Забава
Куклата Барби без коса порака за децата подложени на хемотерапија
Компанијата Mattel Inc ја објави својата кончена одлука да ја надополни својата светски позната линија со кукла која воопшто нема да има коса, откако беше под притисок на јавноста да почне со нивно производство.
Одлуката е донесена по онлајн кампањата „Bald and Beautiful (ќелави и убави), којашто започна во јануари, чиишто иницијатори беа Џејн Бингам и Ребека Сајпин, а доби поддршка од повеќе од 150 илјади фанови. Компанијата на фејсбук во јануари имаше 14 илјади членови на групата за поддршка за ваквото производство. Иницијаторите за производство на вакви кукли тврдат дека може да им помогнат на децата заболени од рак или, пак, на мајките, поради опаѓањето на косата во текот на лекувањето.
Лани оваа компанија произведе Барбика без коса за четиргодишно девојче заболено од рак која во текот на терапијата ја загубило косата.
Бингем и Сајпин одлучија да ја организираат кампања откако нивните ќерки ја загубиле косата поради хемотерапијата. Со здобивањето на поддршката од јавноста, тие се надеваа да ќе го убедат раководството на компанијата Mattel од неоходноста да почне со производство на Барби без вообичаените раскошни кадрици. Двете жени се уверени дека новата верзија на омилената играчка ќе им помогне на малите девојчиња пациенти полесно да ги преживеат промени на нивниот изглед.
„Ние сакаме девојчињата да осознаат дека нивната самодоверба не треба да зависи од косата, дури и без неа тие остануваат убави“, објаснува Бингам за телевизијата SkyNews.
Портпаролот на Mattel, Алан Холовиц, изјави дека новата играчка ќе биде пуштена во продажба како „другарката на Барби“, а во комплет со неа ќе се продаваат неколку перики и различни додатоци.
Новата кукла нема да биде изложена на полиците во продавниците, туку ќе биде дистрибуирана во болниците, меѓу децата коишто се подложени на третманот што е придружен со губење на косата.
Куклата Барби беше создадена од еден од основачите на компанијата Mattel, Рут Хендлер, во 1959 година. Оттогаш се продадени повеќе од милијарда кукли во повеќе од 150 земји во светот. Во просек, секое американско девојче има осум кукли од оваа линија.
До денес, Барби се појави во изданија коишто ги претставуваат речиси сите раси, и претставуваат повеќе од 50 различни професии. Во 1997 година компанијата, пушти во продажба кукла која е во инвалидска количка./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.