Контакт

Забава

Италијанска парламентарка со бебе во рацете на седница

Објавено пред

Италијанската ервопарламентарка, Луција Ронзули, направила сензација во Европскиот парламент во Стразбур присуствувајќи на пленарна седница со едномесечно бебе во рацете. Луција добила аплауз од своите колеги, пред да побара поголеми права за жените

„Овде сум симболично со мојата ќерка Викторија да покажам дека мислам на сите жени во светот кои не можат да ги спојат во едно вработувањето и бременоста, професионалниот со семејниот живот. Сакам европските институции повеќе да се ангажираат околу ова прашање, почнувајќи од Европскиот парламет за сите да можеме да имаме среќни два живота“, рекла Ронзули.Триесет ипет годишната Луција Ронзули е членка на групата на европските конзервативци во Европскиот парламент, а нејзината ќерка Викторија е родена на 10 август годинава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Роберт де Ниро, Мајк Маерс, Крис Рок во мистериозен филм на Дејвид Расел

Објавено пред

Тој се врати за својот прв филм по повеќе од пет години.

Режисерот Дејвид О. Расел продолжува да регрутира големи имиња за својот строго доверлив проект, кој моментно се снима во јужна Калифорнија.

Во најавата за филмот медиумите пишуваат дека новиот проект е голема мистерија бидејќи ништо не се открива за содржината.

А во четвртокот „Дедлајн“ објави три големи имиња во актерската екипа – Роберт де Ниро, Мајк Мајерс и Крис Рок.

Ова ќе биде вторпат Де Ниро да работи со овој режисер. Тој претходно глумеше во Silver Linings Playbook со Џенифер Лоренс и Бредли Купер.

Регрутирањето познати актери не запира тука. На екипата ќе ѝ се придружи и Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на хит-серијата на „Нетфликс“, „Дамски гамбит“ (The Queen’s Gambit), во која таа покажа извонредна глума.

Прикажи повеќе...

Забава

Џесика Честејн, поборник за силата на жените, во насловната сторија на „Шејп“

Објавено пред

Џесика Честејн ја краси насловната страница на списанието „Шејп“, во двомесечно издание јануари/февруари.

43-годишната црвенокоса бомба разговара со женскиот магазин за здравје во врска со нејзиниот пристап кон фитнесот и храната, и поплочувањето на патот на жените во Холивуд во борбата за фер плата.

Позирајќи во живописни неонски бои, актерката на Zero Dark Thirtу се отвори за својата мисија да ја искористи својата платформа за „вистинска акција“, како што рече.

Ветеранка во филмската индустрија, која може да се пофали со две номинации за „Оскар“, Честејн открива дека таа е повеќе од убаво лице додека зборува за вложувањето напори за да се направи промена во Холивуд.

Прикажи повеќе...

Забава

„Во нашите срца засекогаш“: Селин Дион на петтата годишнина од смртта на сопругот Рене Анжелил

Објавено пред

Селин Дион во четвртокот му оддаде почит на покојниот сопруг Рене Анжелил на петтата годишнина од неговата смрт.

Музичката дива (52) на својот Инстаграм-профил сподели фотографија на која се гледаат двајцата како се држат за раце.

Во описот на објавата, таа напиша: „Рене, поминаа веќе 5 години … Нема ден да не мислиме на тебе.“

„Ти си во нашите срца и во нашите животи засекогаш. Те сакаме, Селин, Рене-Чарлс, Нелсон и Еди.“

Канадската дива, еден од најмоќните вокали во светот, беше во брак со нејзиниот менаџер од 1995 година до неговата смрт од рак на 73-годишна возраст.

Двојката имаше три сина заедно, Рене-Чарлс кој сега има 19 години, и близнаците Нелсон и Еди (10).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 361 случаи на коронавирус, оздравени се 2.116 пациенти, а починаа 14 лица

Во последните 24 часа се направени 2176 тестирања, а регистрирани се 361 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-164, Куманово-17, Тетово-12,...

Македонија3 часа

Опозицијата обвинува за доцнење со вакцините, власта тврди дека обезбедува вакцини преку три механизми

Преку три механизми, Владата предводена од СДСМ обезбедува вакцини против ковид-19, за 60 отсто од населението, реагира владејачкиот СДСМ откако...

Македонија4 часа

(Видео) Во Охрид затворен угостителски објект, затекнати Русинки и Украинки кои работеле на црно

Сопственик на угостителски објект во Охрид заработи кривични пријави бидејќи синоќа работел по 18 часот и покрај тоа што претходно му...

Европа7 часа

Меркел доби наследник на чело на ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Спорт8 часа

Македонија на поправен против Египет

Денес на 27. Светско првенство во ракомет, Македонија за противник ќе го има домаќинот на турнирот Египет. Македонија против Египет...

Регион8 часа

(Видео) Во Србија пристигнаа милион дози од кинеската вакцина, Вучиќ ќе се вакцинира со неа

„Ние сме првата земја во Европа што ја доби кинеската вакцина. Јас најверојатно ќе бидам претставникот на власта што прв...

Свет9 часа

СЗО е против ковид пасоши: „Светот е збунет и парализиран“

Светската здравствена организација (СЗО) ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет. Ова...

Свет9 часа

Бајден најави вакцинирање на 100 милиони Американци за 100 дена

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претстави план во кој ја објасни намерата за вакцинирање на 100...

Македонија9 часа

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за пописот се на спротивната страна на државните и националните интереси

Владејачкиот СДСМ верува дека ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивното, неодговорно и антидржавно, а  сега кога пред пратениците во собранието е законот...

Свет20 часа

Велика Британија од понеделник ги затвора сите коридори за патување

Велика Британија ги зајакнува граничните контроли за да спречи нови видови на коронавирус да влезат на нејзината територија, суспендирајќи ги...

Свет22 часа

„Сигнал“ има технички проблеми откога за една недела стекна 40 милиони корисници

Шифрираната услуга за пораки „Сигнал“ соопшти дека има технички проблеми, но вети дека бргу ќе ги надмине. Оваа апликација, промовирана...

Свет24 часа

Трамп го напушта Вашингтон на денот на инаугурацијата

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да го напушти Вашингтон утрото на денот на инаугурацијата на својот наследник Џо Бајден, на...

Свет1 ден

Продолжени строгите мерки во Италија

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, издаде указ со кој се продолжуваат рестрикциите за контрола на ширењето на коронавирусот кога Министерството за...

Македонија1 ден

Нови 403 заболени и 10 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на...

Македонија1 ден

Обвинителството отвори предмет за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Основното јавно обвинителство Струга отвори предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на...

Македонија1 ден

Опцијата граѓаните да може да докупат стаж за пензија може да се одолговлечи до 2024 година

Закон за докуп на стаж е процес којшто ќе трае, а ние ќе го исполниме предизборното ветување до нашите граѓани,...

Свет1 ден

Меѓународна анкета: Британците и Данците се најсклони на вакцинација, Французите и Полјаците многу поскептични

Денеска се објавени резултатите од големо меѓународно истражување за вакцинацијата против Ковид-19, пренесе агенцијата „Ројтерс“. Резултатите покажуваат дека подготвеноста за...

Македонија1 ден

Општина Вевчани го осуди палењето на знамето на Бугарија

Општина Вевчани најостро го осудува чинот на палење на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани, соопшти...

Македонија1 ден

Во последните 24 часа нема нови ковид – пациенти на интерните клиники во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 14 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Европа1 ден

Унгарија отстапува од регулативите на Брисел, Орбан бара одобрување на кинеската вакцина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази надеж дека во рок од неколку дена, националниот регулатор на лекови јасно ќе одговори...

Досие