Забава
Бебе родено еден месец по смртта на мајката
Во болницат „Света Ана“ во Торино е родено женско бебе долго само 33 центиметри и тешко само 760 грамаа кому го дале името Идил родена е цел месец по смрттa на нејзината мајка, пишуват италијанските медиуми
Како што пишува Repubblica, 28-годишната жена од сомалиско потекло мајка на девојченцето починала од ткн. мозочна смрт при тешка и недоложна операција на тумор на мозокот. Лекарите не усепале да ја врата во живот жената која во текот на операцијата била во петтиот месец од бременоста, но откако се консултирале со нејзинито сопруг Иса Мухадим Џам-Кал, жената била ставена на апарати за одржување на виталните функции за да може да се обидат подоцна да го спасат бебето. Буквално минијатурната Идил е родена со царски рез по 28 седмици од бременост, а 12 часа по пораѓањето на нејзината мајка и биле исклучени апаратите за одржување во живот и таа дефинитивно била прогласена мртва. Што се донесува до бебето, лекарите не сакале да даваат никави прогнози, бидејќи ова е првиот случај во нивната практика и не се сигурни дали и какви послдици може да остави тоа што плодот се равивал во телото на мајката која цел месец биал клинички мртва. Тие рекел дека дури за десетиан дена би можеле да кажат нешто поконкретно за развојот на бебето чие породување е прогласено за медицинско чудо.Но локалните медиуми повикувајќи се на неантолозите од болницата „Света Ана“ пишуваат дека малата Идила храбро се бори за животот и дека добро реагирала на надворешни дразби, имала тонус во мускулите и немало никави симптоми дека може да има проблеми со срцето или белите дробови, иако имала кусо застанување на работата на белодробните крила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.