Контакт

Забава

26-годишен милијардер живее во палата од 83 милиони долари

Објавено пред

Има нов милијардер од 20 и нешто години и тој живее во куќа што би ја зацрвенела дури и Кајли Џенер – хациенда на врв на рид со поглед од 83 милиони долари.

Оваа градба – која изгледа како тврдина на врв на планина од филм со Џејмс Бонд – му припаѓа на Остин Расел, 26-годишниот основач на компанијата „Луминар“.

Шоубиз медиуите објавија фотографии на кои се гледа како ги троши своите пари – на имот со површина од 20.000 квадратни стопи (1.858 квадратни метри) во раскошната населба Пацифик Палисадес, Лос Анџелес. Има 6 спални соби и 18 бањи, но најдобра карактеристика е необичниот поглед.

А што се однесува до тоа како едно толку младо момче може да си го дозволи ова, „Форбс“ го има одговорот – тој е најмладиот милијардер во светот со нето-вредност од 1,7 милијарди долари, убава сума што ја заработи кога „Луминар“ излезе на берза пред една година.

26-годишниот технолошки вундеркинд е извршен директор и основач на компанијата пионер во автоматизација на самоуправувачки возила.

„Луминар“ развива технологија за автономни возила, поточно радарски сензори врз база на ласер. Сензорите помагаат автономните автомобили да можат да „гледаат“ околу нив со одбивање на ласерските зраци од предметите во нивната околина.

„Луминар“ излезе на берза минатиот декември, со што Расел стана милијардер преку ноќ. „Форбс“ потоа го круниса за најмлад милијардер во светот кој сам го стекнал своето богатство. Денес, публикацијата проценува дека нето-вредноста на Расел надминува 1,7 милијарди долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Миленикот на тинејџерките во рамките на турнејата ќе настапи во Унгарија и Австрија

Објавено пред

Музичарот Хари Стајлс планира голема турнеја наречена Love on Tour 2022. Европскиот дел од турнејата почнува на 28 јануари.

Меѓу многуте европски градови во кои ќе настапува, како Париз, Лондон и Берлин, Стајлс ќе настапи на 13 јули во Будимпешта и три дена подоцна во Виена.

Love on Tour 2022 е втората голема турнеја на познатиот пејач. Турнејата почна во септември минатата година во САД и досега се покажа како многу успешна.

Турнејата требаше да почне во април 2020 година, но поради пандемијата на коронавирусот, беше одложена за февруари 2021 година. Но, и тогаш беше одложена, па дури сега фановите на Хари ќе имаат можност да присуствуваат на неговите концерти.

Прикажи повеќе...

Забава

Продуцентот на „Битлси“ потпишал договор со нив бидејќи биле добри момци

Објавено пред

Продуцентот на „Битлси“, Џорџ Мартин, потпишал договор со легендарниот рок-бенд во раните денови повеќе поради тоа што му биле симпатични отколку поради нивната музика, откри еднаш, а неговиот син потврди во снимка што ја сподели на „Твитер“ во средата.

Џорџ Мартин, кој почина во март 2016 година, помогна во лансирањето на бендот до глобален успех во 60-тите и често го нарекуваа петтиот „битлс“.

„Беа четворица и прашав: кои се тие? што се тие?“, ѝ вели легендарниот продуцент на својата внука во видеото што го објави син му Гилс Мартин, исто така продуцент.

Џорџ Мартин ги запозна „Битлси“ во Лондон додека членовите на групата од Ливерпул бараа место под сонцето – пред да станат најпознатата четворка во светот.

„Кога слушав што прават, беше добро, но не беше сјајно“, се присетува тој во снимен разговор.

„Но, магијата дојде кога почнав да ги запознавам бидејќи тие беа ужасно добри луѓе“, продолжи тој.

„Беа забавни, беа многу паметни, кажуваа убави работи, тие беа оној вид луѓе со кои сакаш да се дружиш“, детаљно се присетува Џорџ Мартин во едно старо видео.

„Си помислив: ако јас го чувствувам ова кон нив, ќе го почувствуваат и другите луѓе, па тие сигурно ќе  бидат прилично популарни“.

Прикажи повеќе...

Забава

Џуди Денч почна да користи и да танцува на „Тик-ток“

Објавено пред

Во текот на синоќешното виртуелно гостување во ток-шоуто „Доцна навечер со Сет Мејерс“ на Ен-би-си, каде што го промовира својот нов филм „Белфаст“, Дејм Џуди Денч откри како нејзиниот внук ја натерал да се занимава со танцувачки предизвици на „Тик-ток“.

87-годишната британска актерка рече дека нејзиниот внук Сем Вилијамс дошол кај неа додека таа била во самоизолација и ѝ рекол: „Мислам дека треба да направиме малку ‘Тик-ток’“.

„Јас му реков дека сум апсолутно безнадежна во тие работи, но тој ме увери да не се грижам бидејќи ќе вежбаме претходно“.

Откога извежбале и го снимиле клипот, таа го прашала дали ќе го објави. „Треба уште вежбање“, ѝ рекол внукот.

„Тој беше тиранин“, се пошегува Џуди.

Таа никогаш не го видела готовиот резултат, а Сет потоа ја покажал снимката на која танцува со својот втор внук. Џуди и Сем потоа продолжиле со други танцувачки предизвици на апликацијата „Тик-ток“.

Сет потоа ја информирал дека Сем исто така се зафатил и со рецензии на нејзини филмови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија13 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет14 часа

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет14 часа

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија17 часа

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија18 часа

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија19 часа

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет20 часа

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија20 часа

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија21 час

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет22 часа

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет23 часа

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Спорт23 часа

Ѓоковиќ ќе ја тужи Австралија за 3.800.000 евра

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ќе ја тужи Владата на Австралија. Ѓоковиќ. во неделата, беше депортиран од Австралија. Федералниот суд...

Европа23 часа

Британскиот министер за здравство: 20.000 луѓе годишно умираат и од грип, па не ја затвораме земјата

Британија мора да научи да живее со Ковид-19 бидејќи болеста може да остане меѓу нас засекогаш, рече британскиот министер за...

Македонија2 дена

Регистрирани 2.051 нов случај на коронавирус, починаа 14 лица

Во последните 24 часа направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.027, Битола...

Македонија2 дена

„Спијте мирно, нема да ни го земат Банско“, рече Борисов по посетата на Петков

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов рече дека по вчерашната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје спиел мирно, бидејќи...

Македонија2 дена

Петков по посетата во Скопје: Постигнавме огромен успех

Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Народното собрание. „Од една страна...

Македонија2 дена

Горан Николовски го фати светиот крст во Скопје

Светиот крст кој беше положен во водите на реката Вардар во Скопје, годинава заврши во рацете на Горан Николовски. Точно...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: СДСМ да не ја продолжува агонијата и да одиме на избори

“Позади нас е една прилично тешка и предизвикувачка година. Година во која што имавме голем предизвик пред се со КОВИД...

Свет2 дена

Генералниот секретар на СЗО предупредува: Пандемијата не е ни блиску до крајот

Генералниот директор на Светската здравствена организација ги предупреди светските лидери дека пандемијата на коронарниот вирус „не е ни блиску до...

Досие