Забава
Намалени цените за пловидба до местото на потонувањето на Титаник
Билетите за незаборавно крстарење по трагите на маршрутата по којашто пловел легендарниот „Титаник“ со туристичкиот крстосувач „Azamara Journey“ кој ќе исплови од Њујорк на 10-ти април 2012 година, почнаа да се продаваат со попуст до 60 отсто,
Билетите за незаборавно крстарење по трагите на маршрутата по којашто пловел легендарниот „Титаник“ со туристичкиот крстосувач „Azamara Journey“ кој ќе исплови од Њујорк на 10-ти април 2012 година, почнаа да се продаваат со попуст до 60 отсто, објави интернет страницата на организаторот на патувањето британската компанија „Miles Morgan Travel“.Сега заинтресираните можат да си го дозволат ова уникатно патување за најмалку две илјади долари или за најмногу 10.400 долари по лице. Претходните минимални и максимални цени се движеа од 4.900 до 14.900 долари.Бродот „Azamara Journey“ ќе исплови од Њујорк точно на 100-годишнината од откако легендарниот „Титаник“ тргна на своето прво и последно патување. По патот бродот ќе мине во Халифакс, а потоа ќе се насочи до местото на потонувањето на „Титаник“, каде што во спомен на загинатите во трагедијата ќе биде отслужена свечена маса.Незаборавното пловење со „Azamara Journey“, не е единствениот настан со којшто ќе се одбележи стогодишнината од потонувањето на британскиот пароброд. Како што претходно беше соопштено, супермодерниот туристички крстосувач „Balmoral“, којшто ќе плови по истата рута ќе исплови од британското пристаниште Саутемптон на 8-ми април 2012 и по една седмица ќе доплови до местото каде што во 1912 година потона „Титаник“. Организатор на ова патување, исто така, е туристичката компанија „Miles Morgan Travel“. Меѓутоа, сите билети за крстосувањето со бродот „Balmoral“ се веќе продадени.Исто така, по повод стогодишнината од потонувањето на Титаник, повеќе од 5.500 предмети пронајдени на дното од океанот, меѓу кои се садови, документи, облека и делови од своевремено најголемиот и најлускузен пароброд на светот, ќе бидат понудени на аукција која на 11-ти април ќе се одржи во Њујорк, соопшти аукциската куќа Guerney’s. Вредноста на збирката се проценува на 189 милиони долари.Паробродот „Титаник“ тргна на своето прво и воедно последно патување од Европа до Америка на 10-ти април 1912 година, превезувајќи повеќе од 2.200 патници и членови на екипажот. На 14-ти април, на четвртиот ден од патувањето, „Титаник“ се судри со огромна санта мраз и потона во 2.20 часот на 15-ти април. Според различни извештаи, во хаваријата животите ги загубиле меѓу 1.400 и 1.517 луѓе, а околу 700 биле спасени.Остатоците од потонатиот патнички брод останаа недопредни сé до 1-ви септември 1985 година, кога американскиот поморски археолог Роберт Балард и неговите француски колеги не ги пронајдоа на 325 наутички милји од брегот на Њуфаундленд во Канада. Оттогаш од остатоците на бродот се подигнати околу 5.000 артефакти. До остатоците на „Титаник“ се спуштија многу подморници, а некои од нив превезуваа и богати туристи авантуристи.За потонувањето на легендарниот брод, напишани се стотици статии и книги, а снимени се и неколку филмови/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.