Контакт

Забава

Најсексапилната хакерка на светот изведена пред суд

Објавено пред

Дваесет иедно-годишната Кристина Свечинскаја е обвинета дека е припадничка на група хакери кои преку компјутерските мрежи сакале да украдат 220 милиони долари од британските и од американските банки пренесува Daily Mail

dobivaj vesti na viber

Репортерот на весникот ја опишува Кристина Свечинскаја како девојка која оддава многу самоувереност кога пред судот се појавила во тесни фармерки и кожени чизми, но пред судот се расплакала откако и било прочитано обвинението за банкарска измам и фалсификување пасош. Дококу биде прогласена за виновна, таа може да добие затворска казна до 40 години.Во овој случај се обвинети дури 37 лица, најмногу студенти од Русија, кои наводно планирале да искористат компјутерски вирус со кој би извадиле пари од банки, а меѓу нив е и Свечинскаја. Таа инаку студира во Њујорк а нејзината улога била заедно со уште четворица студенти да отвори стотици банкарски сметки.Овинителството тврди дека Свечинскаја отворила најмалку пет сметки, на кои „легнале“ украдени 22 илјади долари. Во акцијата била вклучена и британската полиција која уапси 11 лица од источноевроспките земји во Есекс. Тие се обвинети за перење пари и банкарски грабеж на шест милиони фунти.Во акцијата што ја започна американското FBI, се вклучи и Украина.Американското федерално истражно биро тврди дека станува збор за најголемиот сајбер криминал со кој некогаш се сретнале неговите агенти. Според нив, целиот хакерски синџир, преку вирус тројанец којшто го купиле за само 400 фунти, успеал да украде дури 70 милиони долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Хит панталони за пролетва: ги издолжуваат нозете

Објавено пред

Широките панталони се идеални за пролетен изглед бидејќи одлично одат со романтични блузи, топови и широки сакоа. А доколку изберете ваков тип на бели панталони, даваат ефект на долги нозе и вита линија.

dobivaj vesti na viber

Широките панталони може да се носат во разни ситуации, од лежерни излегувања до елегантни настани, а тајната на добриот изглед е во нивното комбинирање со соодветни модни парчиња и додатоци. Но, пред сè, треба да ги пронајдете вистинските, модел што ѝ одговара и на вашата фигура.

Моделот со средно висока половина ја истакнува силуетата, а самиот крој создава ефект на долги нозе. Покрај тоа, овој модел на панталони во бела боја е идеален за комбинирање со клучните пролетни трендови.

Совршено се вклопуваат со сандали на потпетици.

Прикажи повеќе...

Забава

Никол Кидман ги изненади фановите со промена на имиџот

Објавено пред

Оскаровката Никол Кидман се пофали со својата промена на имиџот на својот инстаграм-профил.

dobivaj vesti na viber

56-годишната актерка ја покажа својата нова боб-фризура заменувајќи ги препознатливите долги кадрици.

Обожавателите во коментарите го пофалија нејзиниот нов изглед, а многумина напишаа дека актерката изгледа помладо.

„Безвременски“, „Ја сакам твојата коса“, „Време беше“, „Изгледаш фантастично“, се дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што беа разочарани од новата фризура.

„Каде ти се локните?“, „Извини, но воопшто не личиш на себе“, „Никогаш не би помислил дека ова е Никол“, напишале тие.

Прикажи повеќе...

Забава

Real tribute – симфониски концерт на Тина Тарнер на 1 јуни во Скопје

Објавено пред

Ексклузивниот концерт, кој го има пропатувано речиси целиот свет, конечно, и во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Рок симфонијата Simply the best, посветена на кралицата на рокенролот и музичката икона Тина Тарнер, ќе биде изведена на 1 јуни во арената „Борис Трајковски“ со повеќе од 40 луѓе на сцената.

Тина Тарнер беше славна по своите бурни, енергични сценски изведби и по моќниот вокал, често нарекувана кралица на рокенролот и музичар што остави неизбришлива трага во светот на музиката, забавата и културата. Неисцрпна инспирација е за многумина, а нејзината важност се чувствува и кај генерациите што доаѓаат.

Присутните ќе имаат можност да уживаат слушајќи ги највлијателните и најпознати хитови, како што се Proud Mary, What’s Love got to do with It, Simply the best, We don’t need another hero и многу други. Добро познатите балади ќе ги разнежнат сите присутни, а брзите ритми ќе ги подигнат сите на нозе, вели организаторот.

Рок-симфонијата е посветена токму на неа, а на неа ќе се изведуваат и песни од бендови, како „Ганс анд роузес“, „Дип парпл“, „Еј-си/Ди-си“, како и познати дуети, кои ја одбележаа светската кариера на Тина. На 1 јуни публиката ќе има можност на еден поинаков начин да ја почувствува енергијата на легендарната Тина.

Тина Тарнер беше една од најголемите рок-пејачки на сите времиња и така и ќе остане запаметена.

Сите оние што сакаат да доживеат ноќ исполнета со многу енергија и страст може уште веднаш да ја купат својата влезница.

Влезниците се пуштени во продажба.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 минути

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет21 минута

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет26 минути

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија15 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија16 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија18 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија19 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија19 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија21 час

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет23 часа

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион23 часа

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија24 часа

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...

Свет2 дена

Бајден за уривањето на мостот во Балтимор: Бројот на исчезнатите може да се промени, владата ќе ги плати трошоците за поправка

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека судбината на исчезнатите во несреќата може да се промени и дека владата ќе ги...

Европа2 дена

(Видео) За масакрот во Москва уапсени татко и два сина: „Им помагаа на терористите“

Уапсени се уште тројца осомничени во врска со терористичкиот напад во петокот во Москва, во кој загинаа 139 лица. Браќата...

Македонија2 дена

(Видео) Над 5.000 деца се на листи на чекање, пет минути работа е да ги изгласате измените, им порача Велковски на пратениците од СДСМ и ДУИ  

На неколку дена пред распуштање на Собранието предлог законските измени на Законот за заштита на децата, кој беше предложен од...

Свет2 дена

(Видео) Откриено зошто бродот удрил во мостот, сè помали шансите да се најдат преживеани во несреќата кај Балтимор

Контејнерскиот брод „Дали“ останал без погон додека го напуштал пристаништето, а екипажот на бродот ги предупредил претставниците на Мериленд за...