Забава
Кремљ подготвува бал под маски – „Back in the USSR“
Администрацијата во Кремљ за своите вработени подготвува новогодишен бал и забава под маски под име „Back in the USSR“, а главен аниматор ќе биде костимираниот двојник на поранешниот советски претседател Леонид Брежњев.
Балот ќе се одржи на Стара година во некогашниот санаториум Новје Гори, североисточно од Москва, кој денеска е дел од луксузно одморалиште под управа на Кремљ.
На дочекот се очекуваат 350 гости, вработени во управата на Кремљ. Називот на балот е инспириран од истоимената песна на Битлси.Во текот на прославата ќе се одржи и караоке шоу, како и томбола, се вели во соопштението објавено на официјалната страница на државната управа.
Двојникот на поранешниот генерален секретар на КП на СССР во текот на вечерта ќе им се обрати на присутните преку говор по примерот на државните говори од периодот на советското време.
Се планира за оваа забава да бидат потрошени половина милион рубљи. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.