Забава
Принцезата Дајана мечтаела да игра во продолжението на „Телохранител'
Принцезата од Велс Дајана, мечтаела за филмска кариера, а непосредно пред нејзината трагична смрт во сообраќајна несреќа во Париз се обидувала да учествува во продолжение на филмот „The Bodyguard“ (Телохранителот)
Принцезата од Велс Дајана, мечтаела за филмска кариера, а непосредно пред нејзината трагична смрт во сообраќајна несреќа во Париз се обидувала да учествува во продолжение на филмот „The Bodyguard“ (Телохранителот), пишува во средата Daily Telegraph, повикувајќи се на актерот Кевин Костнер, кој играше во оригиналниот филм од 1992 година.
„Ние со Дајана разговарамве за ‘Телохранителот – 2′. Јас кажав дека сум подготвен да се грижам за неа, исто како што се грижев за Витни (Хјустон – з.р.)“, ги цитира весникот зборовите на Кевин Костнер.
Протагонист на главната хеорина во првиот филм беше Витни Хјустон, којашто филмот ја претвори од поп-ѕвезда во ѕвезда на екраните.
„Таа сакаше јас да го напишам сценариото специјално за неа. Одговроив: ‘Јас ќе ви го дадам, доколку тоа ве итнересира’, а таа потврди – ‘да, заинтересирана сум’“, вели актерот.Според Костнер, неговиот херој, тајниот агент кој станува телохранител, според сценариото требало да ја заштитува принцезата од опсесивни обожувачи и уште повеќе од нападните папараци, и на крајот меѓу нив, исто како и во првиот филм, требало да се развие љубовна приказна. Сценариото било завршено на 31-ви август 1997 година, на денот на смртта на Дијана.
Првично, сценариото за „Телохранител“ било напишано за Стив Меквин и Дијана Рос во 1970-те години, но проектот бил завршен дури откако за него се заинтересирал Костнер, кој потоа не само што го толкуваше главниот машки лик, туку беше и продуцент на филмот. Тој, исто така, инсистирал во филмот да пее Витни Хјустон. Како резултат на тоа, нејзината песна „I Will Always Love You“ од филмот стана една од најпопуларните композиции во светот.
Минатата година имаше потврда на информациите дека студиото Warner Bros подоготвува продолжение на „Телохранителот“, во коешто ветеран од војната во Ирак е ангажиран да се грижи за безбедноста на актерка од опсесивен обожувач која ја следи и вознемирува преку социјалните мрежи. Поконкретни информации за филмот досега нема.
Во меѓувреме, есенва во Лондон ќе се одржи премиерата на мјузиклот „The Bodyguard“. Главниот женски лик ќе го толкува лауреатката на повеќе награди „Тони“ и „Греми“, пејачката и актерка Хедер Хедли, а кој ќе го толкува машкиот лик – нејзиниот заштитник, засега не се открива./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Eден од омилените сараевски бендови се враќа на сцената по петгодишна пауза
На сцената се враќа легендарниот сараевски бенд „Плави оркестар“, омилениот бенд на некои луѓе во регионот. Бендот првпат по пет години ќе настапи на 6 јули во Славонски Брод, на 3 август во Опатија, на 24 август во Сплит и на 1 септември во Врсар.
Кариерата на бендот ја одбележаа големите хитови, како што се песните „Суада“, „Каја“, „Подобро пијан отколку стар“, „Сава тихо тече“, чија популарност и присуство постои со години.
Бендот беше основан во Сараево во 1983 година како дел од движењето „Нови примитивци“, во кое беа вклучени и „Забрането пушење“, Елвис Ј. Куртовиќ и некои други музичари од Сараево. Критичарите го сметаат бендот за еден од најголемите културни феномени во осумдесеттите и деведесетите, близок и на постарите и на помладите генерации слушатели.
Издадоа 8 албуми, кои се продадени во над 5 милиони примероци, а неколкупати го обиколија светот со вкупно повеќе од 1.500 концерти.
Забава
Големото враќање на Селин Дион: „Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи“
Помина повеќе од една година откако Селин откри дека боледува од синдром на вкочанетост, ретко невролошко нарушување, кое може да предизвика грчеви во мускулите и губење на подвижноста. А сега во интервју за „Вог“, Дион, меѓу другото, проговори и за својата болест и рече дека живее ден за ден.
Како уметник што настапува пред светската публика од својата 13-та година, Дион рече дека ѝ било тешко да се помири со дијагнозата.
„Како што гледам, имам два избора, или да тренирам како спортист и да се снајдам одлично или да се исклучам и готово, да останам дома, да си ги слушам песните, да застанам пред огледало и да си пеам“, изјави пејачката.
Канадската уметница откри дека пет дена во неделата оди на атлетска, физичка и вокална терапија.
„Работам на прстите, колената, листовите, прстите, пеењето, гласот… Морам да научам да живеам со тоа сега и да престанам да се преиспитувам себеси“.
Селин за „Вог“ признала и колку ѝ било тешко кога ја добила дијагнозата.
„На почетокот се запрашав: ‘Зошто јас? Како се случи ова? Што направив? Дали е моја вина?’ ‘Животот не ти дава одговори. Тоа е сѐ што ви треба за да живеете. Ја имам оваа болест од непозната причина’“, рече таа и додаде дека „има сила во себе и знае дека ништо нема да ја спречи“.
Забава
(Видео) Џорџина и Роналдо објавија видео од плажа, им се допадна на три милиони луѓе
Џорџина Родригез на „Инстаграм“ објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо ставајќи крај на шпекулациите за проблеми во врската.
View this post on Instagram
„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото на кое се шетаат на плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.
Роналдо на својот „Инстаграм“ сподели и фотографии од одморот, каде што покажа како се забавуваат и напиша: „Среќа“.