Контакт

Забава

Научници предлагаат лет кон Марс во еден правец

Објавено пред

Колонизацијата на Марс би можела да се случи многу побргу и да биде поекономична доколку астронаутите се однесуваат како први доселеници на Северна Америка – без желба да се вратат на матичната планета Земјата.

Ова го сметаат Дирк Шулц-Макуч и Пол Дејвис, двајца американски научници, во текстот објавен во „Космолошки журнал“, а чии делови пренесе Асошиејтед прес.

Тие сметаат дека секогаш е поевтино патувањето во еден правец, „па дури и на Марс“ и додаваат дека во таа смисла е суштината „истражувањето на црвената планета да се движи напред“.

Според нив, патувањето во еден правец би заштедело гориво за враќање и би ги намалило трошоците на мисијата за 80 отсто.

Но, со идејата на двајцата научници не е многу воодушевена НАСА, но ниту некои астронаути.

Ед Мичел, еден од астронаутите што шетале по површината на Месечината, смета дека луѓето сè уште не се подготвени за тоа, додека портпаролот на НАСА Мајкл Брокас порача: „Ние сакаме нашите луѓе да се вратат назад“.

Шулц-Макуч и Дејвис сметаат дека луѓето треба да започнат колонизација на другите планети како еден вид на резерва во случај на катастрофа на Земјата.

Тие веруваат дека патувањата во еден правец на Марс би можеле да почнат за 20 години и препорачуваат најпрво да се испраќаат постари луѓе – околу 60 години, бидејќи таквата мисија несомнено би го намалила нивниот животен век поради недостаток на медицинска нега и изложеноста на радијација.

Радијацијата може да ги оштети и органите за репродукција кај луѓето во помлади години, па заради тоа испраќањето млади луѓе не е добра идеја.

Но, Шулц и Дејвис истакнуваат дека е важно да се разбере дека тие не предлагаат „самоубиствена мисија“.

„Астронаутите би оделе на Марс со намера таму да останат до крајот на животот, како претходница на постојаната човечка колонија на Марс“, се вели во текстот потпишан од двајцата научници.

Свесни дека е тешко да се очекува дека НАСА ќе го финансира овој проект, тие предлагаат „прсти да вмеша“ некој ексцентричен милијардер.

Британскиот тајкун Ричард Бренсон, основачот на ПејПал Елон Маск и извршниот директор на сајтот за продажба на книги Amazon.com Џеф Безос веќе се вклучени во приватни вселенски авантури.

Марс е оддалечен од Земјата шест месеци лет, има гравитација, атмосфера, богати извори на вода, јаглерод диоксид и есенцијални минерали, што според научниците, ја прави оваа планета погодна за живот на луѓето. /крај/ап/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ромео Бекам личи на тато на насловната страница на L’Uomo Vogue

Објавено пред

Синот на Викторија и Дејвид Бекам е веќе доволно возрасен за да влезе во светот на моделите и да биде новото лице на насловната страница на познатото модно списание L’Uomo Vogue.

Ромео, 18-годишниот син на Викторија (46) и Дејвид Бекам (45), веќе го имаше своето деби на машката модна сцена како манекен, а сега ја краси насловната на најновото издание на списанието, кое треба да излезе на киосците на 22 јануари.

 

Зад објективот стоеше славното фотографско дуо Мерт Алас и Маркус Пигот.

Русокосиот Ромео на својот инстаграм-профил ја покажа својата прва голема фотосесија и напиша: „Возбуден што ја споделувам мојата прва насловна страница за L’Uomo Vogue“.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Мет Дејмон бара 21 милион долари за својот имот во Лос Анџелес

Објавено пред

Тој е еден од најуспешните актери во Холивуд.

Но, се чини дека Мет Дејмон е подготвен за промена и ја наведе својата палата во Лос Анџелес за продажба.

Ѕвездата (50) бара 21 милион долари за својот имот на Пацифичките Палисади, што го купи во 2012 година за 15 милиони долари.

Имотот се наоѓа зад висока жива ограда на половина хектар, а резиденцијата може да се пофали со простор за живеење на 13.500 квадратни метри.

 

Домот, опишан од агенцијата за недвижности како тропско прибежиште, нуди седум спални соби и 10 бањи, голем надворешен базен и рибник.

Прикажи повеќе...

Забава

Адел и Симон Конецки постигнаа договор за развод на бракот

Објавено пред

Британската пејачка Адел постигна договор со сопругот Симон Конецки за развод на бракот со спогодба речиси две години по нивното разделување.

„Ју-ес викли“ објави во четвртокот дека пејачката (32) и Симон (46), извршен директор на добротворната организација Drop4Drop, во петокот на 15 јануари ги поднеле условите за развод од 171 милион долари.

Иако Адел и Симон го завршија своето за да го финализираат разводот, бракот официјално нема да биде прекинат додека судијата не се потпише на документите.

Двајцата објавија дека ќе се разделат во април 2019 година, а Адел поднесе судски документи пет месеци подоцна. Тие се одлучија да користат медијација за да се прецизираат деталите за поделба на нивниот имот и на долговите.

Британската поп-сензација е една од најбогатите пејачки во својата земја. Нејзиниот раскошен глас и талентот ја сместија меѓу најценетите и најплатени светски музичари на денешнината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нови 183 случаи на Ковид-19 во Македонија, починале шестмина

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Регион2 часа

Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми. Српскиот претседател...

Регион3 часа

Во Загреб почина 11-годишно дете од коронавирус

11-годишно момче почина во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести Д-р Фран Михаљевиќ во Загреб како резултат на...

Регион5 часа

Вучиќ: Британскиот вид на коронавирус стигна во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во телевизија Прва изјави дека британскиот вид коронавирус пристигнал во Србија и дека го донела...

Свет5 часа

(Видео) Извлечени 11 рудари по 14 дена поминати под земја

Спасувачите во Кина успеаја да извлечат 11 рудари живи на површината. Тие две недели беа заробени 600 метри под земјата...

Регион6 часа

Куче го чекало сопственикот цела недела пред болница

Верно куче речиси една недела чекало пред болница во Турција, додека не излегол неговиот сопственик, каде се лекувал. Женката по...

Свет6 часа

Британски експерт: Вакцинираните луѓе пак можат да го шират вирусот

Луѓето кои примиле вакцина против Ковид-19 сепак може да го пренесат вирусот на други и треба да продолжат да ги...

Регион7 часа

Турција потпиша договор со Русија за производство на вакцината Спутник V

Рускиот фонд задолжен за производство на вакцината Спутник V (РДИФ) објави дека компанијата потпишала договор за производство на руската вакцина...

Свет7 часа

(Видео) Истрага за насилните протести во Русија, поддршка од Германија

Истражителите отворија кривична постапка по извршени незаконски активности на недозволениот собир во центарот на Москва. Покренати се постапки и поради...

Регион21 час

Вучиќ: За 72 часа Србија ќе биде втора во Европа и петта во светот според стапката на вакцинација

Србија во моментов е четврта во Европа според стапката на вакцинација, верувам дека во следните 72 часа ќе бидеме втори...

Топ22 часа

Приведени вкупно 97 илегалци кои работеле како градежници кај Стара железничка

Бројот на приведени илегалци кои работеле како градежници на градилиштата кај Стара железничка во Скопје од 50 се искачи на...

Свет23 часа

Скандал во Шпанија: Се вакцинирале војници и политичари, а не и приоритетните групи

Шпанските војници и политичари кои се вакцинирани против коронавирус, а не биле приоритетна група, се во центарот на јавен спор...

Топ24 часа

Удавен маж пронајден во водите на Пчиња, претходно бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот на автопатот Велес-Катланово, во водите на реката Пчиња, вчера бил пронајден починат 73-годишен маж. Според информациите...

Свет1 ден

(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални. At least...

Македонија1 ден

Во Македонија 347 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 347 нови случаи на коронавирус, 11 лица починаа, а 378 оздравеа, соопшти...

Свет1 ден

Десетгодишно девојче се задуши во Италија, родителите тврдат дека учествувало во „ТикТок“ предизвик

Италијанската агенција за регулирање на приватноста на податоците вчера ѝ нареди на апликацијата „ТикТок“ да ги блокира сметките на сите...

Топ1 ден

Седумдесет и седумгодишен возач во Скопје удрил во пешак и избегал

Седумдесет и седумгодишен старец со автомобил удрил во пешак и избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во...

Топ1 ден

Пронајдено оружје и муниција во куќа во Скопје

Полицијата пронајде оружје во куќа во Скопје, а сопственикот е приведен. Според информациите на МВР, вчера бил приведен З.Д(49) од...

Македонија1 ден

Во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани 20 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 20 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а...

Свет1 ден

Повеќе од 100 припадници на Националната гарда кои беа на инаугурацијата заболени со Ковид-19

Помеѓу 100 и 200 членови на Националната гарда кои ја обезбедуваа инаугурацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, се позитивни...

Досие