Контакт

Забава

Не заборавајте да ги наместите часовниците и покрај спорењата на научниците

Објавено пред

Летното сметање на времето завршува во недела на 31-ви октомври, кога стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад, така што три часот по полноќ ќе се смета како два часот. Но во научните кругови се уште се спори дали станува за грешка и како тоа ќе вилаје врз здравјето

dobivaj vesti na viber

Воведувањето на летното сметање на времето го заговара Бенџамин Франклин, кој додека бил американски делегат во Франција, во 1784 г. го напишал есејот „Економичен проект“, а првпат тоа е применето во 1916 г. во северните европски земји и досега е воведено во 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 г. Велика Британија, следејќи го примерот на Германија првпат го воведува летното сметање на времето. Прво договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на иквечерината, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично. Поместувањето на стрелките во западна Европа е воведено е на почетокот на 1970-те , со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен. Во Европа во 1996 г. е постигнат договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време. Државите членки на Европската Унија и дугите европски земји од 2002 г. одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври. Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население. Исланд е единствената европска земја која не го воведе зимското и летното сметање на времето.И во САД од 2007 г. е променет начинот на кој го смета времето. Летното сметање на времето почнува на вторито викенд во март и завршува првиот викенд во ноември.На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината.Некои астрономи меѓутоа се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини. Така, на сите би им било подобро ако часовникот не се враќа на зимско време, тврди британскиот научник Мајер Хилман, кој 25 години го испитува влијанието на светлината врз здравјето. Освен што смета дека зимското време треба да се израмни по летното, тој се залага стрелката на часовникот на лето да се помести дури два часа нанапред.Наместо да живееме во полумрак, летното сметање на времето во зима, и два часа нанапред во лето, ќе донесе многу повеќе сончеви часови и повеќе можности луѓето да се движат на отворено. Тоа многу би значело во намалување на болестите и би ја подобрило психичката состојба на луѓето во текот на зимата.Хилман, кој е професор на британскиот институт, своите тврдења ги поткрепува со британскиот експеримент кој траел од 1967 до 1971 г., кога Британија цела година имала летно пресметување на времето. Утринското изгрејсонце го зголемило бројот на несреќите на улиците, бидејќи попладневните часови имале повеќе дневна светлина.Недостигот од физички активност Хилман го смета за главен здравствен проблем, на кој продолжените зимски денови можат многу да влијаат. Многумина, особено постарите лица се повлекуваат во своите домови веднаш по заоѓањето на сонцето, а тоа значи помалку можности за шетање на отворено. За можните проблеми со здравјето предизвикани како последица на влиајнието на менувањето на сметањето на времето дебатираат и руските научници. Преминот од лето да се зимно време и обратно не влијае значително врз здравјето на луѓето, смета главниот истражувач на рускиот Институт за биомедицински проблеми, Светлана Степанова.Меѓутоа, други лекари и специјалисти од различни области сметаат дека новиот времен режим влијае врз здравјето на луѓето. Некои веруваат дека менувањето на зимно време може да доведе до егзацербација на хроничните заболувања и депресија, а други – дека лошата здравствена состојба на луѓето, наводно, како резултат на минувањето на зимскиот период се јавува како резултат на автосугестија.Од 2009 г. Русија се „префрла на зимско време“ на 25-ти октомври во 03:00 по локално времеИстражувањата покажуваат дека во текот на првите ден или два по преминот кон летно време, луѓето можат да имаат лошо расположение, бидејќи стануваат многу рано, смета Степанова.Од друга страна, заменик-директор на Институтот за географија при  Руската академија на науките, Аркадиј Тишков, смета дека преминот од летно на зимско време или обратно, може да предизвика лице одреден стрес. Според него, можете да доживеете растројство на сонот во овие денови на зголемен ризик од психијатриски нарушувања, а исто така може да се зголеми бројот сообраќајни несреќи, но тој истакнува дека овие факти не се потврдени. Во секој, случај научникот не е поддржувач на менувањето на сметањето на времето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса

Објавено пред

Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.

dobivaj vesti na viber

Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.

„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.

„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.

Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.

Прикажи повеќе...

Забава

Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание

Објавено пред

Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.

Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години

Објавено пред

Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.

dobivaj vesti na viber

Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.

Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија14 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија16 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија18 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија19 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија20 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет21 час

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија21 час

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет21 час

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија21 час

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет22 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија2 дена

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија2 дена

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...