Забава
Неспортски потег на боливискиот претседател Моралес
Боливискиот претседател Ево Моралес покажал неспортско однесување за време на пријателскиот фудбалски натпревар меѓу тимот на владата и на власите на главниот град Ла Паз, погодувајќи еден од противниците во гениталиите, пренесе во понеделник навечер аргентински телевизиски канал C5N
Натпреврот се одиграл во неделата меѓу „репрезентацијата на Моралес“ и тимот на неговите поранешни политички сојузници од партијата „Движење без страв“ (SIT), предводен од градоначалникот на Лапаз, Луис Ревиља, по повод промовирањето на на теренот со вештачка трева на стадион „Запата“ во центарот на боливиската престолнина. .Како што можело да се види на телевизиската снимка, во еден момент додека играта била во прекин, играчот со број 10, Ево Моралес, го удира со колено во препоните Даниел Картахена, кој само неколку мигови претходно во борбата за топката стартувал врз неговата нога. Судијата не го видел инцидентот и средбата продолжила. Но, по нејзиното завршување (завршила со резултат од 4:4), полицијата се обиде да ги уапси Картахена, обвинувајќи го за „нанесување повреда на претседателот“. Проблемот бил надминат, како што рекол судијата, бидејќи повредите во фудбалот се вообичаени.Како што соопштила прес-службата на боливискиот претседател, лекарите му препорачале на Моралес во наредните три дена да држи облоги од мраз на повредената нога и да се претпочита „нежен“ начин на движење.Претседателот на Боливија игра на позицијата лево крило во полу-професионален клуб Литорал кој е под министерството за внатрешни работи, со кого потпиша договор во март 2008 г.. Иако Ево Моралес кон крајот на октомври ќе наполни 51 година, фудбалската асоцијација им дозволува на ваквите клубови да имаат двајца играчи постари од 26 години. Својата политичка кариера, инаку Моралес ја почна како државен секретар за спорт на синдикатот на работници на плантажите на кока.Тој беше избра за претседател во 2005 г. како прв домароден претседател на Боливија. Моралес силно ја критикуваше одлуката на ФИФА да забрани играње меѓународни мечеви на големи надморски височини, а територијата на Боливија е високо планинска, протестно организирајќи фудбалски натпревар со Аргентина предводена од Диего Марадона, кој се одигра во Лапаз кој е на надморска височина од 3.600 метри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мрачните страни на секој од хороскопските знаци
Секој хороскопски знак носи своја темна страна која може да биде предизвик, но нуди и можност за личен раст и развој. Разбирањето и прифаќањето на овие помалку светли аспекти на нашите астролошки профили може да ни помогне да станеме подобри верзии на себе.
Што се крие во сенката на секој хороскопски знак.
Овен: Импулсивност и агресивност
Овните се познати по својата храброст и енергија, но нивната импулсивност може да ги доведе во неволја. Тие се склони кон ненадејни реакции и понекогаш агресивно однесување кога работите не одат според нивниот план.
Бик: Посесивност и материјализам
Бикот ја цени сигурноста и удобноста, што може да ги доведе до прекумерна посесивност и материјализам. Тие имаат тенденција да акумулираат имот до тој степен што може да ги задуши другите аспекти од нивниот живот.
Близнаци: Неконстантност и дволичност
Близнаците се прилагодливи и комуникативни, но нивната способност да ги гледаат работите од различни перспективи може да ги направи непостојани, а понекогаш и со две лица, збунувајќи ги оние околу нив.
Рак: Преосетливост и манипулативност
Раковите се исклучително емотивни и сочувствителни, но нивната пречувствителност може да ги доведе до емоционална манипулација со цел да го заштитат своето ранливо срце.
Лав: Егоизам и доминација
Лавовите се родени како лидери и сакаат да бидат во центарот на вниманието, но нивното его може да прерасне во себичност и потреба да доминираат, што може да ги отуѓи другите.
Девица: Перфекционизам и критичност
Девиците се познати по тоа што се методички и аналитички настроени, но нивниот перфекционизам може да доведе до парализа на анализата и прекумерна критика кон себе и кон другите.
Вага: Неодлучност
Вагите се стремат кон хармонија и рамнотежа, но нивната потреба да им угодат на сите може да резултира со неодлучност. Исто така, нивната фасцинација со убавината може да ги наведе да прават површни проценки на луѓето и ситуациите.
Шкорпија: Опсесивност и одмаздољубивост
Шкорпиите се интензивни и страсни, но нивните длабоки емоционални вложувања можат да станат опсесивни. Кога се повредени, можат да бидат крајно одмаздољубиви.
Стрелец: Непромисленост и тактичност
Стрелците се познати по својата искреност и оптимизам, но нивната директност може да биде непромислена и да ги повреди другите. Исто така, нивната желба за слобода може да ги доведе до неодговорно однесување.
Јарец: Песимизам и непопустливост
Јарците се дисциплинирани и амбициозни, но нивната тенденција да го гледаат светот црно-бело може да ги направи песимисти и крајно непопустливи.
Водолија: Отсуство и студенило
Водолиите се иновативни и неконвенционални, но нивната потреба за индивидуалност може да ги направи емотивно отсутни и ладни, што го отежнува градењето длабоки врски.
Риби: Се жртвуваат и бегаат од реалноста
Рибите се сочувствителни и интуитивни, но нивната тенденција да се жртвуваат за другите може да ги истроши. Исто така, нивната желба да избегаат од реалноста може да ги доведе до нездрави облици на бегство.
Забава
Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата
Серијата „Симпсонови“, која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови, Лери – редовен гостин во Moe’s Tavern, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.
Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откога мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.
Потоа четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.
Иако беше тивок лик, кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во Moe’s Tavern уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.
Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.