Забава
Нервите се губат по 10 минути и 42 секунди чекање во ред

Возрасните Британци може да чекаат во ред о просек само 10 минути и 42 секунди пред да ги загубат нервите, покажало истражување според кое традиционалната британска трпеливост „се скусува“
Најмногу нервите се губат чекајќи во редовите на касите во супермаркетите, па потоа во пошта и на безбедносните проверки на аеродромите, се наведува во истражувањето на Payments Council, владино тело за градење стратегија за плаќањето, спроведено врз две илјади Британци Истражувањето покажало дека луѓето повозрасни од 55 години во редовите стануваат повознемирени во просек три минути пред помладите од нив, но затоа, пак, тие побурно реагираат. Две третини од испитаниците одговориле дека најмногу им одат на нервите иде „врткањето“ на касите на оние кои се пред нив во редот.Повеќето испитаници одговориле дека побрзо би ги избегнале стоењата во редиците и затоа околу 80 отсто од своите сметки ги плаќаат преку интернет, а дваесет отсто купуваат доцна навечер од истата причина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Новиот филм со Лијам Нисон го симна од тронот „Вондер воман 1984“

Блокбастерот за суперхеројката беше соборен од првото место на киноблагајните изминатиов викенд.
„Марксмен“, новиот експлозивен трилер на Лијам Нисон, ја детронира жената чудо и по четиринеделна доминација на киноблагајните, „Вондер воман 1984“ падна на местото број три.
Акциониот трилер го победи суперхеројскиот хит во првите четири дена прикажување во киносалите, според „Холивуд репортер“.
Ова е вторпат еден од филмовите на Нисон да се најде на врвот на киноблагајните за време на пандемијата, откако неговиот трилер „Искрен крадец“ исто така се искачи првото место во октомври.
Режисер на „Марксман“ е Роберт Лоренц, кој има продуцирано повеќе филмови за Клинт Иствуд, па дури и го режира Trouble With The Curve (2012 година).
Во новиот филм Нисон глуми сточар во Аризона, кој треба да ја искористи некогашната обука за маринец за да спаси младо момче киднапирано од мексикански наркокартел.
Забава
Кајли Џенер предизвика иронични коментари на „Инстаграм“

Кајли Џенер многу често се фали на „Инстаграм“ со своето богатство.
Но, псевдомилијардерката очигледно се справува со проблемите на нормалните луѓе, а нејзините фанови сакаат да го видат тоа. Но, овој пат изгледа дека претера.
Таа неодамна пишуваше на „Твитер“ за слабиот притисок на водата во бањата и во слушалката на тушот кога сподели фотографија од нејзиниот масивен туш на „Инстаграм стори“.
Подоцна, 23-годишната Кајли доби критики од следачите на социјалната мрежа, од кои еден иронично напиша: „Зошто никој не дебатира за е**** туширање на Кајли Џенер… за притисокот на водата и големината на главата за туширање? Некој веднаш да ѝ најде водоводџија на девојкава“.
Таа не би требало да има проблем со евентуална надградба на системот имајќи предвид дека се најде на листата на „Форбс“ на најбогати жени за 2020 година со нето-богатство од 700 милиони долари.
На тие пари смешно е да пишувате за технички проблеми во бањата, коментираат таблоидите.
Забава
Музичкиот продуцент Фил Спектор почина на 81 година

Револуционерниот музички продуцент Фил Спектор, кој беше осуден за убиството на актерката Лана Кларксон, почина на 81-годишна возраст. Смртта на Спектор беше потврдена од Калифорнискиот оддел за рехабилитација, каде што Спектор издржуваше казна за убиство.
Се смета дека починал од природна смрт, но точната причина ќе се знае само по лекарски преглед. Овој музички продуцент се прослави со работа со групи во шеесеттите години, како што се The Ronettes и The Crystals.
Роден во Бронкс, тој оствари дури четири топ-10 хита во 1963 година. Потоа работел со Леонард Коен, Рамонс и со „Битлси“. Се повлече од музичката сцена во текот на 80-тите и 90-тите години на минатиот век.
Спектор беше уапсен, а подоцна и обвинет за убиство од втор степен, а поради влошување на здравствената состојба, од затвор беше префрлен во установа за посебна грижа.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира