Забава
Отворен 65-от Кански филмски фестивал
Со светската премиера на американскиот филм „Moonrise Kingdom“ на режисерот Вес Андерсон, во средата навечер беше отворено 65-то издание на филмскиот фестивал во Кан.
Филмот на Андерсон кој е романтична приказна сместена во шеесетите години на минатиот век, најавува невообичаено голем број американски филмови: „Killing Them Softly“ на Ендрју Доминик, „Mud“ на Џеф Николас, „The Paperboy“ на Ли Даниелс, „Lawless“ на Џон Хилкот и „On the Road“ на Волтерс Салерс, кои се во конкуренција за престижната награда „Залтна палма“. За наградите во Кан ќе се борат и филмовите „Amour“ на австралискиот режисер Мајкл Ханек, „Cosmopolis“ на Канаѓанецот Дејвид Кроненберг, британската комедија „The Angels Share“ на Кен Лох, корејската драма „The Taste of Money“ на режисерот Им Санг-со, како и филмовите „In Another Country“ на Хонг Санг-со, односно романскиот филм „Beyond the Hills“ на режисерот Кристијан Мангуи. Филмовите кои конкурираат за награди се преполни со актерски звезди, кои ќе се појават во Кан: Бред Пит, Зак Ефрон. Ши Лебеф, Џесика Шастен, Роберт Патисон, Кристен Стјуарт, Едвард Норотн, Брус Вилис, Били Мареј, Френк Мекдоналд, Тилда Свинтон, Изабел Хуперт и други. Во конкуренција на краткометражен филм во трка по наградата се десет филма, избрани како најдобри меѓу 4.500 пријавени, а за прв пат во оваа конкуренција има режисери од Сирија и Порторико. Вон конкуренција во Кан ќе бидат прикажани филмовите „Me and you“ на легендарниот Бернардо Бертолучи, потоа „Hemingway & Gellhorn“ на Филип Кауфман и „Therese Desqueyroux“ на Клод Милер, кој почина изминатиот месец. Главната улога во овој филм ја толкува Одри Тату, а филмот ја доби честа да го затвори фестивалот на 27. мај. Педесет години по смртта, Кан и оддава почит на Мерилин Монро, која е избрана за заштитно лице на годинешното издание на фестивалот. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Во новата сезона на „Симпсонови“ убиен еден од важните ликови од серијата
Серијата „Симпсонови“, која со голем успех се емитува повеќе од триесет години, во новата епизода остана без еден од своите постојани ликови, Лери – редовен гостин во Moe’s Tavern, а Хомер, Мо, Лени и Карл присуствуваа на неговиот погреб.
Тие сфаќаат дека знаеле многу малку за нивното познанство, а Хомер се прашува дали тие можеби се „ужасни луѓе“, особено откога мајката на Лери ги нарекува негови „најдобри пријатели“.
Потоа четворката од таверната има задача да ја однесе пепелта на Лери.
Иако беше тивок лик, кој немаше централна улога во серијата, Лери е редовен гостин во Moe’s Tavern уште од првите епизоди во 1989 година, што ја прави неговата смрт значајна за многу фанови на „Симпсонови“, пишува NME.
Инаку, ова е 35-та сезона на „Симпсонови“, а потврдено е дека ќе се снима и следната.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.