хороскопските знаци
Секој хороскопски знак носи своја темна страна која може да биде предизвик, но нуди и можност за личен раст и развој. Разбирањето и прифаќањето на овие помалку светли аспекти на нашите астролошки профили може да ни помогне да станеме подобри верзии на себе.
Што се крие во сенката на секој хороскопски знак.
Овен: Импулсивност и агресивност
Овните се познати по својата храброст и енергија, но нивната импулсивност може да ги доведе во неволја. Тие се склони кон ненадејни реакции и понекогаш агресивно однесување кога работите не одат според нивниот план.
Бик: Посесивност и материјализам
Бикот ја цени сигурноста и удобноста, што може да ги доведе до прекумерна посесивност и материјализам. Тие имаат тенденција да акумулираат имот до тој степен што може да ги задуши другите аспекти од нивниот живот.
Близнаци: Неконстантност и дволичност
Близнаците се прилагодливи и комуникативни, но нивната способност да ги гледаат работите од различни перспективи може да ги направи непостојани, а понекогаш и со две лица, збунувајќи ги оние околу нив.
Рак: Преосетливост и манипулативност
Раковите се исклучително емотивни и сочувствителни, но нивната пречувствителност може да ги доведе до емоционална манипулација со цел да го заштитат своето ранливо срце.
Лав: Егоизам и доминација
Лавовите се родени како лидери и сакаат да бидат во центарот на вниманието, но нивното его може да прерасне во себичност и потреба да доминираат, што може да ги отуѓи другите.
Девица: Перфекционизам и критичност
Девиците се познати по тоа што се методички и аналитички настроени, но нивниот перфекционизам може да доведе до парализа на анализата и прекумерна критика кон себе и кон другите.
Вага: Неодлучност
Вагите се стремат кон хармонија и рамнотежа, но нивната потреба да им угодат на сите може да резултира со неодлучност. Исто така, нивната фасцинација со убавината може да ги наведе да прават површни проценки на луѓето и ситуациите.
Шкорпија: Опсесивност и одмаздољубивост
Шкорпиите се интензивни и страсни, но нивните длабоки емоционални вложувања можат да станат опсесивни. Кога се повредени, можат да бидат крајно одмаздољубиви.
Стрелец: Непромисленост и тактичност
Стрелците се познати по својата искреност и оптимизам, но нивната директност може да биде непромислена и да ги повреди другите. Исто така, нивната желба за слобода може да ги доведе до неодговорно однесување.
Јарец: Песимизам и непопустливост
Јарците се дисциплинирани и амбициозни, но нивната тенденција да го гледаат светот црно-бело може да ги направи песимисти и крајно непопустливи.
Водолија: Отсуство и студенило
Водолиите се иновативни и неконвенционални, но нивната потреба за индивидуалност може да ги направи емотивно отсутни и ладни, што го отежнува градењето длабоки врски.
Риби: Се жртвуваат и бегаат од реалноста
Рибите се сочувствителни и интуитивни, но нивната тенденција да се жртвуваат за другите може да ги истроши. Исто така, нивната желба да избегаат од реалноста може да ги доведе до нездрави облици на бегство.
Забава
Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата
Серијата „Симпсонови“, која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови, Лери – редовен гостин во Moe’s Tavern, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.
Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откога мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.
Потоа четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.
Иако беше тивок лик, кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во Moe’s Tavern уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.
Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.